Источниот дел на Македонија изобилува со неоткриени, непознати или пак заборавени места и локалитети. Еден од нив е и Пониква – круната на Осоговските Планини. Некогашното најпознато место за настава во природа и ски часови сега чека повторно да го врати својот познат сјај.

Пониква е врв во југозападниот дел на Осоговските Планини, висок 1614 m. Врвот и овој дел од планинското било се доста заоблени и со убав панорамски видик. Осоговски Планини се најголемиот и највисокиот планински масив во Источниот плански регион и во целиот источен дел на Република Македонија. На Пониква се наоѓа туристичкиот центар Пониква, до кој се стигнува по добро означен асфалтен пат од Кочани.

  • DSC 0248
  • DSC 0259
  • DSC 0262
  • DSC 0264
  • DSC 0267
  • DSC 0281
  • DSC 0284
  • DSC 0289
  • DSC 0290
  • DSC 0303
  • DSC 0327
  • DSC 0343
  • DSC 0360
  • DSC 0248
  • DSC 0259
  • DSC 0262
  • DSC 0264
  • DSC 0267
  • DSC 0281
  • DSC 0284
  • DSC 0289
  • DSC 0290
  • DSC 0303
  • DSC 0327
  • DSC 0343
  • DSC 0360

Низ Пониква има многу извори, потоци и густи шумски комплекси. Пониква уште во средината на минатиот век израснува во зимско-туристички центар.

Денес, Пониква функционира на многу пониско ниво и целиот развој на овој центар се должи повеќе на приватни иницијативи отколку на некој организиран проект.

Во последните години Пониква масовно се урбанизира со нови угостителски објекти: хотели, пансиони и ресторани. Иако ваквите чекори се потребни за привлекување на посетители, сепак изгледот на центар дава слика на мало безредие. Тоа најверојатно се должи на слабата комуникација и не организација на двете општини; Кочани и Пробиштип што административно го делат центарот.

Овој центар функционира во две сезони: зимска во која работи и ски центарот Пониква кој е еден од 34-те зимски туристички центри во просторниот план на Република Македонија и летна, кога многу посетители доаѓаат горе поради пријатната клима и големиот број на планинарски и велосипедски патеки.

Од пред една година, на самиот влез на Пониква се отвори и Туристичкиот информативен центар кој „Пониква“ кој има регионален карактер, бидејќи туристите кои доаѓаат на Пониква ќе имаат можност да добијат информации како за туристичката понуда на Осогово, така и за туристичката понуда во Источниот плански регион. Посетителите на овој туристички информативен центар имаат можност на интерактивен начин да се запознаат со туристичката понуда, да одржуваат предавања на отворено, да одржуваат состаноци, работилници и други настани во салата која е специјално подготвена за таа намена.

Пониква има огромен туристички, но и едукативен капацитет. Шумите, панорамите и поставените патеки нудат можност за рекреација, но и едукација за значењето на ваквите предели за животната средина. Но, за да се постигне оваа цел потребна е голема поддршка од локалната власт како директни организатори, но и како актери со најголема придобивка од центарот. За  сега Пониква останува да чека подобра организација и поголема посетеност.

Литература:

http://www.bregalnica-ncp.mk/2018/09/29/turisticki-informativen-centar-ponikva/

http://bregalnica-ncp.mk/wp-content/uploads/2016/07/Studija_Turizam_vo_IPR_MK-1.pdf