Лековитото растение линцура (Gentiana punctata) се наоѓа на листата на национално загрозени видови, токму поради прекумерно собирање.

Забрзаниот развој на општеството и (не)правилното и (не)одржливото искористување на природните ресурси се голем предизвик за опстанокот на екосистемите на планетата Земја. Под притисок климатските промени, искористување на дрвната маса за градби и греење како и катастрофите предизвикани од човекот ( пред се шумските пожари ), човекот довел до загрозеност и до раб на исчезнување голем број на растителни и животински видови. Со цел заштита на глобалниот еколошки систем како и на целиот жив и нежив свет, сите институции, организации и поединци спроведуваат активности за заштита и конзервација на природата и растителниет и животински видови.

Крајот на летната сезона во Охрид го означи и прекинот на брмчењето на моторите од скутерите, глисерите, чамците и другите пловни објекти, кои ја параа мирната шир на Охридското Езеро. За разлика од капачите, кои ќе му се вратат на езерото дури наредната сезона, дел од бродовите и чамците за туристичко возење низ езерото ќе бидат присутни и во текот на зимата задоволувајќи ги апетитите на љубопитните туристи кои сакаат и од вода да уживаат во убавините на нашето најголемо богатство.

Доколку сакате да се занимавате со рекреативен риболов секогаш почитувајте ги правилата за спорстки и оддржлив риболов.

Секојдневно сме сведоци на сеча на возрасни стебла низ градските паркови, дрвореди и зелени површини. Често причината за нивната сеча е наводната болест на стеблото или опасноста што ја предизвикува. Еве неколку карактеристики на болно дрво кои ќе ви помогнат да препознаете дали дрвото е опасно и дали треба да се пресече.

Националните паркови се едни од најпосетените места во државата посебно во летните месеци. Во август ги прашавме граѓаните дали посетителите ги почитуваат правилата за однесување при посета на националните паркови. Повеќе од половина (66.6%) од испитаниците сметаат дека не се почитуваат правилата, а 16% сметаат дека посетителите внимаваат при посетата. Со се поголемата популаризација на планинските спортови, бројот на посетители видно се зголемува, а со тоа парковите се изложени на поголем притисок. Затоа секој посетител мора строго да се придружува кон упатствата за однесување дадени од управите на парковите.

Надлежните институции во нашата земја и воопшто македонските граѓани можат многу да научат од соседна Бугарија кога е во прашање заштитата на природните богатства и обврските што ги носи евроинтегративниот процес во однос на оваа проблематика.

Стотина куќи никнале крај реката Бабуна близу Велес, во предел кој е заштитен како локалитет со карактеристичен пејзаж. Државата е немоќна да се справи со овие дивоградби, оти донела закони кои се противречни. Општините ги чуваат во фиока барањата за легализација, чекајќи измени на законите. Екологистите решението го гледаат во прогласување национални паркови, секаде каде што има шума или ретка природа.

Загадувањето на воздухот преку индустријата и прекумерното користење на природните ресурси се едни од најголемите причини за деградација на животната средина.

air web

Пластиката секоја година убива милиони животни – од птици и риби до други морски организми. Од неа се засегнати речиси 700 видови, вклучувајќи ги тука и загрозените видови. Речиси секој вид на крајбрежни птици јаде пластика.

plastika web

На две локации во кругот на фабриката ОХИС во Скопје неправилно се депонирани големи количества опасни нуспродукти од процесот на производство на линданот во периодот од 1964 до 1977.

Загадувањето на крајбрежјето со смет не само што го загрозува животот во морињата и езерата, туку ја загадува крајбрежната вода која најмногу се користиња за капање.

Несекојдневна слика од сплотени стотина лица од различни генерации затече камерата на #Дома која деновиве беше под падините на планината Огражден за да се увери како се одвива граѓанската борба против отворањето на рудниците за злато и бакар Иловица-Штука. Од рани зори па до самрак, во најголемата јулска жега овие луѓе со жив штит го чуваа патот до локацијата предвидена за отворање на рударските окна. Нивната истрајност и заедништво вроди со плод - Владата не ѝ дозволи на компанијата „Еуромакс“ да експлоатира руда на локацијата.

Бизнис интерерси ги спречуваат институциите да реагираат и да ја санкционираат нелегалната урбанизација на Охрид и охридското крајбрежје.

Заштитата на животната средина и градење со минимално влијание врз природата треба да се главни приоритети при изградба на патиштата.

Најавените мали хидроцентрали во Македонија ќе се уништат повеќе екосистеми отколку што ќе се помогнат во енергетската независност на државата.

Како резултат на агресивната урбанизација, во Скопје има само 12 метри квадратни зеленило по жител што е далеку под европскиот просек од 25 метри квадратни.

Владата ќе побара од УНЕСКО дополнително време до февруари наредната година за да ги исполни сите препораки и обврски за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство на Охридскиот регион. Ова во интервју за Дома го вели Едмонд Адеми, шеф на владината делегација која ќе присуствува на сесијата на УНЕСКО од наредната недела во Баку, Азербејџан.

Територија од околу 1.000 хектари на планината Огражден каде се планира отворање на рудникот Иловица-Штука уште во 2003 година била прогласена за подрачје од посебно значење бидеќи таму се размножуваат ретки видови пеперутки какви што се крупно дамчестиот синец и аполоновата пеперутка. Еколози предупредуваат дека отворањето на рудниците може да го загрози опстанокот на овие видови, вклучувајќи го и на поточниот рак и лилјаците што живеат во ова подрачје.

На повеќе места низ Шар Планина се создаваат диви депонии, а реките безмилосно се исцрпуваат од неконтролираното градење на хидроцентрали. Планинскиот гребен на Попова Шапка, пак, е окупиран од куќи, викендици, хотели и ресторани.

Дивите пчели се главни опрашувачи во природата и имаат многу поголема улога од медосната пчела.

Каменоломот во Велес доби дозвола за работа од државата и покрај тоа се наоѓа во близина на домовите на велешани. Екологистите и надлежните во општина Велес се изненадени од доделувањето на дозволата бидејќи освен облаците прашина, бучавата и детонациите, честите минирања ја загрозуваат работата на филтерната станица низ која минува водата за пиење во Велес.

Големиот број на петиции, барања за состаноци, иницијативи и протести не успеаја да го сопрат градењето на гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар низ парк шумата Водно и околните падини. Веќе речиси година во градежните активности и гасоводот го добива својот изглед особено низ делот на Водно. Без разлика што инвеститорите и Владата тврдеа дека новата траса е намалена и стеснета, сепак на терен веќе се видливи трајните промени што овој објект непотребно ги нанесе на оваа скопска планина.

Скопска Црна Гора е планински масив кој географски е најблизок на градот Скопје и се наоѓа на самиот раб од Скопската Котлина. И покрај тоа што, е блиску до Скопје сепак е релативно непознат и послабо посетен од туристите и љубителите на планинарските спортови. Скопска Црна Гора е средно висока планина, која се протега помеѓу Кумановската котлина на исток, Скопската котлина на југ и реката Лепенец на запад. На север, помал дел од неа продолжува кон Косово и кон Србија. Планината е карактеристична по долгите планински била и ограноци, заоблени и делумно каменливи врвови со повеќе длабоки долини помеѓу нив. Највисок врв на Скопска Црна Гора е Рамно со 1651 м височина.

Последните децении речниот еко систем е под постојан притисок од комунални и индустриски води, цврт отпад и други хемиски супстанци кои тешко се разградуваат, се таложат и се акумулираат во живите организми.

Општината Кичево планирала да изгради депонија во близина на изворот на Црна Река, во селото Железнец, што сериозно би ја загадила реката.

Во источниот регион се планирани 41 мала електрана. Но откако се изградија првите хидроелектрани, истражувањата од лани покажуваат дека поточниот рак веќе го нема во овој дел.

Македонските пејсажи се незаштитено природно богатство иако нивна заштита налагаат  европските конвенции и практикуваат многу земји во светот. Најнов пример на узурпација на јавен простор од приватниот интерес, а поттикнат од политичките елити на локално и централно ниво е околината на езерото Козјак, локација која поради убавите пејсажи и незагадената природа во изминативе години стана едно од омилените излетнички места во Скопје.

Љубителите на скијањето ќе можеа и во текот на април да уживаат во овој спорт на планината Кожуф доколку функционираше патот до истоимениот ски-центар кој почна да се гради уште во 2009 година и за кој државата потроши 9 милиони евра.

Лошото градење на Водно предизвикува ерозија на земјиштето кое при поројни дождови и други природни непогоди може да ги затрупа населбите под планината, предупредуваат експертите.

Најмногу шумски површини на Водно исчезнале во периодот од 2002 до 2007 година главно поради пожари, неуспешни насади и концесии на земјиштето, покажува картографската анализа на Институтот за комуникациски студии, за која беа користени историски мапи од 1890 до 2018 година.

Се поголемата урбанизација, најавите за нови мега проекти и развојот на индустријата оставаат впечаток дека во Македонија животната средина и одржливиот развој не се приоритет. Во март ги прашавме граѓаните дали се согласуваат со изјаватa „Во Македонија се води повеќе грижа за профит отколку за заштита на животната средина“. Дури 99% од испитаниците се согласуваат, а само 0,85 не се согласуваат со оваа изјава. Ваквиот став на граѓаните треба да се земе предвид при планирањето на нови проекти и градежни потфати.

Бранко Прља

Во Македонија сме соочени со макропроблемот на несистематско селектирање и нерегулирано рециклирање, така што микропластиката ни се чини како безначаен проблем, но што порано почнеме да размислуваме за ситните нешта, полесно ќе стигнеме до крупните.

Махмуд Мохиелдин (Mahmoud Mohieldin), Самех Вахба (Sameh Wahba) и Силпа Каза (Silpa Kaza)

Секоја година, светот генерира 242 милиони тони пластика, која претставува дури 90 отсто од отпадот што се наоѓа во океаните. Со тоа се оштетува морскиот екосистем, а пластиката на крај повторно завршува во нашите тела.

Македонија  е земја со богата хидрографска мрежа, но во последните неколку децении сведоци сме на намалување на водотеците и загадување на реките и природните езера. Освен ова, користењето на водата како ресурс е неразумно и неодржливо. Многу често водата за пиење се користи и како техничка вода. Во јануари ги прашавме граѓаните дали сметаат дека Македонија доволно води грижа за своите водни богатства. Дури 94% од прашаните сметаат дека не се води доволно грижа за водата, 4,5% одговориле дека не знаат, а само 1,3% одговориле да се внимава на водата.

Најголемиот загадувач на воздухот и почвата во Македонија се токму термоелектраните кои согоруваат огромни количества на фосилни горива.

Ако се качите над Скопје ќе го видите сивиот слој од чад и магла. Преку него тешко може да се препознае градот и да се види како тој живее во зима.

Во лабораторија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип може да се дефинира изворот на загадувачките честички во воздухот и какво е нивното влијанието врз човекот. Врз основа на овие податоци, можат лесно да се определат соодветни мерки за заштита, велат професорите.

Ќе успее ли Владата да ја симне Македонија од листата на најзагадени држави во светот со Планот за чист воздух? Интервју со заменикот министер за животна средина Јани Макрадули. Разговараме за тоа како Владата ќе ги стимулира граѓаните да користат поеколошки начини на затоплување и како да се откажат од возилата или да ги заменат со понови, дали се толерира загадувањето од големите индустриски капацитети и дали Министерството за животна средина би поддржало целосен мораториум за градење.

Граѓаните на Скопје, Тетово, Велес, Куманово, Струмица и Битола делат иста судбина -  речиси секојдневно дишат отровен воздух и се жртви на лажните предизборни пароли на актуелните градоначалници кои без исклучок ветуваа чист воздух и здрава животна средина.

Секое населено место во струмичко има барем по една дива депонија. Во тоа се увери нашата екипа која на терен „улови“ различни видови отпад фрлени веднаш до полињата на кои се одгледуваат земјоделски култури. Агрономи укажуваат дека дивите депонии ја загадуваат почвата и штетно влијаат врз земјоделското производство.

Зеленчук збогатен со олово и кадмиум над дозволените граници секојдневно завршува на трпезите во Велес, а некои земјоделски култури како што е младиот кромид се извезува надвор од земјата. Ваквата состојба е резултат на долгогодишното загадување на воздухот и почвата од велешката топилница.

Загадениот воздух е главен и најголем проблем со животната средина во Македонија. Владата и локалните самоуправи тврдат дека превземаат се што можат да го намалат загадувањето. Кон крајот на годината се објави и државниот „План за чист воздух“. Во декември ги прашавме граѓаните дали се задоволни со мерките кои се превземаат против загадениот воздух.

Дури 62% од домаќинствата се греат на дрво, половината од регистрираните возила (околу 220 илјади) немаат катализатори за издувни гасови и испуштаат високоштетни материи, а токму државните компании во енергетиката и металургијата - РЕК Битола, РЕК Осломеј и Југохром, не поседуваат интегрирани еколошки дозволи.

Радикални проблеми бараат радикални решенија. Веројатно политичарите не ги сакаат овие мерки зашто не се популистички и веројатно им губат гласови, но радикалните проблеми не може да се решаваат со шминка, велат екологистите од Тетово за загадувањето во градот.

Досега, за 10 години, никој не се потруди да одговори или да ги истражува последиците од загадувањето со воздухот, велат докторите.

Во доцно есенските денови над полињата и нивите низ Македонија се забележуваат завеси од чад кој ја замаглуваат атмосферата. Ова е дел од традиционалното сезонско палење на нивите и нивно припремање за сеидба и за новата сезона. Со овој процес, земјоделците ја захрануваат почвата и ги чистат полињата од штетници.

Јавноста постојано се жали на миризбата и чадот што доаѓаат од локалните и градските депонии. Се повеќе е очигледна потребата од модерни регионални депонии во Македонија.  Во ноември ги прашавме граѓаните дали знаат каде завршува нивниот отпад. Изненадувачки половина од испитаниците одговориле дека знаат, а половина дека не знаат каде завршува нивниот отпад. Во меѓувреме се зголемува бројот на диви депонии насекаде низ државата.

Југослава Дуковска

Владата се обидува со паушални мерки во наредниве две години да ја решава катастрофалната состојба во која се наоѓаат македонските градови, пред се`, Скопје, во кој живее третина од популацијата во државата, но и Тетово, повеќекратен европски и светски рекордер со повеќедневни енормни концентрации на отровни состојки во воздухот, и другите, не помалку затруени македонски градови!

Македонија не може да се пофали со многу нови и модерни автопатишта, но дури и оние кои ги имаме наликуваат на ленти за отпадоци во големи депонии. Поради некултурата на возачите и недостигот од свест за потребата да се заштити животната средина нема автопат во земјава или патарина покрај кои нема купишта отпадоци. Институционалната негрижа односно повремените акции за чистење не помагаат да се смени оваа грда слика.

Најмалку 500 илјади кубни метри дрва годишно се набавуваат незаконски, проценува деканот на Шумарскиот факултет во Скопје, Кирил Сотировски. Според него, од дивата сеча се заработува над 25 милиони евра годишно, или во изминатите 20 години, овој нелегален бизнис вредел речиси две милијарди евра.

Дрвокрадците на Скопска Црна Гора ништат се` пред себе. Битно им е да заработат од бесправната сеча, дури и по цена да одземат живот, сведочат четворицата шумочувари кои признаваат дека немаат моќ да ги сречат организираните дрвокрадци.

Околу 35,2 илјади хектари шума се загубени во Македонија во изминатите 17 години поради бесправна сеча и прекумерно планско сечење, покажуваат податоците на „Глобал форест воч“. И покрај тоа, за изградбата на гасоводот на Водно треба да се исечат речиси 8 илјади стебла - плански насади стари и по 50 години, а почвата ќе биде соголена, предупредуваат екологистите.

Југослава Дуковска

Дали на олтарот на развојот (читај: профитот) ќе биде жртвуван цел еден регион и неговите потенцијали за производство на храна, додека државата неуверливо ќе го убедува локалното население дека рудниците нема да му го уништат животот?

Во Скопје се' уште се сечат дрвја. Еколошката состојба на градот и сечата на дрвја е една од најголемите грижи на граѓаните на Скопје во последните години. Иако во неколку наврати беше најавен мораториум на сечата – речиси не постои месец во кој низ Скопје не се исекле, стари, возрасни развиени дрвја.

Со цел да се спречи палењето, на земјоделците и фармерите мора да им се понуди модерен систем за колекционирање и третман на отпад со што би се намалил бројот на мини депонии и опасноста од пожар.

Стружани бараат да се спречи депонирање смет на струшката депонија која е на само 500 метри од првото населено место и на еден километар од Охридското Езеро. Велат дека безбедна локација за изградба на регионална депонија е Дебрца, но дебрани едногласно се спротивставија на референдум против изградбата на центар за управување со отпад во нивната општина.

Во Македонија годишно се прави околу 700 илјади тони отпад, односно секој човек по околу 350 килограми годишно. Деведесет проценти од ѓубрето завршува на дивите депонии, за кои се проценува дека ги има околу илјада во целата држава.

Во последните денови, скопјани активно споделуваат видео снимки и фотографии од змии снимени во централното градско подрачје, низ скопските населби и во близина на Градскиот парк во Скопје. Појавата на змии во урбаните средини може директно да се поврзе со нехигиената во градот.

Селото Казандол e одалечено 7 километри јужно од градот Валандово, во областа Бојмија на надморска висина од 500 метри. Селото има умерена пријатна планинска клима невообичаена за жешкото југоисточно поднебје на Македонија.

Југослава Дуковска

„За жал на сите нас, Водно не е заштитено подрачје!“, креваше раменици Макрадули од говорницата на јавната дебата модерирана од неговиот сопартиец Шилегов. Епа, добар ден, заменик-министре за животна средина. Што ли беше во описот на Вашето работно место ако не заштита токму на природни подрачја кои се од посебно значење, а такво значење му било признато на Водно уште во 1970 година, кога беше завршен гигантскиот и макотрпен зафат за негово пошумување и беше прогласено за парк-шума.

Граѓани на кои им е преку глава од валкани улици и расфрлан отпад, ги зедоа метлите во свои раце. Секој викенд на Фејсбук групата Не биди ѓубре се најавува локацијата за чистење низ Скопје. Досега се чистеше во дворот на Клинички центар, платото пред Универзална сала, кај Соборниот храм и уште неколку локации. Иницијаторката на оваа група, актерката Ирена Ристиќ вели дека агендата за септември е направена.

Топењето на варовник за добивање вар во варџилници е занает кој постои во Македонија со векови. Во старите, од камен ѕидани печки се ложи оган кој достигнува над 1000 целзиусови степени - услов да се оствари физичко-хемиската трансформација од варовник во вар.

Дивите депонии се еден од најголемите еколошки и комунални проблеми во Македонија. Во Македонија има 54 комунални и стотици диви депонии кои се со висок ризик за животната средина. Посебен проблем се малите диви депонии што се наоѓаат околу викенд населбите во близина на поголемите градови. Најчесто овие населби немаат регулиран комунален третман на отпадот, па несовесните граѓани го фрлаат отпадот во дупки, долови и во близина на регионалните и локалните патни правци.

Дали измените во Законот за минерални суровини, според кој се предвидува исфрлање од употреба на цијанид и сулфурна киселина при рударските процеси, ќе влеат малку надеж кај валандовчани дека можеби ќе се стопира работата на рудникот Казандол. Валандовчани се плашат дека со отворање на рудникот, Валандово ќе го изгуби брендот на еколошки град, а тие ќе го изгубат пазарот за нивните земјоделски производи. За ова било разговарано и со премиерот Заев да се најдат правни норми за да се затвори прашањето. Од најплодната валандовска котлина, во ResPublica видео подкаст разговараме со проф. д-р Борис Таневски, биолог и агорхемичар, екологисти од локалните иницијативи и градоначалникот на Валандово, Перо Костадиновски.

Татјана Чакулев

Наместо да се чека два дена по ред РМ10 да се качат над 200 микрограми на метар кубен, мерките против загадувањето треба да се активираат еден ден пред да се очекуваат така високи вредности.

Во Карпош и Аеродром, исто како и во другите скопски општини, со години има пространи диви депонии, затрупани со шут и ѓубре на кои анонимни луѓе горат најразличен нелегален и опасен отпад и кои придонесуваат за загадување на воздухот во Скопје. Исто така, мини депонии на кои се расфрлани материјали од непознато потекло се и круговите на индустриските зони, без разлика дали се активни или напуштени, како на пример кај поранешна „Стакларница“ во Кисела Вода. Ѓубрето се фрла и покрај скопските реки, под мостовите, насекаде.

Во Македонија има три основни столба кои ќе помогнат да се намали загадувањето - намалување на потрошувачката на електрична енергија, користење обновливи извори на енергија и гасификација. Со мерките за енергетска ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија, до 2035 година може да се намали загадување кое е еднакво на денешното загадување од РЕК Битола. Дел од приоритетните мерки кои треба да се применат се субвенции за греење кое не загадува, домаќинствата да вградуваат сончеви колектори за производство на струја, проширување на топлификацискиот систем, промена на сообраќајниот режим во Скопје, автобуси на електричен погон и забрана за градежни активности кога загадувањето надминува одредена граница. ResPublica видео подкаст со професорот Константин Димитров од Центарот за енергетска ефикасност и Соња Ристеска од Аналитика тинк тенк.

Отворањето на рудници во југоисточна Македонија воопшто не е оправдано зашто ќе бидат темпирани еколошки бомби. Од другата страна на државата, Шара треба да се прогласи за национален парк заради нелегалното сечење дрвја и лов на дивеч и неконтролираното пробивање патишта и градење куќи и хотели. Новата влада треба да води т.н. зелена економија, која ќе овоможи приходите од искористувањето на природните ресурси да ја унапредуваат животната средина, а не да профитираат само мал број луѓе. За еколошките приоритети во државата, во ResPublica видео подкаст зборуваат Антонио Јованоски од еколошкото-младинско здружение „Гоу Грин“ и биологот Кирил Арсовски.

Илјада депонии. Педесетина општински, но без дозволи за работа.                        

Ефектите од загадувањето почнуваат да се одразуваат и врз езерата, кои што претставуваат едни од најголемите природни богатства на Македонија. Дали надлежните институции соодветно постапуваат и се грижат за заштита на езерските води? Колекторскиот систем на Охридското езеро е најголемиот и најзначајниот во западна Македонија, а работи со половина капацитет.

Само неколку општини имаат капацитет да ги спроведат регулативите за Б-интегрирани еколошки дозволи. На терен владее вистински хаос. Нема координираност меѓу централната и локалната власт. Една иста парцела добива дозвола и за куќа и за фабрика.

Александар Самарџиев

Дали луѓето кои ја уништуваат природната околина ги прифаќаат информациите дека последиците ќе ги почувствуваат и самите? Ако не се плашат дека тоа ќе влијае врз нивното здравје, се плашат ли од законските санкции, како парични казни, па дури и затвор. Како мисли и како постапува еден поединец, зависи каква личност оформил уште од детството, а за подобри морални вредности кога се оформува младата личност придонес може да даде изучувањето на етиката.

Гоце Трпковски

Дебатата за загадениот воздух се сведува на безначајна размена на соопштенија меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои засебно можеби личат на заокружени смисловни целини, но во поширокиот контекст се само обични, дури и евтини логички замки, особено кога владејачката партија драматично изразува загриженост за загаденоста на Куманово.

Годишно губиме до 1.200 смртни случаи заради последиците од загадениот воздух. Со тоа, аерозагадувањето е најчестата еколошка причина за смртност кај населението. Ако не се почне со преземање сериозни мерки против загаденоста, луѓето многу помлади ќе заболуваат хронично од белодробни, срцеви и мозочни болести, а животниот век ќе се скрати за најмалку 4 години.

Кирил Пржо

Информациите за загадувањето на воздухот во Македонија, нас, граѓаните, не доведуваат во состојба како кога имаш камче во чевелот што ти пречи, но не знаеш колкаво е, од каде е, колку време ти е во чевелот и како ќе влијае врз твоето здравје. Никој во Македонија не знае точно колку е загаден воздухот бидејќи податоците кои се достапни во државава се непрецизни и не може да ги сметаме како вистинити.

м-р Анета Шијакова

Повеќето општини во Македонија изготвија локални еколошки акциски планови, но константната загаденост на воздухот укажува дека недостигаат стратегиски и долгорочни решенија. Непреземањето на енергични мерки за ваков сериозен проблем не смее да се толерира, особено што во државата има експерти со релевантни предлози од оваа област. Истовремено, Македонија не е првата држава во светот која се соочува со загадување на воздухот и треба да ги искористи добрите практики од други земји за да се справи со овој проблем.