fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
bor2

Боров четник – најголемиот природен непријател на шумските стопанства

Некаде од средината на летото па се до првите студени денови често низ македонските борови шуми, може да забележиме големи бели влакнести ќеси што висат надолу од боровите гранки. Тоа е боровиот четник. Инсект кој претставува најголема опасност за боровите насади кај нас, но и низ земјите на Медитеранот.

bor1

Боровиот  четник (Thaumatopea pitiocampa), е вид на молец кој најчесто ги напаѓа боровите култури. Името го добиле поради карактеристичниот начин на движење на гасениците кои кога одат во крошната за исхрана или во земјата за закуклување, се движат како чета, односно во колона една зад друга, која може да биде долга и неколку метри. Секогаш ги предводи еден челник. Се хранат ноќе, а во гнездото се преслекуваат, оставаат измет и тоа се зголемува, така што може да достигне големина на детска глава.

Јајцата, женките ги положуваат при крајот на јуни и тоа на иглиците. По две недели се  формираат гасениците кои се собираат во групи правејќи гнезда во вид на пајажина на терминалните делови од крошните на стеблата. Од далеку се приметливи бидејќи имаат изглед на бели пластични ќеси кои висат на гранките. Преку ден мируваат, а со брстење почнуваат ноќе. Во гнездата презимуваат. Напролет продолжуваат со брст, а потоа се спуштаат на земја и се преобразуваат во кукли.

bor2

Телото на гасеницата е покриено со долги влакна кои предизвикуваат сериозна иритација кај луѓето. На кожата се јавува потечено и болно чешање. Особено е опасно ако влакната стигнуваат до мукозните мембрани на очите, носот и устата, особено кај лицата со алергии. Колку е поголем бројот на колониите, колку ќе дојде до поголемо уништување на самото растение, или пак цели региони на одредени растителни видови

Распостранет е во медитеранскиот и субмедитеранскиот регион. На Балканот е многу распространет и почесто се сретнува во монокултурни насади на шума. Кај нас често напаѓа борови насади кои имаат антиерозивна улога како насипи, покрај патишта и акумулации.  Според Фитосанитарната служба при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанско, боровиот четник е претставува најголем паразит на боровите шуми. Боровиот четник се јавува во долните региони од 500- 600 м.н.в. додека на повисоки надморски височини има само поединечни дрвја кои се особено погодени и можат да бидат целосно покриени со гнездата.

bor3

Боровиот четник не е нерешлив проблем. Постојат многу фитосанитарни и шумарски методи со кој популацијата на овој паразит може да се регулира. Тие може да бидат од постојан мониторинг на шумата, брзо отстранување на нападните стебла па се до санитетна сеча. Но најважно е да се чува шумата како екосистем, зошто во шумата постојат многу животни кои преставуваат природни предатори и био контролори на четникот. Со постојана грижа за шумските екосистеми се намалува можноста на вакви појави.

Сподели