fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
makedonskiot del od savanata 125d6e6134 6cff 272d b945 a2153a25696 1

Македонскиот дел од саваната

Сува и топла клима, пространи пасишта и ниска вегетација, а на ретките езерца и потоци жедта ја гаснат жирафи и хипариони, додека во хоризонтот се забележува стадо мастодони. На дрвјата се слушаат повици од мајмуните. Вистинска савана. Вака некогаш изгледала територијата на Македонија за време на миоценот пред околу 5.3 милиони години.

На територијата на Македонија се наоѓаат неколку значајни палеонтолошки наоѓалишта на фосили од времето на миоценот или т.н. пикермиска флора и фауна. Според истражувањето за доцно миоценската фауна на Р. Македонија на Спасов и соработниците (2018), на нашата територија за сега се откриени 25 значајни наоѓалишта и се евидентирани околу 57 видови од кои неколку за прв пат во науката или пак за прв пат се најдени тука. Најголемите фосилни депозити од овој период се среќаваат по долината на Вардар, Велешко, Струмичко и во крајниот источен дел на Македонија. Според досегашните истражувања во Македонија се наоѓаат значителни информации за некогашната балкано-иранска зоогеографска провинција.

Палеонтолошките истражувања во Македонија од апсект на миоценот започнале пред повеќе од 100 години и сѐ уште траат. Најзначајна е да се спомне научната работа на др. Ристо Гаревски кој повеќе од половина век активно ја истражувал и публикувал миоценската фауна на Македонија.

Миоценската епоха е дел од неогенот што траел од пред 23 до 2.6 милиони години. По неогенот, следува квартерот односно времето во кое живееме сега.
Територијата на овој дел на Европа, од Балканскиот полуостров, па се до централните делови на денешен Ирак биле дел од големата евро-азиска савана. Континентите сѐ уште биле во формирање и ќе поминале неколку милиони години пред планетата да го добие оној изглед што го знаеме сега со географски одвоени 6 континенти. Миоценскиот период е период исполнет со многу драматични промени. Промени на географијата, климата и вегетација. Во овој период постоела голема вулканска активност и создавање на планини.

Миоценот е најзначаен за палеоприматологијата – односно за еволуцијата и развојот на првите примати – предците на денешните горила, шимпанза и човекот. Значајни фосилни остатоци за овој период може да се најдат во Јужна и Северна Америка, во јужните делови на Европа, во Индија, Монголија, Источна Африка и Пакистан. За овој период се сретнуваат голем број на морски и на сувоземни фосили.  Сепак за Миоценот најзначајни се фосилните остатоци од цицачите. Во овој период се забележува голем развој на цицачите од кои одреден број постојат и сега иако значаен број на видови веќе не се среќаваат денес. Од аспект на вегетацијата во овој период пасиштата се проширувале, а шумите почнувале да стануваат еден од најпродуктивните екосистеми.

Сите палеонтолошки откритија од Македонија се наоѓаат во збирката на Природонаучниот музеј на Македонија каде пред неколку недели се отвори палеонтолошка тематска изложба со наслов 8 MEGA ANNA посветена токму на миоценската фауна на Македонија.

Сподели