За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo

Птичарење (Birdwatching)

Во Македонија птиците се најзастапена група на р’бетници  со околу 330 видови птици. Овој факт ја прави нашата татковина совршено место за птичарење. Но што е птичарење (Birdwatching)?

Набљудување на птици или птичарење е процес на проучување на птиците со голо око преку направа за подобрена видливост, каква што се двогледот, камера или преку слушање на звуците кои ги испуштаат птиците.

Денес, птичарењето е најпопуларно хоби во светот, заедно со планинарењето. Тоа всушност е најпопуларно хоби, надвор од другите спортски активности. Низ светот, птичарењето е една од најразвиените гранки во екотуризмот и активниот туризам.

Птичарењето е хоби преку кое се запознаваме со природата, учиме за животот на птиците и нивната екологија, но и си го подобрување здравјето. Ефектот од набљудувањето на дивината има неверојатен ефект врз ментално здравје.

Во овие денови, кога се повеќе ја разбирам потребата од здравата и чиста живтона средина, сите треба да одвоиме повеќе време за да уживаме во нашето незаменливо природно богатство – птиците и да покажеме поголема грижа за нивно зачувување. Птиците се многу ранливи и не треба многу за да ги  загубиме.

Чести видови птици во Македонија

Видови птици во галеријата

  • Белоглав мршојадец (Gyps fulvus) | Griffon vulture
  • Билбилче (Carduelis carduelis) | European goldfinch
  • Голем корморан (Phalacrocorax carbo) | Great cormorant
  • Голем шарен клукајдрвец (Dendrocopos major) | Great spotted woodpecker
  • Голема сипка (Parus major) | Great tit
  • Долгоопашеста сипка (Aegithalos caudatus) | Long-tailed tit
  • Кадрав пеликан (Pelecanus crispus) | Dalmatian pelican
  • Кукавица (Cuculus canorus) | Common cuckoo
  • Кукумјавка (Athene noctua) | Little owl

Видови птици во галеријата

  • Мал корморан (Microcarbo pygmaeus) | Pygmy cormorant
  • Рибарче (Alcedo atthis) | Eurasian Kingfisher
  • Селска ластовица (Hirundo rustica) | Barn swallow
  • Сива чапја (Ardea cinerea) | Grey heron
  • Славејче (Luscinia megarhynchos) | Nightingale
  • Сојка (Garrulus glandarius) | Eurasian jay
  • Ќос (Turdus merula) | Eurasian blackbird
  • Црвеногушка (Erithacus rubecula) | European robin
  • Цуцулест нуркач (Podiceps cristatus) | Great crested grebe

Автор: Андреј Михајлов – студент по биологија и биофотограф

Сподели
samo-prasaj_gif-3