fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo

Руско Петров – докторот на високите летачи

Имам завршено ветеринарна медицина и сум ветеринарен лекар. Осум години сум извршен управител на спасувачкиот центар за диви животни „Зелен Балкан“. Станав доброволец пред 11 години, а 10 години работам тука. Веќе 21 година безусловно секој ден сум во Спасувачкиот центар.

Пеликанот Грују има стасано тука во 1998 година, а јас дојдов една година потоа. Д-р Горанов од Тракискиот универзитет веќе му имаше направено операција на крилото. Кога бев во ноќна смена пеликанот Грују и кучето Странџа во студените ноќи често спиеја со мене во собата. Се гледаше дека Грују е вљубен во Странџа и постојано ѝ се додворуваше. Тој се чувствуваше како домаќин и ги пречекуваше сите гости во Центарот, но имаше особен афинитет кон часовници и кон џебни фотоапарати. Тој е добродушен, но доколку некој од посетителите стане невнимателен, Грују веќе му го зел фотоапаратот или часовникот. Откако ќе си поиграше еден час, ги исплукуваше. Грују останува жива легенда на Центарот.

Уште како мал сакав да станам ветеринар. Израснав на село кај баба ми и дедо ми кадешто имаше животни. Во нашата фарма за овци одгледувавме 230 овци и додека учев за ветеринарен техничар сакав да ги лекувам и да се грижам за болните животни.

rusko petrov doktorot na visokite letachi galerija2 1

Во моментов хоби ми е искачување врвови. Ги имам искачено највисоките врвови во 23 држави, а се имам искачено и до втората база на Еверест.

Син ми од 2-3 години е постојано покрај мене и сега веќе на 10-годишна возраст е еден од активните доброволци. По училиштето се качува на велосипедот и стасува тука без никој да го носи. Понекогаш доаѓаат и неговите пријатели, но кога ќе им дадам да завршат некоја работа, повеќе не се враќаат.

Задоволството да се погали птица е само 2% од работата која треба да ја завршиш претходно. Мора да се извалкаш за да ја нахраниш птицата, треба да се исчисти кафезот, а тоа на денешните млади им изгледа одвратно. Тешко е и со доброволците – не им се работи.

Во ноќните дежурства тој е до мене и ми инсистира на завидно професионално ниво. Веројатно кога сме заедно, не чувствувам дека ми недостасува семејството. Мојата сопруга целосно ме поддржува и често ми прави друштво, а сега тука го имаме и нашиот 11-месечен син.

Кога имав 16 години одев со автостоп, а потоа пеш до местото за потхранување на мршојадци за работа во дивата природа. За спиење имав само 2 јоргани на грбот од ученичкиот дом во којшто живеев. Сега условите се поинакви – имаме џипови, шатори, пари за службени пат, вреќи за спиење, сè. И кога правиме некој проект не можеме да собереме љубители за негово извршување. За да дојдат да завршат работа најпрво започнуваат со планови за забава.

Многу сум приврзан кон јастребот Мишо со кого работам на рака 7-8 години. Тој ми е како пријател и нашите чувства се заемни. Двајцата одиме во детски градински и во јасли, спокоен сум со него зашто знам дека никогаш не би повредил дете. Мојот син, пак, често работи со Влатко кој е црноопашеста ветрушка, а во Бугарија уште ги нарекуваме и керкнез. Тие се едни од најмалите видови соколи во земјата. Птицата е полесна и е згодна за син ми за работа со деца. Тие се диви животни. Секогаш сакаат да одлетаат, да фатат нешто со канџите, да колвнат, но довербата која ја градиме меѓу човекот и птицата е долга работа, некаде околу 10 години, но донекаде постои дивото во нив. Тешко е, бара многу работа…

Кога ме назначија за управител бевме тим од 3-4 луѓе, во моментов во постојан состав сме 14. Многу го развивме Центарот во последниве 10 години. Во моментов само во оваа база има 300 птици, а вкупно во двете бази се околу 400. Пред многу години, кога јас бев доброволец, се грижевме за 8 птици. Вкупно имаме 14 лекари. Примаме голем број кукумјавки, штркови, чапји, водни птици, поретко мршојадци, орли. Се грижиме за целиот спектар биодиверзитет во земјата, од врапчиња до мршојадци. До овој момент имаме 1.726 пациенти, минатата година сме примиле 1.890.

Меѓу 40 и 60% од птиците успеваме да ги вратиме назад во природата. Оние кои не можеме ги пренасочуваме во 16 зоолошки градини и зоолошки пунктови во Бугарија и во специјализирани центри во Европа. Еден дел оставаме во делот за посетители, додека другиот оди за размножување во Центарот и еден многу мал процент, околу 15-20 птици, ги еутаназираме, тоа се оние на кои не успеваме да им најдеме втор дом.

Денес ќе ослободиме 2 ветрушки, белоопашест јастреб и обичен јастреб. Ветрушките се донесени во Центарот како бебиња-сирачиња, ние ги дадовме на одгледување кај двојки наши инвалиди и откако пораснаа ќе ги ослободиме. Белоопашестиот јастреб исто така дојде кај нас многу млад и чекавме да му израснат сите пердуви.

Работиме на различни проекти за црниот мршојадец, за египетскиот мршојадец, а од оваа година и за белоопашестата ветрушка, како и за ловниот сокол. Дежурам исто така и во итната помош. Постојано давам консултации на ветеринарните лекари во Центарот, како и на сезонските работници. Работам со 150 стажисти, доброволци и практиканти. Раководам со единствениот Спасувачки одред за диви животни во Бугарија, кој е составен од 53 лица.

Спасувачкиот центар бара посветеност. Понекогаш налето работам до 22 часот вечерта. Честиот недостиг од семејството е следната лична жртва, но заложбите и откажувањата заслужуваат.

Орел кликач. Тој е ранет. Куршумот во крилото му скршил две коски и тој ќе остане инвалид до крајот на животот, така што ќе живее со нас.

Налето најчесто се грижам за малите кои паднале од гнездата, за птиците со фрактури на крилата и на нозете, има многу птици кои се изгорени од мрежата за пренос на електрична енергија. И, се разбира, од пукање. Кога ќе почне ловот, независно на каков дивеч, Центарот веднаш се полни. Големите птици капиталци како што се пеликанот, штркот, чапјите, орлите – сè е застрелано. Масовно се стрела и ловокрадството кај нас е масовно. И на последно место, но во огромен број е труењето на птиците. Во Креснеската клисура во 2017 година од 40 мршојадци 32 беа отруени. Така угина речиси целата колонија. Недостатокот на култура, консумеристичкото размислување и беззаконието водат до фрапирачки случаи на суровост кон животните кај нас.

Денес направивме операција на остеосинтеза на голем јастреб. Двете коски на крилото беа скршени. При операцијата внатре ставивме два шрафа кои ќе ги извадиме на 21 ден, зашто кај птиците веќе околу 20 ден се случува целосно зараснување на коските. Претстојат 2 месеци рехабилитација на птицата и потоа повторно враќање назад во природата кадешто ѝ е местото.

Во земјата сме единствениот законски легален Спасувачки центар за дивиз животни. Главно примаме птици, мали цицачи, водоземци и влекачи, желки, верверички, видри, полвови и ежови, игуани. Избегнуваме големи цицачи, со оглед на тоа дека сè уште немаме создадено база за нивна рехабилитација.

rusko petrov doktorot na visokite letachi galerija8 1

Имаме и тешки рехабилитации, кај кои птиците престојуваат кај нас 5-6 месеци, а понекогаш и повеќе. Имаме морски орел на кој му направивме операција на карлицата. Тоа е мошне специфична и тешка операција. Мислам дека на ниту едно друго место нема направено таква операција на карлицата, по која птицата е ослободена. Во моментов оваа птица е на рехабилитација околу една и пол година.

Во природните паркови „Бугарка“ и „Витоша“ ги ослободуваме нашите птици. Таму заедно со колегите имаме изградено волиери (голем и отворен кафез) за летање на птиците. Со сите колеги работиме заедно на спасување на природата и биодиверзитетот во неа.

Според сезоната и бројот на пациенти користиме од 40 до 120 килограми храна на ден. Налето понекогаш имаме над 600 птици. Тие се хранат со месо – коњско и говедско, јагнешко и козјо, бидејќи избегнуваме пилешко и свинско. За оние што јадат житарки имаме потреба од 15 видови зрнеста храна. За птиците на кои им претстои ослободување подготвуваме храна од живата природа.

Во текот на годината во Центарот доаѓаат околу 5.000 деца. Убаво е од мали нозе да имаат правилен однос кон животните. Кога ќе пораснат треба да знаат дека не може да се ловат птици или дека ако дома им влезе лилјак, не треба да се убива зашто тој е корисен. Со птиците со кои работиме на децата им покажуваме какви се повредите и зошто тоа не треба да се прави.

Во денешното образование недостасуваат старите секции. Децата не ги распознаваат животните. Но, недостатокот доаѓа и од семејството. Погубно е кога родителите ги одгледуваат своите деца како во инкубатор, без каков и да е допир со природата. Нема да поверувате, но идни ветеринарни техничари тука за првпат во животот гледаат магаре… Можеби по 10 години ќе аплицираме за европски проекти за да го вратиме магарето како исчезнат вид…

 

Автор на фотографија и текст: Добрин Кашавелов – Бугарија

Сподели