fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
19695b3c 6945 49c3 afdb b5f189df3e4 1

Езерото Водоча – заборавен бисер во Истокот

Во Македонија постојат три природни езера, неколку пештерски и леднички езера и околу 20 тина вештачки езера и акумулации. Овие водни системи, најчесто создавани во 50-тите и 60-тите години од минатиот век, се користеле како резервоари за наводнување, регулирање на водните текови на реките, но и за рекреација.

Езерото Водоча се наоѓа во сливот на реките Водочница и Тркајана на 9 км од Струмица. Оваа акумулација има површина од 1,9 km² и длабочина од 42 метри. Водача е едно од поголемите акумулации во источниот дел на државата заедно со езерата Градче и Мантово. Името го добило по близината на селото Водоча, познато како место кое се спомнува во познатата Брегалничка битка на царот Самоил.

Од локалниот пат што води до Водача и го заобиколува езерето се одделуваат мали макадамски патеки кои водат до самиот брег на езерото. Брегот е обраснат со борова шума и нуди можност за пикник и рекреација. Иако ова езеро не е многу посетувано од туристи, со исклучок на локалното население, сепак, на бреговите може да се забележи големо количество отпадоци и мали депонии со шут, градежен материјал и друг кабаст отпад.

ezeroto vodoca zaboraven biser vo istokot 1Поглед кон езерото од локалниот пат

ezeroto vodoca zaboraven biser vo istokot 2Браната Водоча

ezeroto vodoca zaboraven biser vo istokot 3Езерскиот брег

ezeroto vodoca zaboraven biser vo istokot 4Мала депонија на брегот

ezeroto vodoca zaboraven biser vo istokot 5Бреговите на езерото

ezeroto vodoca zaboraven biser vo istokot 6Езерско огледало

Сподели