fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
gabrovski vodopadi lokalitet sto mora da se zastiti 2

Габровски Водопади – локалитет што мора да се заштити

Габровските Водопади се наоѓаат веднаш над с. Габрово, на падините на Беласица. Тие се најмали од трите беласички водопади, Смоларски и Колешински. До Габровските Водопади води нов локален пат во правец кон с. Габрово. Водопадите се сместени на крајот на од селото од горната страна. Пред нив, се наоѓа мал уреден паркинг од кои продолжува и шумска уредена поплочена патека. Во околината се наоѓат клупи и мали летниковци. Коритото на водопадите е уредено со бетонски парапет, а дел од водата во бетонски канал се упатува кон селото. Сето ова целосно ја нарушува природноста на локалитетот. Освен тоа околу клупите и летниковците се наоѓа големо количество на отпад, а тој може да се сретне и во водата на водопадите.

Габровските Водопади не се наоѓаат на листата на заштитени подрачја во Македонија. Според Валоризација на природните вредности на Планината Беласица зоната околу потоци и водопадите на Габрово се предложува како зона на строга заштита на Беласица.  Габровските водопади исполнуваат неколку услови од Законот за природа да бидат заштитени. Доколку би се случило ова управител на локалитетот би бил oпштината Струмица која преку комуналото претријатие се грижи за комуналната хигиена на локалитетот. Сепак за да дојде до заштита треба да се преуреди и просторот. Бетонските парапети и канали треба да се отстранат и реката да се врати во стариот тек. Оградување на дел од локалитетот би помогнало во негово зачувување.

Заштитување на овие водопади треба да биде императив во годишната програма за заштита на природата на локалната самоуправа.

gabrovski vodopadi lokalitet sto mora da se zastiti 1Едукативна табла

gabrovski vodopadi lokalitet sto mora da se zastiti 2Патеката кон водопадите

gabrovski vodopadi lokalitet sto mora da se zastiti 4Габровски водопади

gabrovski vodopadi lokalitet sto mora da se zastiti 5Бетонски парапет околу водопадите

gabrovski vodopadi lokalitet sto mora da se zastiti 6Отпадоци во реката веднаш по водопадите

Сподели