fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
kolesinski vodopadi spomenik na prirodata na koj treba da vnimavame 5

Колешински Водопади – Споменик на природата на кој треба да внимаваме

Колешинските Водопади се наоѓаат на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 метри. Се вбројуваат меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 15 метри и со широчина на падот од околу 6 м. Според настанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Над Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив. Водопадите се наоѓаат во близина на с. Колешино, на 19 км од Струмица.

Колешинските Водопади се наоѓаат на листата на заштитени подрачја, во групата Споменик на природата. Селото Колешино и околното подрачје е еден од неколкуте места каде може да се сретне  кралската папрат (Osmunda regalis)- редок вид на папрат.

Според податоците на општината Ново Село која е и управувач со локалитетот, Колешино е едно од најпосетуваните места во општината со околу 400 посети дневно во летните месеци.

Од локалниот пат кон с.Колешино со јасни табли се означува правецот кон Водопадите. До нив се стигнува преку трасирана и обезбедена шумска патека дел од проектот Планскиот опфат на туристичко рекреативен центар за Колешински Водопади – Општина Ново Село, раководен од Агенцијата за  планирање на просторот. По патеката се распоредени мали летниковци и клупи. Голем број од клупите и летниковците се скршени и оштетени и насекаде има остатоци од логорски оган- нешто што е строго забрането во зоната на локалитетот. Коритото на водопадите не е оградено и посетителите со цел да се фотографираат се качуваат по карпите под водопадите и веќе се забележуваат некои оштетување. Насекаде околу може да се забележат фрлени отпадоци и остатоци од храна иако има доволен број на канти за отпадоци.

Општината Ново Село, како управувач на овој споменик на природата мора да вложи напори да се спречи ваквата навика за нарушување на природноста на локалитетот со оглед на бројот на посетители.

kolesinski vodopadi spomenik na prirodata na koj treba da vnimavame 1Шумската патека кон водопадите

kolesinski vodopadi spomenik na prirodata na koj treba da vnimavame 2Реката Баба

kolesinski vodopadi spomenik na prirodata na koj treba da vnimavame 3

Дрвени конструкции за одмор

kolesinski vodopadi spomenik na prirodata na koj treba da vnimavame 4Скршена и оштетена инфраструктура

kolesinski vodopadi spomenik na prirodata na koj treba da vnimavame 5Колешински Водопади

kolesinski vodopadi spomenik na prirodata na koj treba da vnimavame 6Колешино – едно од неколкуте локалитети со Osmunda regalis

Сподели