За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo

Шилегов: За гасоводот на Водно направивме сериозна полза за градот Скопје

Како компензација за трасата на гасоводот на Водно, Градот Скопје добива средства за ревитализација на просторот кадешто ќе поминува гасоводот, по еден милион евра за пошумување на Скопска Црна Гора и за градското зеленило и зелени коридори на реките Лепенец и Серава. Во интервјуто за СамоПрашај.мк, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најавува дека Водно и Матка ќе добијат законска заштита, ќе бидат засадени нови 8 илјади дрвја и ќе биде направен зелен покрив на ГТЦ.

Интервјуто беше направено за документарецот „Урбано зеленило: Фактор за квалитетен живот“, кој го изработи Институтот за комуникациски студии. Гледајте го документарецот на https://samoprasaj.mk/doma/ekosistem/65-2018-09-27-13-45-08.

Сподели
samo-prasaj_gif-3