fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
e9caf9b4 ff5 4b47 f8ae afb8f7c3d32f 1

Скопско Кале – заштитено природно подрачје во центарот на Скопје

Скопското Кале е најстариот симбол на Град Скопје и заедно со Камениот Мост се најпознатите белези на градот и неговата историја. Калето како доминантна точка надвиснува на градот во неговото централно подрачје. Освен што е познато како еден од највредните споменици на култура во Скопје, Кале е и заштитено природно подрачје.

Кога се зборува за скопското Кале првично треба да се одвојат два поима: Калето како историско утврдување и крепост и Калето како географско подрачје.

Всушност Калето преставува висок и стрмен рид уште познат како Градиште, кој во насока север-југ се протега покрај течението на реката Вардар. Од западната страна е ограничено со куќите од стариот дел на Скопје – Варош, а од исток со стрмните долови кои се спуштаат кон брегот на Вардар, односно со местото наречено Криви Дол.

Скопското Кале е рид кој е доминантно составен од седиментни карпи. Во 1926 година, југословенскиот палеонтолог Павловиќ под тврдината Кале, во жолтеникави глиновити песоци одредил неколку вида на водени, речни и езерски фосили од родовите Unio, Pisidium, Ancylus, Planorbis, Prososthenia, Neritodonta и др. Тие претставуваат докази за некогашното течение на реката Вардар, како и за езерската фаза на Скопската Котлина. Поради овие причини, во 1987, од Сојузното Собрание, локалитетот Скопско Кале бил прогласен за заштитено подрачје од категоријата Споменик на природата. Ова подрачје опфаќа површина од околу 2 ha. Со поновите анализи на подрачјето, според Просторниот план се дава предлог ова подрачје поради неговата се поголема урбанизираност да влезе во пониска категорија на заштита, односно да се прогласи за Природна реткост. Скопското Кале од кога за прв пат се откриени фосилните остатоци до сега не било палеонтолошки истражувано и нема детални информации за палеонтолошките остатоци што се наоѓаат под него. На ова подрачје сега, се наоѓаат значајни објекти од културното богатство на Македонија како француските воени гробишта и Музејот на современа уметност. Никаде низ Калето нема простор уреден кој би дал информации околу природните особености на овој локалитет.

Ова подрачје не е значајно само поради фосилните остатоци. Калето заедно со Гази Баба и Водно се најголемите зелени острови во Скопје кои имаат улога во одржувањето на квалитетниот живот во градот, а претставуваат и значен простор за локалниот биодиверзитет. Според Студијата за озеленување и пошумување на подрачјето на Град Скопје, иако Калето е зелена површина најблиска до централното подрачје тоа моментално е едно од најмалку посетуваните места во градот.
Денес, на Калето се наоѓа пред две инфраструктурни опасности. Една е најновата најава за сообраќајни тунели кои минуваат под него, а другата е туристички развој на локалитетот со градење на адреналинска жичница од Кале до Градскиот парк. И со двата предлози ќе се намали зеленилото и природноста на локалитетот, а ќе се измени и културното и природно значење на просторот.

Со сите проблеми со кои се соочува градот како урбана заедница, на Скопје не му треба инфраструктурен развој што ќе ја зголеми урбанизацијата, туку конзервација и зачувување на малите зелени делови кои останаа.

Литература:

https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/12/STUDIJA_PRIRODA.pdf

Сподели