fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
219 godina so najtopol mesec dekemvri vo evropa kopernikus

2019 – година со најтопол месец декември во Европа („Коперникус“)

Преземено од: https://www.euronews.com/2020/01/08/2019-sets-record-for-europe-s-hottest-december-copernicus

Агенцијата за следење на климатските промени на Европската унија, „Коперникус“, објави дека температурите низ цела Европа во месец декември 2019 година биле рекордно најжешките за тој месец.

Податоците покажуваат дека просечната температура на воздухот низ цела Европа била за 3,2°C потопла во споредба со стандардниот референтен период за месец декември, за периодите 1981-2010 година.

219 godina so najtopol mesec dekemvri vo evropa kopernikus

Температурите на глобално ниво исто така забележаа рекордно високи нивоа во однос на максималното ниво утврдено во месец декември 2015 година.

Во меѓувреме, податоците исто така покажуваат дека 2019 година е втора најтопла година евидентирана досега, со 0,59°C над просекот.

Од „Коперникус“ велат дека петте рекордно најтопли години се случиле во последниве пет години, при што 2019 година е втора најтопла година а периодот 2010 – 2019 година е најтоплата евидентирана декада.

Резултатите се во линија со претходно направените проекции од страна на Светската метеоролошка организација и проектот Глобален јаглерод, како што концентрациите на јаглерод диоксид во атмосферата продолжуваат да растат.

Директорот на Европската агенција за следење на климатските промени „Коперникус“, Жан Ноел Тепо, изјави дека „нема сомнение дека станува збор за алармантни знаци”.

Подетална анализа на климата во Европа ќе биде презентирана од агенцијата „Коперникус“ во нејзиниот Извештај за состојбата со климата во Европа за 2019 година, кој ќе биде објавен во месец април.

Сподели