За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo

Дали платнената торба е навистина подобра алтернатива од пластичната кеса?

Денес, пластичните кеси се насекаде: покрај патиштата, прицврстени за гранките на дрвјата во парковите, на бреговите на реките, па дури и во океаните. Јасно е дека тие се лоши за животната средина. Тоа ги прави платнените торби да изгледаат многу подобра опција, но дали е навистина така?

На прв поглед, самото прашање се чини апсурдно. Сепак, дали знаевте дека околу 2.000 литри вода се користат за производство на само 1 памучна торба? Или дека треба да користите 1 платнена торба околу 7,100 пати за да постигнете еквивалент на вкупното влијание врз животната средина во однос на пластичната кеса за еднократна употреба? Ова значи дека доколку одите во шопинг секој ден, треба да користите една иста платнена торба речиси 20 години.

Фотографија: Unsplash

Можеби ќе се запрашате, која е предноста на платнената торба? Дали станува збор за маркетиншка измама и дали повторно подлегнавме на трикот сите како општество, сакајќи да ја спасиме планетата или да ги намалиме сопствените грижи на совеста затоа што не се грижиме доволно за тоа? Дали платнена торба за повеќекратна употреба е подобра или полоша за околината од пластичните кеси за еднократна употреба?

Тоа е прашање на перспектива. Секој од овие материјали има свое уникатно влијание врз животната средина, утврдено преку потрошувачката на јаглерод диоксид и други компоненти базирани на јаглеродниот отпечаток, нивниот потенцијал за рециклирање и повторна употреба, како и нивната разградливост. Значи, за да имаме целосна слика за кесите од продавниците, треба да погледнеме како се произведуваат, како се користат и каде одат по купувањето.

Фото: Pixabay

Кога станува збор за самиот процес на производство, пластичната кеса е дефинитивен победник. Нејзиното производство е релативно ефтино и едноставно, а потребни се само неколку хемикалии. Пластичните кеси за еднократна употреба се направени од полиетиленски синџири со висока густина, познати како HDPE, за чие производство се користи нафта. Други супстанции, како што е титаниум диоксид, се додаваат на овој полимер. Се проценува дека 1,6 кг јаглерод диоксид се ослободува во атмосферата за производство на само 1 пластична кеса.

Памукот, пак, не може да се пофали со истата ефикасност. За неговото производство е потребно повеќе време, вода и секако простор, а самиот процес е многу скап во однос на енергијата. Производството на 1 памучна торба е еквивалентно на ослободување на 272 кг јаглерод диоксид во атмосферата, што е 170 пати повеќе отколку за производство на единствена пластична кеса. Значи, кога гледаме на емисијата на јаглерод диоксид и други компоненти базирани на јаглерод, пластичната кеса има предност.

Сепак, работите не се толку едноставни и секој медал има и друга страна. Влијанието врз животната средина се проценува повеќе врз основа на тоа како се користела кесата отколку како се произведувала. И навистина, кога ќе ја споредиме конечната судбина на пластичната кеса и памучната торба, добиваме сосема различни податоци.

Фотографија: Unsplash

Можноста за рециклирање и повторна употреба на платнената торба ги компензира нејзините недостатоци во форма на високи емисии на СО2 во производството. Платнените торби се реупотребливи, така што откако ќе ги употребиме, тие сè уште остануваат во нашите домаќинства и не доспеваат во околината.

Пластичните кеси, пак, ја извршуваат својата функција за само неколку минути или часови. Главната причина за тоа е што тие многу лесно се кинат. Многумина се тешат со фактот дека подоцна ја користеле пластичната кеса од продавницата како кеса за ѓубре. Се проценува дека дури 40% од пластичните кеси се користат прво како кеса за отстранување отпад пред да се отстранат од домаќинството. Тоа е подобро отколку да користите две одделни кеси, но сепак не е решение за проблемот.

Кога размислуваат за рециклирање, многу земји немаат инфраструктура за ефикасно рециклирање на пластични кеси. Платнените торби се уште потешки за рециклирање, но барем не се фрлаат и има малку шанси да завршат во околината.

Откако кесите ќе стигнат до природата, се гледа тој трет фактор – разградливоста.

HDPE, од која се прават пластични кеси, е нерастворлив и отпорен на сончево зрачење и долго опстојува во природата откако ќе се фрлат кесите, каде што се распаѓаат стотици години. Памукот дефинитивно е во водство во тој поглед – се распаѓа за само неколку месеци.

Откако ќе доспеат во животната средина, пластичните кеси стануваат една од главните закани за опстанок на многу органски видови на планетата. Голем број животни завршуваат како колатерална штета на пластичните кеси, а во морската вода, пластичните кеси многу често се замена за медузите кои се хранат со морски желки, што неизбежно води кон нивна смрт.

Фотографија: Unsplash

И тогаш што се наметнува како решение за проблемот: пластична кеса или платнена торба?

Постојат неколку варијанти:

Една можност е да користите кеси кои имаат комбинирани својства на пластична кеса и платнена торба. Овие вклучуваат цврсти пластични кеси кои можат да се користат безброј пати, изработени од поцврст материјал, како што се полиестерот, винилот и други потрајни полимери.

Друга опција е дека, доколку имате платнена торба, обидете се да ја носите насекаде со вас и  не ја менувајте за нова. Добра алтернатива е да носите ранец или поголема торба при купување.

И, се разбира, најголемиот совет е да избегнувате пластични кеси за еднократна употреба кога и да можете, бидејќи на крајот на краиштата, ние не сме господари на оваа планета, туку само нејзини корисници.

 

Извори:


Автор: Сања Николиќ – Департман за ниологија и екологија, Природно-математички факултет – Нови Сад

 

Сподели

samo-prasaj_gif-3