За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo

Ден на еколошкиот долг – каде е светот и каде е Западниот Балкан?

Ден на еколошкиот долг (Earth Overshoot Day) оваа година беше на 22 август. Тоа е денот кога светската популација ги искористила сите еколошки ресурси и услуги што планетата Земја може да ги обнови во текот на оваа година. Имајќи го предвид овој ден, глобалната популација моментално користи ресурси колку за 1,6 планети. Сепак, бидејќи имаме само една планета, светот е во очигледен еколошки дефицит.

До денот на еколошкиот долг се доаѓа со делење на биокапацитетот на планетата, односно количината на еколошки ресурси што Земјата е способна да ги создаде во една година, со човечкиот еколошки отисок, односно годишната побарувачка на човештвото и, најполсе, множејќи го  тој износ со бројот на денови во годината.

До 1970 година, побарувачката на човештвото беше во согласност со можностите на Земјата, и тоа до 29 декември, кога светското население првпат се задолжи кон Земјата. По три децении, во 2000 година, светското население „живееше во дозволениот минус“ од 23 септември, а ситуацијата секоја година се влошува, па затоа во еколошкиот долг влегуваме се порано.

Den na ekoloskiot dolg kade e svetot i kade e Zapadniot Balkan 1

НАЈРАНИОТ ДЕН НА ДОЛГ КОН ЗЕМЈАТА

2019 година беше година во која светот порано го достигна Денот на еколошкиот долг, откако беа направени мерењата. Тој ден беше 29 јули. Оттука, во 2019 година, сите луѓе на светот имаа потреби коишто можеа да задоволат речиси две планети. Сепак, дури и тогаш имавме само една.

Оваа година, денот на прекорачување на капацитетот на планетата пристигна скоро еден месец подоцна! Истражувачкиот тим заклучи дека глобалниот еколошки отисок оваа година е намален за 9,3% во споредба со истиот период минатата година. Имено, јаглеродниот отисок се намали за 14,5% во споредба со 2019 година, додека отисокот на шумскиот производ се намали за 8,4%. На подобрувањето на состојбата несомнено придонесе пандемијата предизвикана од корона вирусот, која го принуди светското население на изолација, а со тоа доведе до намалување на нејзиното негативно влијание врз животната средина. Сепак, пандемијата значително влијаеше на глобалниот систем на исхрана кај населението, како резултат на тоа што имаше зголемување на сметот кој потекнува од храна, како и неухранетост на популацијата со најниски приходи, така што отисокот во врска со храна остана непроменет во споредба со минатата година.

Овогодинешниот Ден на долгот е најдобриот резултат уште од 2005 година, и е предизвикан од подобрувањето на квалитетот на воздухот и почвата, како и од зголемувањето на обновливите извори на енергија.

Сепак, ситуацијата предизвикана од пандемијата на корона вирусот е привремена и минлива. На светското население му треба заедничко, одржливо закрепнување, а потоа и одржлив развој, со цел да се постигнат подолгорочни резултати.

КАКВА Е СОСТОЈБАТА НА БАЛКАНОТ?

Словенија е првата земја во регионот што го надмина својот овогодинешен капацитет, дури на 26 април. Зад неа следува Хрватска, која „се задолжи“ на 31 мај. Босна и Херцеговина на 10 јуни, Црна Гора на 12 јуни ги достигнаа своите Денови на еколошки долг кон Земјата. Република Србија ги искористи своите еколошки капацитети заклучно со 18 јули, додека Северна Македонија беше поистрајна за четири дена. Единствената земја во регионот која сè уште не е влезена во еколошки дефицит е Албанија, која може да ги искористи своите овогодинешни капацитети до 24 октомври. Што е тоа што драстично ја издвојува Албанија од другите земји во регионот? Со оглед на тоа што дури 57% од глобалниот еколошки отисок е јаглерод, фактот дека Албанија е земја без ниту една единствена централа на јаглен, ја објаснува нејзината побавна потрошувачка на еколошкиот капацитет.

Постојат две постојани цели во политиките на земјите од регионот – развој на економијата и општеството. Сепак, по сите овие бројки, неизбежно се поставува прашањето – што ќе сторат економијата и општеството за нас, ако нема каде да живееме?

Den na ekoloskiot dolg kade e svetot i kade e Zapadniot Balkan 2

РЕШЕНИЕ, ВО СВЕТОТ И НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН

Секоја личност во светот има потреба од храна, засолниште и топлина за да преживее. Овие потреби ги исполнува и задоволува самата планета, но дури и нејзините капацитети не се неограничени. Имајќи предвид дека од 1970 година, првата година на надминување на капацитетот на Земјата, светската популација се зголеми за 121%, решението мора да се пронајде во промената на поединецот – во индивидуалното намалување на потребата за прехранбени производи, производи од растителни влакна, производи од добиток и риба, простор за урбана инфраструктура, дрво и други шумски производи, и пред сè во намалувањето на индивидуалните емисии на штетни гасови во животната средина. Производот на овој износ на заштеда на капацитетот на планетата и бројката од околу седум и пол милијарди, се доаѓа до единственото правилно решение – доволно количина на ресурси за сегашните и идните генерации.

Ако секој од нас денес се одлучи за велосипед како превозно средство до работното место, или барем за јавен превоз, ќе го намалиме сопствениот еколошки отисок и со тоа ќе направиме мал чекор напред кон позитивни промени. Повеќе мали чекори ќе доведат до помал глобален еколошки отисок.

Автор: Јелена Јевремиќ – еколошки правник

Сподели