fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
ezera vnatre

Езера

Европска агенција за заштита на природата, 2018.

Езерата најчесто се водни тела кои содржат постојана слатка вода, иако тие исто така можат да бидат и малку солени. Имаат физички карактеристики на езерски басен, како што е површина на езерото и длабочина на водата, како и физички карактеристики на сливно подрачје, како што се големина и топографија.

ezera vnatre

Езерата во Европа

Во Европа има повеќе од 500.000 природни езера поголеми од 0,01 km2 (1 ha). Околу 80% до 90% од нив се мали езера со површина помеѓу 0,01 и 0,1 km2, додека околу 16.000 од нив имаат површина поголема од 1 km2. Три четвртини од езерата се наоѓаат во Норвешка, Шведска, Финска и во Карело-Кола регионот во Русија.

Дваесет и четири езера во Европа имаат површина поголема од 400 km2. Најголемо е езерото Лагода кое се простира на површина од 17.670 km2  и се наоѓа во северозападниот дел од Русија, заедно со второто најголемо езеро во Европа, езерото Онега. Овие две езера се значително поголеми во споредба со другите езера и акумулации во Европа, но тие се на 18-тотот т.е. на 22-тотот место на најголеми езера во светот. Третото најголемо водно тело со слатка вода во Европа е акумулацијата Кујбишевскоје, на реката Волга, со вкупна должина од 6.450 km2. Дополнителни 19 природни езера поголеми од 400 km2 се наоѓаат во Шведска, Финска, Естонија и во северозападниот дел од Русија, а три се наоѓаат во Централна Европа: езерото Балатон, Лак Леман и Бодензи и езерото Констанца.

Создавањето на езерата во Европа

Голем број на природните езера во Европа за првпат се појавуваат пред околу 10 до 15 илјади години, и се создале или го измениле својот лик во периодот до последниот глацијален период наречен Вајшел. Ледената покривка тогаш била присутна во цела северна Европа, додека во централна и јужна Европа мразот допирал само до планините. Како последица на тоа, регионите во кои имало многу природни езера биле засегнати од Вајшел ледената покривка. На пример, Норвешка, Шведска, Финска и регионот Карело-Кола во Русија имаат многубројни езера кои учествуваат со околу 5 до 10% во вкупната површина на овие држави. Голем број на езера исто така биле создадени и во други земји околу Балтичкото море, како и на Исланд, во Ирска и во северните и западните делови на Обединетото Кралство. Во Централна Европа, повеќето од природните езера се наоѓаат во планински региони. Езерата кои се наоѓаат на поголеми надморски височини се релативно мали додека оние во долините се поголеми, како што се езерата Леман, Бодензе, Лаго Ди Гарда, Лаго Ди Комо и Лаго Маџоре на Алпите, потоа Преспанското и Охридското езеро на Динариските Алпи. Две исклучоци се големите езера кои се наоѓаат на Унгарското плато – езерото Балатон и езерото Нојзиедлер.

Европските држави кои само делумно биле засегнати од глацијалниот период (Португалија, Шптанија, Франција, Белгија, јужните делови на Англија, централна Германија, Чешката Република, Словачка и централниот европски дел од Русија) имаат мал број на природни езера. Во нив многу почести се вештачките езера, како што се акумулациите и сл. отколку природните. На голем број котлини се изградени брани за креирање на акумулации; од кои повеќето се изградени во планински предели за целите на производство на електрична енергија. Во некои земји, како што се Холандија, Германија, Франција, Чешка и Словачка активностите на човекот создаваат бројни мали и вештачки езера, и тоа пред сè поради ископувањето на тресет и песок, како и изградба на рибници.

Сподели