fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
oporavuvanjeto od kovid 19 da bide postaveno na pozeleni osnovi intro

Опоравувањето од Ковид-19 да биде поставено на позелени основи

Alok Sharma 200x250

Алок Шарма – претседател на Конференција за климатски промени на Обединетите Нации (COP 26)

Се соочуваме со голема пресвртница во историјата на планетата Земја. Во рамките на обидите за опоравување од ситуацијата со Ковид-19, државите од целиот свет воведуваат пакет мерки наменети за повторно заздравување на нивните економии.

Одлуките кои ќе ги донесеме сега ќе определат дали планетата Земја повторно ќе застане на уште позелени основи и дали ќе биде уште поотпорна за идните генерации.

Како домаќини на претстојната Конференција за климатски промени на Обединетите нации, која треба да се одржи во месец ноември 2021 година, наша намера е да ги поттикнеме заложбите кои се прават на глобално ниво за намалување на јаглеродните емисии, така што ќе ги повикуваме сите држави да инвестираат во тнр. „зелено“ опоравување насочено кон справување со предизвиците од климатските промени, загубата на биодиверзитетот и јавното здравје.

Во периодот од месец март досега, Владата на Обединетото Кралство презеде дополнителни конкретни чекори во насока на градење на одржлива иднина. Во рамките на претседателството со COP ние ќе ставиме акцент не само на главната задача – поттикнување на мултилатералните преговори, туку и на преземање активности во пет клучни области.

Неопходно да го исчистиме воздухот што го дишеме, преку промовирање на концептот на почист превоз. Владата на Обединетото Кралство ќе потроши 2 милијарди фунти (околу 2,2 милијарди евра) за да воведе нова ера на возење велосипед и пешачење, и притоа ќе нарача над 4.000 нови автобуси кои создаваат нула емисии и ќе инвестира 500 милиони фунти (околу 550 милиони евра) во нова инфраструктура за електрични возила.

Неопходно е да се забрза преминот кон идната чиста енергија. Само во текот на овој месец, високиот функционер во британската Влада, Риши Сунак, ја соопшти заложбата за унапредување на енергетската ефикасност на домовите, училиштата и болниците во целата држава и за отворање на 140.000 „зелени“ работни места, во вкупна вредност од околу 3 милијарди фунти (околу 3,3 милијарди евра). Делот од програмата наменет за домовите подразбира ваучери за семејствата со ниски примања, воведено со цел оваа мерка за „зелен“ дом да биде достапна за сите.

Од суштинска важност е повторно воспоставување и заштита на природните средини. Вложуваме 650 милиони фунти (околу 713 милиони евра) за заштита на живеалиштата преку проекти како што се садење дрва и чистење на реките, како и воведување нови зелени делови наменети за луѓето и дивите животни.

Потребно е светот да стане многу поотпорен на екстремните временски непогоди. Владата на Обединетото Кралство ќе инвестира повеќе од 5 милијарди фунти (5.481 милијарди евра) за подобрување на крајбрежната и заштитата од поплави. Истовремено, во рамките на Обединетите нации соработуваме со партнерите од Египет со цел да бидеме предводници на меѓународна коалиција за преземање активности и споделување на најдобрите пракси и искуства во адаптирањето и отпорноста, што ќе обезбеди дека оние кои се најзагрозени се соодветно заштитени од влијанијата на климатските промени.

На крај, неопходно е да ја искористиме моќта на нашите финансиски системи и да го „отклучиме“ растот, да создадеме „зелени“ работни места и да финансираме проекти кои се суштински важни. Минатата година, Обединетото Кралство ги удвои своите финансиски заложби за меѓународно климатско финансирање на 11.6 милијарди фунти (околу 12,730 милијарди евра) во периодот до 2025 година. Ги повикуваме нашите меѓународни развојни партнери и тие да ја зголемат својата поддршка за земјите во развој.

Секако дека овие пет области се важни за здравјето на нашата планета, но сè повеќе станува јасно дека „зеленото“ опоравување има сè поголема смисла. Меѓународната агенција за енергетика има утврдено дека инвестициите во обновливи извори на енергија во износ од една трилијарда долари во период од наредниве години би можело да отвори девет милиони „зелени“ работни места.

Сите знаеме дека ветерот или сончевата енергија сега се најевтиниот извор за производство на електрична енергија, и тоа за повеќе од две третини од населението во светот. До 2030 година, овие два извори речиси секаде ќе го намалат учеството на јагленот и гасот во производството на енергија.

Обединетото Кралство има покажано дека „зелен“ раст е можен – во периодот од 1990 година досега ние ја зголемивме нашата економија за 75 проценти и истовремено ги намаливме емисиите за 43 проценти.

Неопходно е да продолжиме да го надградуваме ваквиот позитивен напредок, и тоа ќе го направиме со Парискиот договор и Целите за одржлив развој на Обединетите нации кои ќе бидат наша водилка за „зеленото“ опоравување.

Ги повикуваме и другите држави да ни се придружат, при што тесно ќе соработуваме со нашите меѓународни партнери за да обезбедиме петте клучни области наведени погоре да бидат составен дел од пакетите за одржливо и инклузивно опоравување кои ги спроведуваат најголемите држави во светот. Сакаме да обезбедиме бенефитите од „зеленото“ опоравување да им бидат достапни на државите кои се најзагрозени од климатските промени.

Со заеднички напори, ќе ја искористиме можноста да се изградат подобри и позелени можности со цел да се ослободи целосниот потенцијал на Парискиот договор, да ја поставиме планетата Земја на забрзана патека кон постигнување на нашите заложби за климатски промени и да придонесеме кон економското опоравување.

Да го искористиме периодот кој ни претстои до COP26 и да се обединиме во насока на поправична, позелена и поотпорна глобална економија, како во интерес на нашите народи така во интерес на планетата Земја. Немаме време за чекање.

Oporavuvanjeto od Kovid 19 da bide postaveno na pozeleni osnovi

Сподели