fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
pricinata za rastot na sumski povrsini e faktorot na poleznost a zgolemeno nivo na co2 1 1

Причината за растот на шумски површини е факторот на „полезност“, а не зголеменото ниво на CO2

Од Мет Мекграт (Matt McGrath) Кореспондент за животна средина

pricinata za rastot na sumski povrsini e faktorot na poleznost a zgolemeno nivo na CO2 1Права на слика GETTY IMAGES
Истражувачите велат дека човечката добросостојба и развој се главните двигатели за зголемената глобална шумска покривка

Сè повеќе шуми се појавуваат ширум светот, поради зголемените нивоа на приходи и зголеменото чувство на национална добросостојба, велат истражувачите.

Авторите  на најновата студија за шуми го отфрлаат тврдењето дека зголемените нивоа на CO2 во воздухот се главната причина за ширењето на дрвјата.

Со подобрувањето на економиите на државите, земјоделците повеќе се концентрираат на висококвалитетна почва и се повлекуваат од маргиналните земјишта, велат авторите.

Како резултат, дрвјата можат побрзо да направат повторно ошумување на напуштените области.

Во студијата се потцртува фактот дека од 1990 до 2015 година нивото на шумски прираст се зголемувало на годишно ниво за 1,31% во земји со високо ниво на приходи и за 0,5% во земји со средно ниво на приходи, додека шумската површина опаѓала за 0,72% во 22 државни со ниско ниво на приходи.

Неколку глобални климатски модели тврдат дека овие промени се должат на нешто што се нарекува фертилизација со CO2 – со кој се вели дека зголемените нивоа на јаглерод диоксид во атмосферата ги зголемуваат капацитетите за раст на растенијата и дрвјата.

За разлика од нив, авторите тврдат дека овој процес на озеленување се одвива од 19-от век во Западна Европа, кога нивото на CO2 во атмосферата само што почнало да расте.

pricinata za rastot na sumski povrsini e faktorot na poleznost a zgolemeno nivo na CO2 2Права на сликата УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ХЕЛСИНКИ
Уште од 19-от век, преодите од нето загуба на шумска површина во добивка се поклопуваат со промени кои настанувале во рамките на државите, со преоѓање од земјоделство за преживување во пазарно ориентирано земјоделство.

„Кога луѓето се чувствуваат добро, тоа е корисно за шумите“, изјави за БиБиСи Њуз професорот Пека Каупи (Pekka Kauppi) од Универзитетот во Хелсинки, кој е еден од авторите на студијата.

„Причината не е само нивото на приход. Кога едно општество соодветно функционира, тогаш исчезнувањето на шумска површина автоматски сопира, а општеството постигнува некаков вид на рамнотежа со шумите. Кога во една земја ќе се дојде до пристоен животен стандард, желбата да се искоренат шумите станува желба истите да се заштитат. Кога средствата за живот доаѓаат од друг извор, а не од земјоделство за преживување тогаш маргиналните земјишта се напуштаат и луѓето едноставно оставаат шумите повторно да растат“.

На други места во светот почна да се зголемува шумската покривка во корелација со нивниот развој, а не само со нивоата на CO2, вели професорот. Во Европа, САД, Јапонија и Нов Зеланд шумската покривка во минатиов век бележи раст, додека во последниве 50 години и Кина и Чиле забележуваат раст на шумска површина.

Помеѓу 1990 и 2015 година, околу 13 тропски земји преминаа од места со нето загуба на шумска површина во нето добивка на шумска површина.

„Временските опсервации несомнено потврдуваат дека глобалните температури растат заедно со атмосферските нивоа на CO2“, изјави еден од авторите проф. Анти Липонен (Antti Lipponen) од Финскиот Метеоролошки институт.

„Сепак, студијата покажува дека повеќе од еден век, промените во прирастот на шуми низ светот скоро и да не се поврзани со овие трендови“.

pricinata za rastot na sumski povrsini e faktorot na poleznost a zgolemeno nivo na CO2 3Права на слика GETTY IMAGES
Шумската покривка во Индија е проширена, во период кога населението двојно се зголемило

Авторите велат дека развојот ги поттикнува пазарните економии кои имаат тенденција да го концентрираат земјоделството на најдоброто земјиште, со што земјоделците го напуштаат маргиналното земјиште и често се селат во градовите. Подобрата технологија и зголемениот принос исто така имаат тенденција да ја намалат потребата за расчистување нови земјоделски површини и обично, со растот на нивото на приходи, други извори за гориво, а не дрво, стануваат достапни.

Друг фактор е тоа што државите, како што стануваат побогати, почесто увезуваат производи засновани на природни ресурси наместо да ги произведуваат.

Индија е „одличен пример“, вели проф. Каупи, затоа што од 1970 до 2010 година ја зголемила својата шумска покривка, а во исто време населението во Индија двојно се зголемило.

„Ако храната може да се одгледува на помали површини од најдоброто земјиште, тогаш маргиналните земјишта може да се остават настрана, а Индија беше еден од регионите од светот каде претходно земјоделството даваше многу ниски приноси, но со зелената револуција и со одлична клима за раст на растенијата, тие успеваат релативно добро да го прехранат населението“.

И покрај тоа што развојот е од основна важност, авторите изразуваат загриженост за иднината на Африка, каде повеќето од 55-те држави не пријавиле смена од загуба на шумска површина во добивка. Загуби се бележат и во Нигерија, Бразил и Индонезија.

Брунеи е единствената богата земја за која истражувачите утврдиле дека има шумска покривка која се намалува.

Студијата е објавена во журналот PLOS One.

Сподели