За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo

Причини за шумски пожари и последици од истите

Јулиа Перез, Organisation Mondiale pour la Protection de l’Environnement

Неконтролираните шумски пожари уништуваат сè што ќе им се најде на патот. Тие можат да се прошират на километарски површини и да преминат преку реки и патишта. Секоја година, на пример, се случуваат помеѓу 60.000 до 80.000 шумски пожари кои уништуваат помеѓу 3 и 10 милиони хектари. Иако шумските пожари директно влијаат на животната средина, зависно од нивната големина и зачестеност, причините за нив се исто така разнолики.

Причини директно поврзани со активностите на луѓето

Пред неколку стотина години, шумските пожари беа природна „активност“ во најголем дел предизвикана од ретки појави како што се вулкански ерупции или земјотреси кои се случуваат на многу конкретни географски подрачја. Главен причинител за тоа дека шумските пожари се оддалечуваат од своите природни причинители се громовите. На пример, громовите се причина за околу 2% од сите пожари во подрачјето на Медитеранот… и за речиси 30% од пожарите во Квебек, Канада! Во Шпанија, 5% од пожарите се предизвикани од природни причинители, особено во суви и врели подрачја. Во некои делови од Шпанија (Арагон, Пиринеите и сл.) бурите и громовите, во отсуство на дожд, се причина за 25% од шумските пожари. Одредено минимално влијание на пожарите можат да имаат и други исклучителни околности и мошне необични појави, како што се судир на два силиконски камења кои создаваат искра. Пожарите од природно потекло многу брзо можат да се канализираат бидејќи имаат само еден извор.

Но во денешно време, природните причини се значително помалку присутни и тие го отстапуваат местото на човековите активности, без разлика дали се доброволни или не:

  • Четириесет и три проценти од шумските пожари предизвикани од луѓето се поврзани со небрижност (отпушоци од цигари, депонии, палење). Тие исто така можат да се случат и поради краток спој, оштетување на далекуводите или инциденти поврзани со војската, како што тоа беше случај во 2016 и 2017 година во воениот камп Captieux во Џиронда (предизвикано од пукотници при што беа уништени 1.300 хектари борова шума), или во воениот камп Le Mans во април 2017 година. Конечно, небрежноста често се поврзува со рекреативните активности, со земјоделски или шумски работи (55% од пожарите)
  • Дваесет и пет проценти предизвикани од луѓето се поради пиромани, одмазда или поради политички или административни стратегии.

Остатокот се класифицираат како пожари од непознато потекло. Во периодот од 1973 година досега во Франција се запалени повеќе од 1,1 милион хектари.

Вознемирување на флората и фауната поради шумските пожари

Кога во едно подрачје имаме висока зачестеност на шумски пожари, последиците можат да бидат катастрофални. Иако дека некои научници сметаат дека пожарите се чистач за екосистемите (елиминирање на болните животни и растенија, зголемување на диверзитетот на растенија и животни и сл.), сепак не смееме да заборавиме дека доаѓа до пореметување на природните циклуси на шумите, до исчезнување на одредени видови и истовремено се случува пролиферација на инвазивни растенија. Шумските пожари ги зголемуваат нивоата на јаглерод диоксид во атмосферата и придонесуваат кон ефектот на стаклена градина и климатските промени. Освен тоа, пепелта уништува голем дел од прехранбените состојки и доведува до ерозија на почвата, предизвикувајќи притоа поплави и лизгања на земјиштето.

Употребата на хемикалии во борбата против пожарите е дополнителен проблем кон веќе драматичните последици на шумските пожари. Според последната студија на Врховниот совет за научни истражувања (CSIC), хемикалиите содржани во „придушувачите на пожари“ кои се користат за гасење на пожарите (на пример: Fire-Trol) се акумулираат во почвата со години. Согледувањата од студијата упатуваат на присуство на амонијак полифосфат за кој е познато дека ја менува плодноста на почвата, влијае на биодиверзитетот и на составот на вегетацијата.

Сподели