fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
spored megjuvladiniot panel za klimatski promeni ipcc potrebni se drasticni merki za da se ogranici globalnoto zatopluvanje na 1.5 stepen

Според Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), потребни се драстични мерки за да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 °C

Според климатскиот извештај, човештвото има краткотрајна можност да ги избегне најлошите последици од климатските промени.

Џеф Толефсон (Џeff Tollefson)

Spored Megjuvladiniot panel za klimatski promeni IPCC potrebni se drasticni merki za da se ogranici globalnoto zatopluvanje na 1.5 stepenГлечерите и морскиот лед нема да бидат безбедни ако планетата се затопли за 2 °C над нивоата што постоеле пред индустрискиот раст. Извор: NASA/eyevine

Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) смета дека ограничувањето на глобалното затоплување на 1,5°C над нивоата пред индустрискиот раст би било многу тешка задача, за која се потребни брзи и драстични промени на начинот на кој владите, индустриите и опшстествата функционираат. И покрај тоа што светот веќе е потопол за 1 °C, човештвото има 10–30 години повеќе од она што мислеа научниците, пред да мора да се откаже од своите навики на создавање толкави количества јаглерод.

За да се постигне оваа цел, до 2030 година светот ќе мора да ја намали емисијата на јаглерод за најмалку 49% од нивоата од 2017 година и потоа да оствари јаглеродна неутралност до 2050 година, според резимето од последниот извештај на IPCC од 8 октомври. Извештајот користи резултати од истражување спроведено откако државите го постигнаа климатскиот договор во Париз во 2015 година, со кој се наложува ограничување на емисиите на стакленички гасови и ограничување на зголемувањето на глобалната температура помеѓу 1,5 и 2 °C.

Светот е на добар пат да постигне 3 степени затоплување до крајот на овој век ако сериозно не ги намали емисиите на стакленички гасови. Уште некаде од 2030 до 2052 година може да дојде до затоплување од 1,5 °C ако нештата продолжат да се одвиваат вака.

Сериозна штета

Спред извештајот, научниците „силно веруваат“ дека затоплување од 1,5 °C ќе предизвика повеќе сериозни топлотни бранови на копно, особено во тропските предели. „Средно е нивото на убедување“ кај нив дека ќе има и поекстремни бури во повисоките предели, како што се источна Азија и источна Северна Америка. Ризикот од такви неповолни временски услови би бил уште поголем ако затплувањето достигне 2 °C. Температурите на екстремно топли денови на средно-висински подрачја би можеле да пораснат и до 3 °C поради порастот на глобалната температура за 1,5 °C, а ако глобалното затоплување достигне 2 °C, температурите во обие области би пораснале за 4°C.

Затоплување од два степени би довело до уништување на екосистемите на приближно 13% од светската копнена површина, зголемувајќи го ризикот од изумирање на многу инсекти, растенија и животни. Ако затоплувањето запре на 1,5°C, тој ризик би се намалил за половина.

На Арктикот може да дојде до лета без лед еднаш во една или во две децении во свет затоплен за 2°C, а таквите лета би се свеле на само еднаш во сто години ако затоплувањето е 1,5°C. Коралните гребени скоро целосно би исчезнале со затоплување од 2°C, а само 10-30% би преживеале ако затоплувањето е 1,5°C.

Без агресивни мерки, светот би можел да стане скоро неиздржливо место за живеење за повеќето луѓе, вели Ове Хоу-Гулдберг (Ove Hoegh-Guldberg), директор на Институтот за глобални промени на Универзитетот на Квинсленд во Св. Лусија, Австралија. „Како што се приближуваме кон крајот на овој век, мора да го исправиме ова“.

Неостварлив сон

Земајќи предвид дека сегашните напори на државите во врска со емисиите на стакленички гасови се многу помали од зацртаните цели во климатскиот договор во Париз, многу научници тврдат дури дека исполнувањето на целта од 2 °C е речиси невозможно. Но извештајот на IPCC ги заобиколува прашањата на изводливост, наместо тоа се фокусира на утврдување што треба да сторат владите, бизнисите и поединците за да се исполни целта за 1,5 °C.

Дел од мерките се зголемено инсталирање на системи за обновлива енергија, како што е енергијата што се добива од ветерот и Сонцето, за со нив да се добива70-85% од електричната енергија во целиот свет до 2050 година, и проширување на шумите за да се зголеми нивниот капацитет за извлекување на јаглеродниот диоксид од атмосферата.

Во повеќето сценарија наведени во извештајот, се укажува дека светот сè уште ќе мора да извлече огромни количества јаглерод од атмосферата и да ги испумпа под земја во втората половина од овој век. Технологијата за ваков потфат уште е во рана фаза на развој и многу истражувачи велат дека би било тешко да се развие истата за употреба во глобални размери.

Други предложени опции вклучуваат и промена на начинот на живот: јадење помалку месо, возење велосипеди и поретко користење авиони. Извештајот навлегува и во сивата зона на етика и вредности, нагласувајќи дека владите мора да паралелно да посветат внимание на климатските промени и одржливиот развој, ако не го сторат тоа можно е да се влоши сиромаштијата и нееднаквоста.

Поголем буџет

Извештајот на IPCC вклучува и неодамнешно истражување со кое се вели дека количината на јаглерод што целото човештво може да ја испушта, истовремено одржувајќи ниво на затоплување од 1,5 °C, може да е поголема од првичните претпоставки. Претходната проценка на IPCC, објавена во 2014 година, вели дека светот ќе го надмине затоплувањето до 1,5 °C на почетокот на 2020-тите години, ако стапката на емисија остане иста. Во најновиот извештај рокот за тоа е одложен до 2030 или 2040 година, засновано на студиите во кои се ревидира количината на затоплување што веќе постои.

„Секој дополнителен тон јаглерод што го исфрламе во атмосферата денес е тон што ќе мора да го исчистиме до крајот на векот“, вели Мајлс Ален (Myles Allen), научник за климатски прашања на Универзитетот Оксфорд, Обединетото Кралство, и еден од главните автори на извештајот.

„Мислам дека мора да започнеме дебата за тоа кој ќе плаќа за тоа и дали е исправно индустријата што користи фосилни горива и нејзините потрошувачи да уживаат во придобивките денес и да очекуваат дека следната генерација ќе плати сето тоа да се исчисти“, вели Ален.

Сепак, научниците имаат „средно ниво на сигурност“ за ревидираните буџети за јаглерод, според Томас Стокер (Thomas Stocker), научник за климатски прашања од Универзитетот во Берн, Швајцарија. Тој вели дека истражувачите ќе дадат посеопфатен преглед на бројките при следната проценка на климатските услови, што е закажано за 2021 година.

Во меѓувреме, новиот и поголем јаглероден буџет може да предизвика погрешен впечаток за креаторите на јавни политики, вели Оливер Геден (Oliver Geden), научник за општествени прашања и визитинг професор на Институтот за метеорологија „Макс Планк“ во Хамбург, Германија. Тој стравува дека извештајот на IPCC недоволно ја објаснува тешкотијата со која ќе се постигне целта на затоплување од само 1,5 °C. „Секогаш е во пет минути до дванаесет, а тоа е многу проблематично“, вели тој. „Креаторите на јавни политики се навикнуваат на таквиот пристап и сигурни се дека секогаш ќе можат да најдат решение“.

Nature 562, 172-173 (2018)

Сподели