fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
vlijanija vrz zivotnata sredina predizvikani od planinarenjeto

Влијанија врз животната средина предизвикани од планинарењето

Џеф Дурнам, Walking and hiking Magazine

Поголем број од луѓето кои се љубители на рекреативни прошетки низ шуми и низ други предели неопходно е да имаат свест за животната средина на еден или друг начин. Притоа, многумина од нив не се свесни дека токму нивните активности кои ги прават во области кои се кревки од еколошки аспект се активности кои можат да ја уништат истата таа животна средина која тие толку многу ја сакаат и која сакаат да ја заштитат. Во голем број на случаи не станува збор за влијанија на секој од овие луѓе поединечно, туку секој од нив поединечно доведува до збирно влијание – влијанието се умножува по стотици па дури и илјадници луѓе кои ја прават истата работа и кои заеднички е можно да придонесуваат кон нанесување штети врз животната средина. Тука ќе посочиме некои од негативните влијание врз животната средина предизвикани од луѓето кои се бават со рекреативни прошетки и на некои начини на кои ние можеме да помогнеме истите да се намалат.

vlijanija vrz zivotnata sredina predizvikani od planinarenjeto

Палење оган и штетното влијание од ваквата пракса врз животната средина

За голем број на рекреативци, особено ако сте љубител на прошетки низ шума и на кампување, палењето оган е совршен начин да се заокружи денот. Огнот нè затоплува и истовремено е убав начин да се помине време со нашите пријатели или семејството на крајот од успешниот (или напорен) ден за пешачење. Сепак, дали некогаш сте помислиле од каде го собирате дрвото за да го запалите огнот? Веројатно е дека со тоа „откинувате“ вредни хранливи материи за дивиот свет како и друга вегетација, и исто така е веројатно дека уништувате и живеалишта на шумските животни. Ако носите со себе минијатурна печка или дрва од други места однадвор, со тоа помагате да се зачуваат одредени дрва или шумата. Исто така, големи подрачја од еколошка важност се уништени од пожари кои избегале од контрола, така што е потребно да бидеме многу внимателни и да внимаваме при палењето и гаснењето на огнот.

Отпадоци од човекот и животна средина

Отпадоците кои ги фрлаат луѓето на погрешен начин е една од најголемите причини за предизвикување штети врз животната средина. Фекалиите и урината можат да ги загадат природните извори на вода, и затоа треба да внимаваме каде одиме во тоалет додека пешачиме рекреативно. Најдобро решение е да ископаме дупка која би била длабока од 10 до 25 сантиметри и тоа да го правиме подалеку од извори на вода или од патеките.

Набљудување на дивиот свет додека рекреативно пешачиме

Една од атракциите кога рекреативно пешачиме е набљудувањето на одредени видови од дивиот свет во нивното природно опкружување. Сепак, за голем број видови, несаканото упаѓање или преголемо приближување до нив може да доведе до тоа возрасните единки да ги напуштат своите малечки или до попречување во сезоната на парење, што може да има екстремно негативно влијание на дивите видови. Од тие причини, добро е да се обидеме да ги разбереме тенденциите на однесување на видовите кои сакаме да ги набљудуваме и да постапуваме согласно упатствата од стручни лица за тоа како е најдобро да ги набљудуваме без притоа да предизвикуваме нарушување на нивното однесување. Добро е исто така да следиме и евентуални насоки или знаци кои се наоѓаат во околината а кои ни кажуваат дека тие подрачја треба да се избегнуваат во одредени временски периоди. И да не заборавиме: двогледот е многу корисна алатка. Со него можеме да ги набљудуваме животните без премногу да им се приближуваме. Таа животна срдина е нивен дом и ние тоа треба да го почитуваме.

Да останеме на патеките додека пешачиме

Иако можеби ќе посакаме да излеземе надвор од патеката додека пешачиме за да видиме нешто интересно, сепак е добро да се воздржиме од тоа. Исто така, иако мислиме дека со тоа нема да направиме ништо лошо, патеките постојат токму за таа цел и застранувањето од нив може да доведе до ерозија на почвата, оштетување на вегетацијата и, со текот на времето, многу луѓе кои нема да го почитуваат ова правило ќе направат штета на екологијата на тоа подрачје. Дури и кога е калливо, важно е да останеме на патеката. Секогаш ќе можеме да се исчистиме, но заобиколувањето на калливата патека ќе ја прошири постојната патека и со текот на времето ќе ја уништи средината за чија заштита е направена таа патека.

Оставете само отпечатоци од обувките додека пешачите

Има многу вистина во изреката „Сликај фотографии а остави само отпечатоци од обувките“. Со други зборови, не оставајте отпадоци кога одите да пешачите и секој отпадот земете го со себе за да го отстраните подоцна. И никогаш не изнесувајте нешта од нивната природа средина, како што се цвеќиња, камења или растенија и сл. Тие се таму со причина и се дел од богатата еколошка слика на регионот каде служат или како храна или како дом за дивиот свет.

Најдобро се пешачи во мали групи

Ако пешачите како дел од група, поделете ја таа група во помали групи бидејќи со тоа го сведуваме на минимум влијанието кое човековата активност го има врз животната средина околу патеката.

Кампување и животната средина

Ако сакате да кампувате на крајот од денот, водете сметка дека правилно го одлагате отпадот или го земате со себе кога си заминувате следниот ден, и дека местото каде што се кампувале го оставате во добра состојба, како никој да не кампувал таму. Тоа е кодекс на однесување во природата и покажување добро чувство за животната средина. Исто така, ако во околината има посебни места за кампување, користете ги нив. Не бидете во искушение да кампувате било каде, освен на места предвидени за тоа, бидејќи тоа може да нанесе штета на локалната животна средина.

Најважната работа која треба да се запамети, кога рекреативно пешачиме, е да се обидеме да имаме што е можно помало влијание на животната средина. На овој начин помагаме во зачувување на екологијата и дивиот свет за во нив да можат да уживаат и идните генерации.

Сподели