fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
voved vo zastitenite podracja vo evropa copy

Вовед во заштитените подрачја во Европа

Европска агенција за заштита на природата, 2019

https://www.eea.europa.eu/themes/biodiversity/europe-protected-areas/europe-protected-areas-1

Заштитеното подрачје е јасно дефиниран географски простор кој е препознаен како таков и има за цел постигнување на долгорочно зачувување на природата – заедно со неговите екосистеми и културни вредности. Притоа, со истиот се управува согласно законите или на друг начин, во насока на остварување на таквата цел. Ова е суштината на дефиницијата дадена од Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN).

voved vo zastitenite podracja vo evropa

Општ преглед

Заштитените подрачја опфаќаат најразлични природни и полу-природни опкружувања. Од историски аспект тие имаат најразлични појавни форми – од свети места за домородно население и средновековни ловишта, до современи национални паркови и природни резервати. Овие различни форми се одраз на разните потреби за чија цел се создадени овие подрачја.

По крајот на Втората светска идеја сè поголемото почитување на изворните вредности на природата ја воспостави идејата дека главна улога на заштитеното подрачје е да ја заштитува биолошката разновидност. Сепак, од седумдесеттите години наваму се појавија и повеќе различни модели кои на заштитените подрачја гледаа како суштинска компонента на системот за одржување на живот, како место на биодиверзитет и потенцијален извор на економска добросостојба, под услов природното богатство да се користи на одржлив начин. Социолошката и економската вредност на заштитените поддршка добиваше сè поголемо признание од општеството, како што луѓето стануваа сè повеќе свесни за она што го овозможуваат екосистемите, како поширока активност од зачувувањето на биолошката разновидност. Тука станува збор за чиста вода, регулирање на температурата, обезбедување храна и естетски вредности.

Режимот на управување со заштитени подрачја значително се разликува. Во некои заштитени подрачја, на пример, забранети се активности како што се лов или извлекување на природни ресурси, додека во други човековите активности се дел од нивниот идентитет па дури и неопходност за одржување и обновување на целните видови и живеалишта. Вклученоста на луѓето е клучен фактор за оформување на заштитените подрачја и управувањето со истите.

Во обид да се опишат и категоризираат разните раководни пристапи на поединечни места, IUCN има идентификувано вкупно седум различни категории на заштитени подрачја, зависно од целите кои се сака да се постигнат во управувањето со нив.

Ваквата промена во перцепцијата за тоа што претставува заштитено подрачја исто така значеше и премин од перципирањето на заштитеното подрачје како изолиран простор, кон негово препознавање како дел од една еколошка мрежа. Мрежите на заштитени подрачја овозможуваат поефективно и поусогласено управување со споделеното природно богатство.

Концептот за промовирање на меѓународна соработка за зачувување и мудро користење на природното богатство исто така доби на важност од 1970-тите години досега, имајќи го предвид зголемувањето на меѓународните типови заштитени подрачја и мрежи, како што се мочуриштата Рамсар кои имаат меѓународна важност.

На ниво на ЕУ е формирана мрежата Натура 2000, преку Директивата за птици и живеалишта. Нејзина главна цел е да обезбеди зачувување на целните видови и живеалишта кои се од европски интерес. Мрежата Натура 2000 во најголем дел е заокружена, барем што се однесува до терестријалната средина, а поврзаноста на Натура 2000 местата преку државните граници (во просторна и функционална смисла) е релативно добра. Сепак, во многу земји морската компонента од оваа мрежа во најголем дел е некомплетна, и во најголем дел ги опфаќа крајбрежните води, додека водите кои се подалеку од брегот имаат помали нивоа на заштита.

Емералд мрежата е покрената од Советот на Европа во рамките на Бернската конвенција. Емералд мрежата и Натура 2000 се базираат на истите принципи, тие се целосно компатибилни една со друга и помагаат во развивањето на кохерентен пристап кон заштитата на природните живеалишта и видови на европскиот континент. Тие претставуваат две најважни европски мрежи на заштитени подрачја и најголеми координирани мрежи на заштитени подрачја во светот.

Во изминатиот век забележуваме голем пораст на бројот на заштитени подрачја и на целокупната површина која доби статус на заштитено подрачје. Со повеќе од 120.000 места определени како заштитени во повеќе од 52 држави, Европа учествува со повеќе заштитени подрачја во споредба со било кој друг регион на светот. Големината на определените подрачја во Европа значително се разликува – од едно единствено дрво до повеќе од 97 милиони хектар на Гренланд. Во секој случај, деведесет проценти од местата се помали 1.000 hа. Оваа голема бројка но со релативно мали подрачја е одраз на високиот притисок на користењето на земјиштето кој произлегува од земјоделството, транспортот и урбаниот развој во Европа.

Заштитените подрачја во Европа во голем број случаи откриваат значително географски преклопување помеѓу разни типови на определени подрачја на регионално, национално и меѓународно ниво. Типовите на определување во најголем дел се комплементарни.

Европска политика за заштитени подрачја

Европската политика за заштитени подрачја во најголем дел е производ на иницијативи од два главни извори: Конвенцијата на Обединетите нации за биолошка разновидност и на самата Европска унија. Неколку инструменти го имаат промовирано создавањето на заштитени подрачја, како што се Рамсар конвенцијата, Конвенцијата за светско наследство, Програмата на УНЕСКО за човекот и биосфербата и сл. На европско ниво, тука е Конвенцијата за зачувување на европскиот див свет и природни живеалишта (Бернска конвенција), кој исто така доведе до определување на заштитени подрачја (Емералд мрежа).

На ниво на ЕУ важни се неколку директиви кога станува збор за создавањето на заштитени подрачја: Директивата за птици и Директивата за живеалишта. Со оглед на фактот дека Европската унија исто така е потписник на Бернската конвенција, мрежата Натура 2000 е, во пракса, придонесот од ЕУ кон Емералд мрежата.

Стратегијата на ЕУ за биодиверзитет до 2020 година е главната политичка рамка на ЕУ за делување во насока на остварување на пошироки цели во однос на биодиверзитетот. Целта 1 од Стратегијата се однесува на заокружување на Натура 2000 мрежата и добро управување со истата. Во Системот за информации за биодиверзитетот во Европа (BISE) може да се најдат централизирани информации за европскиот диверзитет, како што се политики, податоци, проценки, дополнителни информации за Стратегијата за биодиверзитет до 2020 година и сл.

Заклучок

Заштитените подрачја се суштината на заштитата на природата, но ваквиот тип на „режим на заштита“ не е доволен да ги решава значителните притисоци врз биодиверзитетот во Европа, како што се полуприродни живеалишта и видови кои исчезнуваат поради напуштањето на земјоделските пракси или поради нивно интензивирање; измени од голем обем кај слатководните системи; загадување и неодржлив риболов на море и сл. Јасните локални бенефити на заштитените подрачја можат да се мултиплицираат само преку општествени промени.

Сподели