fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
zelena ekonomija milo mi e featured

Зелен маркетинг, мило ми е

Развојот на меѓународната и национална политика и регулатива за заштита на животната средина ›зајакнување на еколошката свест на граѓаните› побарувачка за зелени добра и услуги ›препознавање на зелени бизниси на пазарот› проширување на делокругот на деловни активности за еколошки свесни компании –

– согласно овој принцип, во светот се разви зелениот маркетинг – посебна форма на маркетинг во кој се планираат деловни активности земајќи го предвид влијанието што може да го имаат производите и услугите врз животната средина и општеството како целина. Според овој принцип, општото добро стана реклама за стекнување на добра од страна на една индивидуа.

Од законска обврска до правна корист

Со развојот на меѓународната политика за животна средина, се развиваат и национални регулативи кои ги обврзуваат компаниите на принципите на одржлив развој.

Оттука, во Босна и Херцеговина, производителите, дистрибутерите и продавачите на производи спакувани во амбалажа, се должни да се приклучат на системот за управување со амбалажен отпад. Во спротивно, тие ризикуваат да предизвикаат финансиски последици во форма на казни и специјални такси.

Со примена на зелен маркетинг, компаниите можат оваа законска обврска да ја претворат во своја полза – еко-етикета на пакувањето, тие можат да се издвојат од конкуренцијата, истакнувајќи се како компанија која постојано напредува во согласност со политиката за животна средина. Со оглед на тоа дека еко-етикетите ги купуваат само компании кои исполнуваат специјално дефинирани и строго утврдени критериуми, тие се сигурен знак за грижа кон животната средина и секако најдобар знак за зелен маркетинг.

Државата како зелен промотор
Многу земји и меѓународни организации нудат различни стимулации и олеснувања за компаниите кои се вртат и усмеруваат кон зелениот бизнис, како што се на пр., државните субвенции или ослободувањето од обврската за плаќање данок, па дури и доделување на еколошка ознака. На тој начин, државата го насочува работењето на компаниите и промовира заштита на животната средина.

Еколошки освестени потрошувачи

Во согласност со зајакнувањето на глобалната еколошка свест, има сè повеќе потрошувачи кои бараат зелени производи на пазарот. Оттука, се создава потполно нова форма на побарувачка – побарувачката за производи чиј процес на создавање, потрошувачка и отстранување не и штети на животната средина. Ова е местото каде што стапува на сцена зелениот маркетинг.

Доколку компанијата понуди вакви производи, со презентирање на предностите на своите стоки, ќе може да допре до потрошувачите, кои покрај естетскиот изглед, удобноста, вкусот или функционалноста, сега бараат и безбедност и отсуство на штетното влијание врз нив и околината. Затоа е многу важно сите тврдења за зелен маркетинг да бидат вистинити, со цел да се создаде и одржи добра репутација во однос на животната средина.

Еколошки свесните потрошувачи се многубројни во туризмот, како резултат на што во Црна Гора во моментов има 27 хотели и туристички апартмани со меѓународен сертификат за одржливост во туризмот. Сертификатот за одржливост е потврда дека сместувачката единица заштедува енергија и вода во својата работа, како и во средствата за работа и дека економијата се проверува според точно утврдени процедури. На овој начин се инвестира и во вработените, кои стануваат блиски до одржливиот бизнис, а потоа истиот го пренесуваат на гостите и корисниците на услуги.

Еколошки деловен имиџ

Еколошки освестените компании со својот бизнис промовираат зачувување на животната средина, а со тоа потенцијално влијаат и на потрошувачите кои сè уште не го достигнале принципот на одржливост.

Со цел севкупниот процес на производство да биде еколошки и да не и штети на животната средина, и имајќи предвид дека различни компании честопати создаваат само делови од еден ист производ, компаниите мора меѓусебно да соработуваат. На овој начин, компаниите се информираат и еколошката свест се проширува и во деловните кругови. Дури и во деловните активности, еколошките цели можат да се постигнат само преку заедничко дејствување.

Најсилни се најзелените
Регионалната компанија Имлек ги спакува своите производи во амбалажи изработени од природни материјали од обновливи извори, кои што може да се рециклираат стопроцентно 100%. Покрај еко-етикетата на производот, веб-страницата на компанијата детално ги упатува потрошувачите во однос на дефиницијата и придобивките од еко-амбалажата, што ја прави оваа компанија една од ретките што ги едуцира корисниците за придобивките од зелениот бизнис.
Планирана е дистрибуција на шкотското виски Johnnie Walker во шишиња кои во основа ќе бидат направени од хартија. Материјалот за амбалажата, кој ќе биде погоден за рециклирање, ќе се црпи од внимателно уредени шуми и нема да се користи пластика во производството. На тој начин, покрај позитивните економски и финансиски последици, во бизнисот ќе се постигнат и еколошки и социјални последици.
Врвот на зелениот маркетинг е наградувањето на една компанија за нејзината посветеност и заложба на полето на екологијата во самиот деловен процес. Во далечната 2012 година, еден од најголемите светски производители на храна и пијалоци,PepsiCО, ја доби наградата Stockholm Industry Water Award за нејзината посветеност во намалувањето на употребата на вода и енергија во сите деловни процеси, од ланецот на снабдување па се до фабриките. Со трошење на помала количина на ресурси, се доби подеднакво истото задоволување на потребите на потрошувачите, а паралено со тоа и помало загадување на животната средина. Ова е пример за тоа како ефикасните процеси, подобрената продуктивност и пониските трошоци за усогласеност на крајот прераснуваат во маркетинг стратегија – заштита на животната средина како една од најдобрите реклами.
Компанијата за телекомуникации Теленор им дава можност на своите корисници да добиваат месечна телефонска сметка во форма на е-пошта, а за возврат сметката на корисникот се намалува за 50 динари. Покрај тоа, поради намалената потрошувачка на хартија, корисникот може да види на месечната сметка колку дрвја се зачувани благодарение на електронските фактури.
zelena ekonomija milo mi e blog 1

Дел од електронската фактура на Теленор

Со технолошки развој до одржлив бизнис

Од компаниите се очекува постојано да се развиваат и да работат во согласност со најновите достигнувања на технологијата. Новите технологии овозможуваат достигнување на глобалната цел број 12 Обединетите нации, која предвидува рационално користење на ресурсите, потоа намалување на отпадот и воведување на одржливи практики во производствените процеси до 2030 година.

Рационалното користење на ресурсите најдобро се рефлектира во изработката на амбалажата на производот. Трендот е да се намали количината на материјалот што се користи за негово производство, а со тоа и количината на отпад. Решението што води најбрзо до постигнување на глобалната цел на животната средина е комплетно прекинување на употребата на амбалажното пакување. Производ без амбалажа е уште подобра форма на зелен маркетинг од етикетата на пакувањето на производот. Меѓутоа, ако е невозможно да се избегне, принципите на одржлив развој бараат намалување на потрошувачката на енергија за време на амбалажното производство и овозможување на повторна употреба на пакувањето или негово рециклирање.

Намалувањето на потрошувачката на ресурси за компаниите значи и намалување на трошоците. Сепак, воведувањето на современи технологии за компанијата е дополнителен трошок, што честопати се рефлектира во цената на производот.

Оттука, компаниите кои се стремат кон напредок, почитувајќи ја политиката за заштита на животната средина, нудат поскапи производи на пазарот од оние компании кои не се еколошки свесни. Па, како компаниите со еколошка свест ќе ги продаваат своите производи на клиенти на кои им се нудат производи од иста категорија, само по пониска цена?

Со помош на еколошки маркетинг. Презентирајќи ги предностите на нивниот процес на производство, како и позитивните карактеристики на самиот финален производ, компаниите кои го контролираат своето негативно влијание врз животната средина ќе ги продаваат своите производи на потрошувачи со еколошки развиена свест.

zelena ekonomija milo mi e blog 2

Проблемот на Западен Балкан

Земјите од регионот во деловната сфера се карактеризираат со слаба информираност и уште полошо управување со ресурсите, недостаток на волја за преминување кон одржлив бизнис, потреба за замена на материјалите за производство, како и отсуство на одговорно управување со отпад, пред се со рециклирањето.

Заради подобра соработка помеѓу еколошки свесните компании и потрошувачи, во светот се разви еко-менаџментот, кој успешно управува со бизнисот, сето тоа во корист на компаниите, потрошувачите и животната средина. Сепак, во регионот, генералниот менаџмент на компанијата интензивно се развива само во последните неколку години, па затоа е тешко да се зборува за еко-менаџмент.

Со оглед на тоа дека нема пораст доколку истиот не е еколошки одржлив, компаниите од Западен Балкан мораат да станат пријатели на животната средина за да преживеат на пазарот. Забележливо е освестувањето на потрошувачите, и тоа е дополнителна причина за премин кон одржлив бизнис – штом постои побарувачка, време е да се создаде и понуда.

Земајќи го предвид општото добро, компаниите исто така можат да ја постигнат и сопствената цел – профит/добивка, благодарение на зелениот маркетинг. Со унапредување на заштитата на животната средина, се промовираат и стоките и услугите на компанијата.

За почеток, доволно е само да направите еден мал чекор. Наместо пластични кеси, понудете им платнени вреќи на вашите клиенти. Ако сте сопственик на компанија што ги рекламира своите услуги со делење летоци или лепење постери, запрашајте се колку дрвја биле потребни за да се произведат тие рекламни медиуми и дали постои алтернативен начин за да се намалат негативните влијанија врз животната средина.

И, потоа продолжете, сè додека севкупниот ваш бизнис не стане зелен, односно сè додека самиот по себе не прерасне во маркетинг.

Автор: Јелена Јеремиќ – еколошки правник

Сподели