fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
znacajni podracja za rastenija

Значајни подрачја за растенија (ЗПП)

Biodiversity A-Z, UNEP

Значајно подрачје за растенија (ЗПП) е природно или полувештачко место кое се карактеризира со исклучително ботаничко богатство и/ или поддржува многу голем број на ретки, под закана и/ или ендемски видови растенија и/ или вегетација со голема ботаничка вредност. Кога се зборува за овие значајни подрачја, зборот „растенија“ се однесува на алги, фунги, лишаи, растенија како што се гулабови очи, маховини и диви васкуларни растенија. Значајните подрачја за растенија се воспоставени во 1995 година на првата Planta Europa конференција одржана во Иер (Hyères), Франција. Таа се надоврзува на проектот на WWF и IUCN за центри за диверзитет на растенијата од 1994 година кој идентификуваше големи подрачја од ботаничко значење. Програмата за значајни подрачја за растенија е пристап кој се базира на конкретни локации, кој има за цел зачувување на растенијата на национално ниво и формира под-сет од клучни подрачја за биодиверзитетот (Key Biodiversity Areas – KBAs) низ целиот свет. Во моментов, проекти за значајни подрачја за растенија се имплементираат во повеќе од 70 држави (состојба во 2014 година) за да се постигне Целта 5 од Глобалната стратегија за зачувување на растенијата предвидена со Конвенцијата за биолошка разновидност утврдена од државите во 2010 година. Целта 5 се стреми кон тоа да обезбеди заштита на 75% од најважните подрачја за диверзитет на растенијата во светски рамки, до 2020 година, и сето тоа во рамките на еден ефективен менаџмент.

znacajni podracja za rastenija

ЗПП пристапот користи три главни и меѓународно доследни критериуми кои се промовирани од Плентлајф Интернешенел, со цел идентификување на мрежа од најдобри места/ подрачја за конзервација на растенија и нивна заштита. Секое од овие места мора да задоволи еден или повеќе од следниве критериуми:

  • Присуство на видови кои се под закана: на местото треба да има значителни популации (5% или повеќе од националната популација или од петте најдобри места) на еден или повеќе видови кои се засегнати во глобална или регионална смисла на конзервација (видови дефинирани дека се под закана согласно глобалната IUCN листа или согласно регионалната Црвена листа, или согласно други регионално одобрени листи; видови кои се наведени како ендемски/ речиси ендемски/ во ограничен опсег или се под закана согласно националните црвени листи).
  • Богатство на видови: Местото е исклучително богато со флора во регионален контекст, во однос на својата биогеографска зона (содржи голем број на видови во рамките на едно дефинирано живеалиште или тип на вегетација – до 10% од националните ресурси (или подрачје) од секој тип на живеалиште или тип на вегетација, или 5 најдобри места).
  • Живеалишта кои се под закана: Местото претставува извонреден пример за тип на живеалиште кое има глобална или регионална важност (содржи тип на живеалиште или тип на вегетација кои се под закана кои се преземени од регионално признатата листа – 5% или повеќе од националните ресурси (подрачја) на приоритетни живеалишта кои се под закана, или вкупно 20 до 60% од националните ресурси).

Овие глобални критериуми се слични со оние за клучни подрачја за биодиверзитет. Како еден од под-сетовите, се идентификуваат повеќе клучни подрачја за биодиверзитет врз основа на нивниот приоритет за зачувување на растенијата користејќи ги горенаведените критериуми.

Изготвен е исто така и сет од европски критериуми, заедно со методологии и горни граници за идентификување на подрачја како ЗПП во рамките на Европа, а исто така на светско ниво се развиваат голем број на ЗПП проекти кои содржат поконкретни критериуми и горни граници.

Определувањето на едно место како значајно подрачје за растенија не е поврзано со евентуални дополнителни потреби за негово понатамошно управување. Голем број од значајните подрачја за растенија кои се идентификувани се веќе дел, целосно или делумно, од други заштитени подрачја и нивни системи. Системите за сопственост и управување со значајните подрачја за растенија кои се наоѓаат надвор од заштитените подрачја значително се разликуваат. Плентлајф Интернешенел и неговите партнери соработуваат со сопствениците на земјиштето, со регионални и национални власти за да се обезбеди соодветна заштита на овие места и соодветно управување со истите.

Правни прашања – Местата определени како значајни подрачја за растенија најчесто немаат никакво правно утврдување и заштита, освен ако не се дел од други законски заштитени подрачја. Значајните подрачја за растенија обично не се содржани во стандардите и во шемите за сертифицирање, но тие обично содржат барања кои во поширока смисла се однесуваат на сеопфатниот концепт на клучни подрачја за биодиверзитет (KBAs) во чии рамки се опфатени и значајните подрачја за растенија. За примери од овие стандарди и шеми за сертификација кои се однесуваат на клучните подрачја за биодиверзитет, види KBA фактографскиот лист.

Важност за биодиверзитетот – Значајните подрачја за растенија се подрачја важни за биодиверзитетот идентификувани како такви врз основа на големата ранливост и незаменливоста на видовите растенија. Тие се идентификуваат на ниво на целото место и поради тоа се мошне релевантни кога станува збор за ублажување и избегнување на ризикот од загуба на биодиверзитетот и за идентификување на можности кои се однесуваат на конзервација на биодиверзитетот.

Општествено-културолошки вредности  Идентификувањето на значајни подрачја за растенија не се базира на никакви општествено-културолошки вредности. Сепак, со оглед на тоа дека има голема разлика во сопственост врз значајните подрачја за растенија и управувањето со ниво, во нив е можно да има присуство на човекот и негови активности.

Сподели