За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo

Зошто се важни националните паркови?

Национални паркови на Турција

Националните паркови претставуваат големи површини на јавно земјиште кои се наменети за домородните растенија, животни и за местата во кои тие живеат. Овие паркови ги заштитуваат местата кои се карактеризираат со природни убавини и тие се дом на голем број ендемски видови. Тие исто така ги заштитуваат и местата кои се важни за домородното население и местата кои покажуваат како живееле луѓето во минатото.

Националните паркови, во основа, се заштитени подрачја. Дефиницијата на IUCN за заштитено подрачје е дека тоа е „јасно определено географско подрачје, признаено, наменето за и управувано (со законски или со други ефективни средства) со цел остварување на долгорочно зачувување на природата, заедно со нејзините екосистеми и културни вредности“.

Зачувувањето на биодиверзитетот (разноликоста на домородните видови и на екосистемите кои тие ги формираат) е главната причина за постоење на заштитените подрачја. Високите нивоа на биодиверзитет ги одржуваат екосистемите здрави и отпорни, што значи дека тие продолжуваат да ги овозможуваат виталните екосистемски функции, како што се циклично движење на хранливите материи, регулирање на климата, прочистување на водата и воздухот и полинација.

Заштитата на биодиверзитетот е од витална важност за зачувување на нашата економија; нашите културни, духовни и естетски вредности, како и својствените вредности на видовите и на екосистемите. Националните паркови се безбеден дом за домородните растенија и животни и тие ги одржуваат чисти воздухот и водата. Националните паркови се места во кои можеме да уживаме.

Со националните паркови учиме повеќе за животната средина, за историјата и за дивиот свет.

Првиот национален парк на светот, Јелоустоун, е прогласен со Закон донесен од страна на Конгресот на САД во 1872 година, кој ова подрачје го дефинира како „пријатно подрачје за бенефит и за уживање на луѓето, со цел да се обезбеди заштита еднаш засекогаш на ова исклучително природно подрачје.

Нас ни се потребни свеж воздух, чиста вода и здрава храна. Без нив не можеме да живееме. Листовите на растенијата произведуваат чист воздух. Нивните корења ја задржуваат почвата, ја спречуваат ерозијата и помагаат во прочистувањето на водите. Националните паркови имаат голем број на растенија кои имаат голема улога во одржувањето на здрава животна средина.

Националните паркови се места во кои луѓето се релаксираат и уживаат. Голем е бројот на активности кои можат да се прават во овие паркови: пливање, скијање, сликање, качување по планини, фотографирање, уживање во глетката и природата и уживање во чистиот воздух. Националните паркови се места во кои сите можат да научат за домородните растенија и животни и како тие се поврзани едни со други. Историските и други места исто така ни помагаат да осознаеме како живееле луѓето во минатото.

Правила за посета на национален парк:

Правило Зошто?
Домашните миленичиња оставете ги дома Можат да ги исплашат или да ги убијат домородните животни.
Земете си го ѓубрето со себе. Ѓубрето штетно влијае на животната средина
Оставете ги растенијата, животните, камењата, школките и почвата на своето место. Вознемирувањето на овие нешта го загрозува животот на животните и растенијата и ги уништува нивните живеалишта.
Возилата мора да останат на патиштата. Возилата можат штетно да влијаат на растенијата и животните и да предизвикуваат ерозија.
Возете маунтин бајк на патишта, не по патеки. Возењето по пешачки патеки може да ги повреди оние кои пешачат и да ги оштетат патеките.
Одете внимателно – држете се до патеката. Со одењето по патеката нема да ги нарушиме растенијата и животните.
Не собирајте цвеќиња Цвеќињата се храна за инсекти и птици, и тие создаваат семиња од кои потоа растат нови растенија.
Одете во тоалетите, не во грмушките. Со ова штетата врз растенијата и почвата се сведува на минимум.
Не ги допирајте или не одете по историските локалитети. Овие места лесно се оштетуваат со човековите активности.

Личната безбедност во националните паркови

  • • Кога одите некаде, кажете некому каде одите.
    • Земете си вода и храна, топла облека и мантил за дожд.
    • Не одете сами.
    • Внимавајте кога одите по карпи кои се на работ од морето.
    • Ставете масло за сончање и капа.
    • Останете зад безбедносните огради.
    • Пред пливање проверете колку е длабоко, која е температурата и какви се струите.
Сподели