Јабланица – природата не познава граници
29 ноември 2019
Екофилм
Прегледи: 1441
Поделена на две речиси идентични половини, планината Јабланица се простира и на македонска и на албанска страна. За жал, Јабланица ја дели приказната како и многу други планини во Македонија. Во соседството таа е заштитена како национален парк, а кај нас се уште не. Јабланица заслужува да добие третман соодветен на непроценливата вредност што ја има, за заштита на уникатноста на релјефот, разновидноста и густината на шумите, биодиверзитетот, долините, езерата и изворите.
ТВ верзија
Албанска верзија
Документарниот филм „Јабланица – природата не познава граници“ го изработи Институтот за комуникациски студии.