Најголемата мотивација да продолжам со мојата работа е желбата да го откријам животот на дивите животни во Националниот парк Витоша, како и опасностите кои ги демнат - со оваа мисла, биологот Николај Доикин секојдневно ја извршува својата работна задача во Националниот парк Витоша.

Кога последен пат се напивте од убавиот Охридски чај? Помисливте ли каде и до кога ќе го има? 50 проценти од вкупната флора во Македонија се наоѓа на Галичица. Планината која има да даде на сите, бара едукација особено на локалното население за да не се истребат ендемичните растенија.

Во нашата земја има 4 фамилии со вкупно 16 различни видови змии. Фамилијата Црвовидни змии (Typhlopidae) е присутна со еден претставник со истото име. Фамилијата Удави (Boidae) исто така има еден претставник - степскиот удав. Фамилијата Смокови (Colubridae) има 11 претставници: шумски смок, жолт смок, медена змија, белоушка, рибарка, стрелец, леопардов смок, балкански смок, ждрепка, длабочелен смок и мачја змија.

Како идеална локација за одмор оваа година, решивме да одиме на островот Црес. Се работи за остров кој се наоѓа во северниот дел од Јадранското Море. По островот Хвар, Црес е втор по големина остров на Јадранот кој е специфичен по своите стрмни карпи и недостапни песочни заливи, до кои може да се пристапи само од морето. Освен тоа, островот е мошне висок - највисокиот врв е над 600 метри надморска височина. Интересно е што 45-от меридијан на географска должина поминува токму низ овој остров. Да го споменеме и големото слатководно езеро Врана кое се наоѓа во средината на островот. Ова езеро е најголемата крипто-депресија во Хрватска т.е. неговото ниво е повеќе од 13 метри над нивото на морето, а дното на езерото е на околу 61 метар под морското ниво. На оваа длабочина има и отвор преку кој навлегуваат подземните води кои го полнат езерото со вода за пиење, така што ова езеро е главниот извор на вода за пиење за целиот остров Црес. Сепак, овој остров не е познат по езерото Врана, туку по реткиот и критички загрозен вид птица што се гнезди тука. Се работи за големиот месојад, белоглавиот мршојадец. Наша цел за годинешниов одмор беше да ги видиме овие грациозни птици, да ги фотографираме во лет и да уживаме во нивното присуство.

Островот Голем Град е дел од Националниот Парк Галичица и дел од зоната под строга заштита.

Пајаците се важни биоконтролори кои ги регулираат популациите на штетниците на земјоделските култури.

Богатата биолошка развовидност е главна одлика на нашата држава. Различниот број на релјефи и пејсажи создал можност за развој на многубројни екосистеми и живеалишта што преставуваат дом на голем број видови на животни. За жал, модерниот начин на живот ни нуди мала можност ние да го пратиме и набљудуваме фасцинантиот живот на животните. Многу делови од нивното живеење, ни остануваат тајна, но еве некои работи за кои знаеме.

Пред две децении, Србија беше населена со дури десет пара царски орли, а потоа, заради човековото влијание, остана само еден. Таков беше случајот сѐ до мај 2020 година, кога, по упорните заложби на поединци и организации, Србија беше победоносно населена со уште два гнездечки пара.

Морници, страв и гадливост се главните чувства кај најголем дел од луѓето при помислата на змии, а тие лесно може да прераснат во шок и неконтролирано однесување при случајна средба со овие животни. Вродениот страв од змиите, но и нивното демонизирање од религиите, медиумите и филмската индустрија придонесуваат за појава на колективна фобија од змии односно офидиофобија (оphidiophobia) и во Македонија. Една од главните причини за прекумерниот страв од змиите е недоволната едукација за природата. Незнаењето води кон неразумно убивање на овие животни, што може да предизвика сериозни последици врз еколошкиот сиситем и здравјето на луѓето.

Неизвесност и информативен мрак го мачи населението што живее во пазувите на Шар Планина, за којашто е во тек постапката за прогласување за национален парк. Тоа го покажа теренското истражување на екипата на Институтот за комуникациски студии, спроведено со цел да ги детектира проблемите на жителите од селата коишто лежат на падините од македонската и од косовската страна на Шара. За да го „осветлиме“ овој процес, разговаравме и со научници, со претставници на невладини организации, на Владата, со туристички работници и со инвеститори. Нашите наоди покажуваат дека постои опасност границите на идниот национален парк предложени од научната фела да се менуваат за да се задоволат нечии бизнис-интереси.

Во 21 век селаните со црковни камбани се собираат на Вратничка Река за да ја спасат од моќници кои и се настрвиле на природата. Нивниот профит за нив е прекин на живот. Велат дека ако снема вода, ќе исчезнат нивните села. Бројните хидроцентрали и дивата сеча се рак рана за планината која со години чека да стане национален парк.

Уништувањето на реките на косовскиот дел од Шар Планина продолжува иако ова подрачје веќе 30 години е заштитено како национален парк. Жителите велат дека локалната и централната власт им работат зад грб и дозволуваат изградба на мали хидроелектрани со што се загрозува опстојувањето на реките од кои се снабдуваат со вода за пиење и наводнување.

Иселувањето на младите и стареењето на населението ги празнат селата и општините на Шар Планина, за која во тек е постапка за прогласување за национален парк. Жителите не се доволно информирани за промените што ги носи овој процес и за придобивките од заштитата на природата што може да придонесат за задржување на младите во родниот крај.

Македонија не знае да ги искористи природните убавини за да го развие туризмот, а најдобар пример за тоа е слабата посетеност на Шар Планина. Таа има огромен потенцијал за скијачки спортови, планинарење, еко-туризам, органско производство... Засега ваквите можности ги гледаат само поединци и ентузијасти кои самоиницијативно вложуваат во развој и промоција на оваа „убавица“. Тоа би можело да се смени со прогласувањето на планината за национален парк.

Шар Планина во себе крие голем туристички потенцијал. Со нејзиното прогласување за национален парк ќе се создаде нов национален туристички бренд што дополнително ќе ја промовира оваа планина на домашниот, но и странскиот туристички пазар. Сепак, на Шара недостасува потребната туристичка инфраструктура како и слухот на државата да ги имплемтира предлозите за развој на туризмот наведени во стратегиите и туризмолошките анализи. Кога Шара ќе стане национален парк ќе се отворат нови можности за екотуризам, но ќе се ограничат веќе постоечките туристички гранки како ловниот и риболовниот туризам.

Во куќите и кафеаните во населените места на Шар Планина може да се сретнат „трофеи“ од препарирани диви животни како рисот и мечката, чијшто лов е строго забранет. Тоа е документирано во Студијата за валоризација на Шар Планина, којашто беше прв чекор кон одлуката за прифаќање на инцијативата за прогласување на ова наше природно богатство за национален парк. Во неа се укажува дека една од заканите за загуба и намалување на виталноста на одредени видови животни на Шар Планина е неконтролираниот лов.

Најмладиот парк на природата во Бугарија покажува како заштитените територии можат одржливо да се користат.

Насоки како треба да се однесувате доколку сретнете змија на својот пат.

Осогово се ноаѓа на почетокот на долгиот пат до негова конечна заштита и прогласување за заштитен предел. Се ставањето на Осогово под заштита, Македонија има шанса да си ја олесни работата кога во преговорите со ЕУ ќе дојде до 27 поглавје што се однесува на животната средина.

Големите штркови гнезда, поставени долж патиштата, високо на електричните столбови се честа слика речиси низ сите делови на држвата од рана пролет па се до последните топли денови во есента. Враќањето на штрковите меѓу јавноста во Македонија се смета за неофицијален почеток на пролетта. Тие, заедно со ластовичките се првите знаци дека ладните зимски месеци завршуват и почнува новата сезона.

Светската пандемија од вирусот Ковид 19 наметна воведување на вонредна состојба во многу земји во светот па и кај нас. Тоа придонесе многу сектори во општеството да го сменат начинот на функционирање. Истражувачките и теренски проекти не беа ни малку имуни на овие промени. Поради полицискиот час се намали работниот ден, а забраната за движење по шумите подоцна дополнително ги ограничи можностите за работа. Ова многу влијаеше и врз работата на членовите на тимот на Македонското еколошко друштво (МЕД), чиишто работни обрвски налагаат активна работа на терен, која никако не може да се замени со работа од дома или на далечина.

Повеќе од еден месец, заштитените подрачја во Скопје се тивки и мирни. Полицискиот час го ограничи и намали движењето на луѓето низ овие подрачја кои вообичаено се најпосетуваните излетнички места во скоскиот регион. Бевме навикнати во пролетните и летните периоди тие да се преполни со посетители, туристи и планинари, со автомобили и автобуси насекаде и многу, многу бучава. Денес, Матка, Водно и Гази Баба накратко се оставени сами, да здивнат од повеќегодишната борба со интезивна урбанизација, уништување и/или лошо управување.

Празните улици, булевари, тротоари, паркови и кејови за време на полицискиот час, ги натареа животните од Скопје, прво срамежливо, а потоа слободно да се движат низ нив. Ова не се случува само туку и сцени од животни кои слободно се шетаат низ светските метрополи можат овие денови да се сретнат насекаде. Често се спочнува фразата „природата се враќа“. Но, дали е навистина така? Што всушност се случува со животните низ урбаните средини?

Водните станишта се едни од најзагрозените екосистеми во Македонија.

Голем број на бактерии и вируси имаат можност да мируваат во замрзната земја и по неколку илјади години.

Според најновите најави, Шар Планина треба да стане петиот национален парк во Македонија.

Македонија, често велат дека е земја со големо природно наследство. Во природно наследство се вбројуваат делови на природата и локалитети кои се состојат од геолошки, физичко-географски или биолошки формации, кои имаат исклучителна вредност од естетска, конзервациска или научна гледна точка.

Биолошката разновидност и екосистемските услуги придонесуваат на различни начини за добросостојбата на луѓето. Богатството и хетерогеноста на видовите и екосистемите се основни обележја на биолошката разновидност во Македонија. Според анализите за богатството на биолошката разновидност на одделни земји од Европа, Македонија се наоѓа на самиот врв на листата на држави познати како европски жаришта.

На меѓународно ниво, Маркови Кули во 2004 година е идентификуван како едно од 42-те значајни растителни подрачја во Република Македонија. На подрачјето на Маркови Кули регистрирано е присуство на 8 видови на водоземци од вкупно 15 видови кои ја населуваат Република Македонија, што претставува околу 53% од диверзитет на водоземци на национално ниво.

Мариовскиот предел поседува огромни естетско-визуелни вредности поради својата типичанта архитектура на, поради специфичниот релјеф и бојата на подлогата што ја дава гранитот. Потенцијалите за туризам и рекреација се огромни. Од друга страна, напуштањето на земјоделството придонесло овој предел да поседува и многу големи вредности од аспект на биодиверзитет.

Во Македонија, еколошките проблеми и проблемите со животната средина се процеси кои траат долго и тешко се решаваат. Причините се ова се разни; политички интереси и воља, финансирање, приоритети или конфликти со економскиот развој. Но, сепак кај нас постојат и мали примери и докази за успешно спасени или зачувани екосистеми и видови. Таква е приказната за  Локуф - малото  мочуриште, во срцето на Дешат.

Во првата македонска Национална црвена листа се впишани загрозените видови на водоземци, влечуги и растенија.

Загубата и уништувањето на живеалиштата, загадување на почвата и водата, како и прекумерната употреба на пестициди се главните причини за намалувањето на бројот и видови на инсекти низ светот.

Биолошката разновидност има многу важна улога во човековото општество и во економијата, бидејќи обезбедува бројни добра и услуги од кои зависат приходите на населението. Такви добра кои произлегуваат од биолошката разновидност се храна, влакна, гориво, чиста вода и воздух, плодни почви, лекови и природна контрола на штетници и заболувања. Покрај ова, биолошката разновидност, има и непроценлива културна, естетска и рекреативна вредност.

Југоисточно од Скопје, во прегратките на Караџица се наоѓа планината Китка. Таа е дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина и претставува негова североисточна гранка. Често, она што локалното население го нарекува планина, всушност релјефно е дел од поголем планински масив. Мокра Планина или Јакупица се издига во централниот дел на Република Македонија и претставува простран планински со карактеристично ѕвездесто протегање. Според височината од 2539 m е четврта највисока планина во Република Македонија. Повеќето разграноци (кои локално се нарекуваат посебни планини) продолжуваат радијално од централниот и највисок дел на масивот Мокра Планина. Такви се: Јакупица, Даутица, Караџица, Голешница, Салакова Планина и Китка.

На само неколку километри од центарот на Скопје, сместено помеѓу планината Сува Гора на запад и природниот резерватот „Јасен“ на исток се наоѓа езерото Козјак — најголемо вештачко езеро во државата.

Зимата е најризичен период од годината за преживување на птиците, особено поради недостигот на храна во природата.

Моментално волкот ја населува целата териоторија на државата со стабилна популација од 800 до 1000 единки.

Високо  на Јакупица, низ густата букова шума, со брзаци се провива Кадина Река, сината вена на Јакупица.

Се претпоставува дека во Македонија живеат помеѓу 160-200 единки на кафеава мечка, најмногу во границите на националните паркови.

Голем Кораб со 2753 м. е највисокиот врв во Македонија, а четврт највисок на Балканот.

Земјените кукли во Куклица е еден од најважните геолошки локалитети во Македонија. Иако е под законска заштита и управуван од општината сепак е под постојан притисок за уништување од немарните туристи како и неправилните начини за негова конзервација.

По течението на малата Морошка Река, во античкото село Мородвис, се наоѓаат група на стари, вековни платанови стебла – природна реткост и пример за тоа како правилно се уредува и заштитува природното наследство.

Беласица има најголем степен на заштита од грчка страна. Тука планината, заедно со регионот околу езерото Керкини, се национален парк. Ова подрачје настанало 1932 година, со изградбата на брана на реката Струма. Како парк функционира околу 40-ина години. Заштитен со Рамсарската конвенција, на ова место годишно доаѓаат илјадници странски туристи.

- Според Валоризација на природните вредности, планината Беласица од македонска страна се предлага да биде подрачје од категоријата Заштитен предел, што значи дека заштитеното подрачје се управува заради неговиот пејсаж.

Националниот парк Пелистер е прогласен во 1948 година и претставува прво заштитено природно богатство во Република Македонија. Се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и се протега на падините на Баба Планина. Зафаќа површина од 17.150 хектари. Највисок врв е врвот Пелистер-2.601 m н.в. кој е и трет највисок планински врв во Република Македонија. Геолошкиот состав на оваа планина е разновиден од палеозојски шкрилести карпи (серија на кварц-серицитски и зелени шкрилци и филитоидна серија), гранитоидни карпи со палеозојска старост, тријаски формации (габрови, дијабази, долерити), па се до најмладите мирмекитски гранити. Растителниот свет на Пелистер е мошне разнообразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење.

Источниот дел на Македонија претставува вистинска ризница на предели и пејсажи. Но, за жал до денес многу локалитети во овој дел на државата остануваат не толку познати и искористени од јавноста. Така е и со езерото Калиманци, неискористениот бисер на истокот.

Националниот парк Маврово е најголем меѓу трите во Македонија. Неговите граници се простираат на неколку планини Кораб, Дешат, Шар планина, Бистра и Крчин.Има 73.088 хектари. Во границите на паркот се среќаваат: речни долини, клисури, водопади, пештери, леднички езера. Прогласен е за национален парк во 1948 година. Од вегетацијата на паркот најголема застапеност има заедницата од горска букова шума. Има 1435 различни видови растенија, од кои лековити се 1404. Единствено наоѓалиште е за 12 растителни видови, а многу ретки има 33 видови растенија.

Во националниот парк Галичицае идентификуван значаен биодиверзитет. Со сериозни истражувања е потврдено дека Галичица е жешка точка на разновидност во Македонија, но и пошироко во регионот. Од тие причини често од експертите Галичица е именувана како Кавказ на Балканот.

Преку заштита на значајните подрачја за птици, се подобруваат условите во кои миграторните птици живеат.

Лешница e долина на Шар Планина, која се наоѓа во средишниот дел, односно во градниот кош на Шар Планина. Уште нарекувана и срцето на Шара, оваа долина ја краси посебна местоположба и убавина. Низ неа поминува и најголемата тетовска река Пена која се спојува со Лешничка Река, а во далечината се гледа и највисоката точка на Шар Планина, Титов Врв.  Се дели на Долна Лешница која е на 1450 метри надморска височина и Горна Лешница од 2221 метар надморска височина. Овој локалитет се одликува со алпски карактер,високи карпи,  густа зимзелена и букова шума, како и со богата флора и фауна која може да се најде само на ова место. Од особено значење се шумските плодови како боровинки, малини и разни видови билки и растенија.

Во ридовите веднаш над кумановското село Орашац, скриено во густа дабова шума се наоѓа палеонтолошкото наоѓалиште Орашац, едно од поважните геолошки локалитети во државата.

Подрачјето на Македонија изобилува со најразлични природни и културни реткости кои за многу луѓе останале непознати, непромовирани и воедно и незаштитени. Еден од таквите локалитети, поточно локалитетот Камени топки и камени чинии се наоѓа во близина на селото Уланци. Селото е рамничарско ( на надморска височина од 120 метри ) и  се наоѓа во рамките на општина Градско, на левиот брег на реката Вардар.

Кратово не е богато само со историски туку и со природни реткости. Во срцето на средновековниот град, познат по мостовите и кулите се крие и локалитетот Карши Бавчи, заштитено природно подрачје што ја раскажува приказната за врската помеѓу природата, луѓето и историјата.

Во срцето на историската Лакавичката област се наоѓа акумулација Мантово. Тоа е вештачка акумулација која се наоѓа на коритото на реката Крива Лакавица во границите на општината Конче. Езерото Мантово е изградено во 1978 година, со цел да задоволи неколку потреби. Езерото се користи за наводнување на земјоделските површини во Радовишко Поле, обезбедува вода за потребите на рудникот Бучим и обезбедува водоснабдување на Општина Конче. Освен технолошко-земјоделска фунција, замислено е да има и туристчко рекреативна улога во овој дел на Македонија.

Строгиот резерват „Тиквеш“  се наоѓа на јужниот дел на Тиквешкото езеро и зафаќа 9.700 хектари водена површина и 950 хектари копно на кои живеат 39 грабливи птици. Прогласен е за резерват на 23 јули 1997 година.

Ботаничарот Август Гризебах за прв пат ја открил и евидентирал моликата како растителен вид во националниот парк „Пелистер“ на 2 јули 1839 година.

Паркот Преспа е првата прекугранична заштитена област на Балканот која опфаќа 3 национални паркови и еден парк на природата. Националниот парк „Галичица“ и паркот на природа „Езерани“ кај нас и Националните паркови Преспа во Грција и во Албанија. Со заедничка декларација трите држави се обврзаа дека заедно ќе работат на заштитата и одржливиот развој на Преспа.

Островот е во надлежност на Националниот парк Галичица ,  обврска која ја добил пред повеќе од половина век, кога Преспа се уште била дел од Охридскиот регион. Но и покрај законските ингеренции,  за островот реално не се грижи никој.

Некаде од средината на летото па се до првите студени денови често низ македонските борови шуми, може да забележиме големи бели влакнести ќеси што висат надолу од боровите гранки. Тоа е боровиот четник. Инсект кој претставува најголема опасност за боровите насади кај нас, но и низ земјите на Медитеранот.

Некои видови на орхидеи кои растат кај нас, имитираат женки бумбари со цел да ги привлечат мажјаците да ги опрашат.

Суши, екстремни температури и поплави се најголемите природни катастрофи со кои ќе се соочува Македонија во блиската иднина.

Во дворот на познатиот Лесновски манастир, веднаш до манастирската врата и до црквата се наоѓа едно од најинтересните заштитени подрачја во Македонија – лесновската црна дудинка. Ова живо дрво спаѓа во групата на најмали по површина заштитени подрачја - поединечни стебла.

Источниот дел на Македонија изобилува со неоткриени, непознати или пак заборавени места и локалитети. Еден од нив е и Пониква – круната на Осоговските Планини. Некогашното најпознато место за настава во природа и ски часови сега чека повторно да го врати својот познат сјај.

Охридско Езеро е веројатно најразновидното езеро во светот и претставува еко-систем од глобално значење кој овозможува преживување на реликтни видови.

Помеѓу селата Горно и Долно Караслари, покрај автопатот Е- 75 се наоѓа локалитетот Караслари, едно до најзначајните палеонтолошки наоѓалишта во Македонија. Овој локалитет за прв пат е откриен и истражен во 1973 година, кога за време на изградбата на автопатот Велес – Гевгелија се откриени големи количества на фосилни остатоци. Изградбата на овој автопат овозможила да се детерминираат многу нови и дотогаш непознати палеонтолошки наоѓалишта меѓу кои и Караслари.

Скопското Кале е најстариот симбол на Град Скопје и заедно со Камениот Мост се најпознатите белези на градот и неговата историја. Калето како доминантна точка надвиснува на градот во неговото централно подрачје. Освен што е познато како еден од највредните споменици на култура во Скопје, Кале е и заштитено природно подрачје.

На пролет може да се доживее целиот колорит на Шар Планина. Таа се протега на 80 километри и е широка до 20 километри и претставува гигантски импресивен и невообичаен масив.

На југот на Македонија, на крајот на Тиквешијата се наоѓа Демиркаписката Клисура, која претставува една од најинтересните природни реткости на Балканот. Демиркаписка Клисура е најмаркантната клисура на реката Вардар. Таа започнува од утоката на реката Бошава и се протега до селото Удово во должина од 19,5 km. Клисурата е всечена меѓу разграноците на Конечка и Градешка Планина на исток и разграноците на Кожуф, односно Маријанска Планина на запад. Нејзините страни се високи 500-600m и на некои места доста стрмни, особено во почетниот дел кај Демир Капија, каде што се речиси вертикални. По дното на клисурата има големи напласти на алувијален нанос од реката Вардар и од локалните притоки. Затоа има појава и на неколку мали речни острови, од кои најголем е Демиркапискиот Остров. Почетниот дел од клисурата е краткиот, но типичен кањон на Иберлиска Река (лева притока на Вардар), со вертикални варовнички страни длабоки 250-300 m.

Појавата на кактуси во Демиркаписката клисура е пример за популација со алохтони видови.

Во Македонија не постои државен катастар на пештери и не се знае точниот број на истражени пештери.

Во рамки на најголемиот од трите национални паркови, Националниот парк Маврово, се наоѓа селото Жировница, сместено во прегратките на планината Дешат и Кораб и под будно око на планината Бистра. Селото Жировница воедно е и најсеверното село во областа Долна Река (41°40′27″N 20°35′8″E ) и се наоѓа на надморска височина од 912 метри. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.608 жители (Македонци, Албанци, Бошњаци и др.).

Реките се едни од најзагрозените екосистеми во Европа. Во Македонија сѐ уште постојат диви реки, но полека ги губиме. Во април ги прашавме граѓаните дали би подржале проекти за целосно чистење на реките и речните корита во државата. Дури 98% од испитаниците одговорија дека се согласуваат со ваквиот предлог, а само 1% не се согласуваат или немаат став. Во меѓувреме, македонските реки се под постојан притисок од комунални и индустриски води, цврст отпад и други хемиски супстанци кои тешко се разградуваат и се таложат во водниот свет, а интензивното градење на малите хидроелектрани, пак, целосно го уништуваат животот и течението на реките.

Во мртвите стебла гнездат голем број на птици и лилјаци, а мравките и пчелите прават колонии. Додека некои габи исклучиво растат на вакви стебла.

Најголемите реки во Македонија имаат висок индекс на загаденост.

Европската блатна желка и балканската блатна желка се единствените водни желки во Македонија.

Државата цела деценија не издвоила пари за истражувачки проекти на Хидробиолошкиот завод во Охрид. На само 13 доктори биолози и двајца асистенти им е оставено да го проучуваат водниот и растителниот свет во сите езера во земјава, но и да алармираат за болести и нарушувања на флората и фауната кои незизбежно се случуваат во налетот на климатските промени и загадувањето на животната средина. Финансирањето на истражувањата најчесто е од странски донации.

Мегалитската опсерваторија Кокино беше откриена во 2001 година, а во 2005 година прогласена од американската вселенска агенција НАСА за една најстарите на светот.

На самиот влив на реката Пчиња во Вардар се наоѓа Кожле, локалитет со исклучително биолошко значење. Кожле се наоѓа во близината на селото Кожле, лоцирано во областа Блатија близу автопатот Е- 75. До селото се доаѓа преку тесен локален пат кој води од Катланово. Селото е речиси иселено.

На само неколку километри од центарот на Скопје се наоѓа еден од најзначајните спелеолошки објекти пештерата Долна Дука, која и покрај својата вредност останува незаштитена. Пештерата се наоѓа на источните падини на планината Жеден на 450 м.н.в., во близина на селото Рашче, а но неа води оштетен макадамски пат на кој нема знаци и насоки.  До пештерата може да се стигне и преку неколку козји и пешачки патеки.  Пештерата  Дона  Дука  е првата  истражувана  пештера на територијата на Република Македонија, а првичните сознанија за оваа пештера го означуваат и почеток на спелеолошките истражувања  во  Македонија. Дона  Дука  со  вкупна должина (должина на сите пештерски канали) од 650м е четврта по големина во Македонија.

Во Македонија често природните и културните богатства се испреплетуваат и формираат чуден мозаик на релјефи и региони. Типичен пример за тоа е локалитетот Маркови Кули - една од наjуникатните точки на мапата на Македонија. Марковите Кули се значајни поради своите природни и геолошки вредности, но и поради богатото историско минато.

Претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата вчера биле во општина Сарај за да добијат одговори од градоначалникот Блерим Беџети зошто не се постапува по дивопоставените платформи на кањонот Матка и да испитаат дали има незаконско работење и елементи на корупција.

Повеќе од 200 школки и десетици сомови од пресушените езерца во Градскиот парк во Скопје беа спасени благодарејќи на двајца граѓански активисти. Тие со денови ги хранеа и чуваа во своите домови додека градските власти ги чистеа коритата со тешка механизација.

„Ќе одговориме на барањата за легализација на дивоизградените платформи на кањонот Матка со одбивање, но таа постапка мора да ја завршиме законски. Ова е одговорот на градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, за тоа дали и кога ќе ги урне спорните платформи за кои и самиот тој неколкупати истакна дека се дивоградби.

Во климатологијата, пролетта е сезона во годината помеѓу зимата и летото, односно период во кој температурите почнуваат да растат. Временска сезона е една од четирите поделби на годината во зависност од годишните промени на времето, а годишните времиња се предизвикани од закосувањето на Земјината оска во однос на рамнината на ротација околу Сонцето. Сите четири сезони: пролет, лето, есен и зима се четирите годишни времиња кои започнуваа со зимскиот солстициј односно најкраткиот ден во годината на 21 декември.

Катлановскиот предел е едно од најзначајните заштитени подрачја кои се наоѓаат во близина на Скопје. Со Секторската студија за заштита на природното наследство (1999) изготвена за потребите на Просторниот План на РМ (2004), овој предел е евидентиран како заштитено подрачје од III категорија, односно претставува споменик на природата. На меѓународно ниво Катлановскиот предел е идентификуван како значајно растително станиште (2004).

Се прави ли обид да се легализираат дивоизградените  платформи во заштитеното подрачје Кањон Матка е прашање кое заслужува посебно внимание откако надлежните институции кренаа раце од овој случај со образложение дека станува збор за објекти за кои е поднесено барање за легализација согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Планинарските домови Папрадиште и Чеплес во велешко не би функционирале без пожртвуваноста на ентузијастите и вљубениците во планината, а незаинтересираноста на локалната и централната власт за инвестирање и развој на ваквите капацитети најдобро го илустрира жалната слика што нашата екипа ја затекна во планинарскиот дом Бреза, кој некогаш беше главно викенд-прибежиште за велешани, а денес е претворен во руина.

Најзастапени безретници се мувите, па пајаците и тврдокрилците. Најголем број на видови се наоѓаат во домашната прашина, под креветите, во аглите од собите и во душеците.

Сува и топла клима, пространи пасишта и ниска вегетација, а на ретките езерца и потоци жедта ја гаснат жирафи и хипариони, додека во хоризонтот се забележува стадо мастодони. На дрвјата се слушаат повици од мајмуните. Вистинска савана. Вака некогаш изгледала територијата на Македонија за време на миоценот пред околу 5.3 милиони години.

Македонската територија има значајни геолошки локалитети кои датираат од пред милиони години и се сметаат за единствени во светот. Бидејќи се специфични, тие можат да бидат атрактивни за бројни домашни и странски посетители. Геолошкиот диверзитет е тесно побрзан и со биолошката разновидност, па преку заштитата на релјефот влијаеме и врз заштита на живиот свет. Во февруари ги прашавме граѓаните колку се запознаени со геолошкото богатства на Македонија. Повеќе од една третина (40%) од испитаниците одговориле дека се запознаени, а речиси исто толку односно 44% одговориле дека не се запознаени со геолошкото богатство на државата. Во Македонија постојат уште многу места кои треба да се истражат и да се промовираат.

Меловите над пехчевското село Црник имаат посебна вредност поради својата реткост и репрезентативност. Геотуризмот е можност за развој на источниот регион, ако се нуди заедно со планинарењето, планинскиот велосипедизам, сафари со џипови и други видови разгледувања на природата.

Палеонтолошкиот локалитет Стамер не е обележан и никаде не е назначена неговата важност. Тој е загрозен и од геолошките истражувања за резерви на јаглен.

На околу 850 метри надморска височина, сместен како во дупка во шумата се појавува импозантен отсек длабок шеесетина метри, со карактеристични форми на камени фигури.

Повеќе од две недели ниту една институција во државава не успеа да лоцира одговорност за поставувањето на дивоградби во Кањонот Матка, заштитено подрачје, Споменик на природата.  Под притисок на јавноста, надлежните го прекинаа институционалниот молк и одржаа состаноци, испратија барања и известувања, сепак се прогласија за ненадлежни и одговорноста ја префрлија во друга институција.

Тешки последици по екосистемот на Охридското Езеро предизвикува намерното опожарување на трската која е природен биофилтер на езерото и дом за голем број животни. Оваа појава речиси секоја година се случува неколку месеци пред почетокот на летната сезона и на тој начин се расчистува теренот за различни цели.

Дивопоставената метална платформа на Матка веќе е покриена со дрвени даски, а фирмата која изнајмува чамци за туристичка прошетка најавува дека налето ќе има кафуле. Инспекторите на Градот Скопје, под чија управа е кањонот, утврдиле дека инсталацијата е дивоградба и и дале насоки на општината Сарај да ја сруши оти таа е надлежна за тоа. Од сите консултирани институции, најнетранспаретна е општината Сарај која остана должна да одговори дали и кој дозволил да се гради на заштитеното подрачје кое потекнува од леденото доба.

Урбаното зеленило во Скопје веќе една декада драстично се намалува, како последица на зголемената и нерегулирана урбанизација. Зелените површини се заменија со станбени и бизнис објекти, а скопјани се ограничени на само неколку локации каде може да се рекреираат и да уживаат во природата. Урбаната шума Гази Баба е еден од последните зелени острови во градот која најмногу поради својата локација сè уште не станала жртва на претераната урбанизација.

Офидиофобија е страв од змии и други видови рептили. Се смета дека ова е еволутивно најстара фобија на цицачите која се развила со цел да се заштитат од опасност.