На само неколку километри од центарот на Скопје, сместено помеѓу планината Сува Гора на запад и природниот резерватот „Јасен“ на исток се наоѓа езерото Козјак — најголемо вештачко езеро во државата.

Езерото е долго 32 км, длабоко 130 м, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 м. Езерото се наоѓа на околу 25 км. низводно од вливот на реката Треска во реката Вардар. На езерото има брана со висина од 126.1 м и со неа е пресечено течението на реката Треска. Изградбата на акумалацијата е почната во 1994 год., а завршена е и пуштена во употреба во 2004 год. Водата од акумулацијата се користи првенствено за хидроенергетски цели, но претставува и регулирана вода за низводните хидроцентрали како и вода за наводнување на Скопско Поле. Кон езерото водат два пата: јужниот пристап кон езерото води од Македонски Брод и се протега по течението на реката Треска. Другиот пристап е од Скопје при што патот се протега под јужните падини на Водно. Не се знае точно зошто ова езеро на мапите е впишано и го носи името Козјак. Според географите, според местоположбата и географијата ова езеро би требало да се вика Поречко Езеро.

Кај локалното население и кај жителите на Скопје со години постои сомнеж дека вештачката акумулација Козјак има големо влијание врз влажноста на воздухот и врз целата клима на Скопје воопшто. Секако ова не е научно потврдено и е речиси невозможно. Поголемите акумулации секако дека влијаат на микроклиматските услови во тесната околина. Ова најчесто е во форма на магла, испарување и поголема влажност. Но ова делување е многу ограничено. Поради физичката одалеченост и геомофрологијата на теренот, мала е можноста акумулацијата да влијае на Скопје.

  • Ezero-Kozjak-pejsazot-i-lugeto-1
  • Ezero-Kozjak-pejsazot-i-lugeto-2
  • Ezero-Kozjak-pejsazot-i-lugeto-3
  • Ezero-Kozjak-pejsazot-i-lugeto-4
  • Ezero-Kozjak-pejsazot-i-lugeto-5
  • Ezero-Kozjak-pejsazot-i-lugeto-6
  • Ezero-Kozjak-pejsazot-i-lugeto-1
  • Ezero-Kozjak-pejsazot-i-lugeto-2
  • Ezero-Kozjak-pejsazot-i-lugeto-3
  • Ezero-Kozjak-pejsazot-i-lugeto-4
  • Ezero-Kozjak-pejsazot-i-lugeto-5
  • Ezero-Kozjak-pejsazot-i-lugeto-6

Еден од поголемите проблеми со кои се соочува езерото е сезонската суша. Веќе неколку години по ред езерото речеси во целост ја губи водата или се повлекува бреговата линија.

Вештачките водени акумулации насекаде низ државата секогаш освен водостанбнителен и енергетски карактер имаа и туристичка и рекреативна улога. Езерото Треска е привлечна локација за локалното население, а особено за риболовците. Според Риболовната Федерација на Македонија, на акумулацијата Козјак е дозволен рекреативен риболов. Во Козјак ихтиофауната е составена од поголем број на видови кои припаѓаат на поголем број на фамилии и е можен рекреативен риболов преку целата година на цела површина на акумулацијата. За успешна реализација на физичката заштита на рибниот фонд од акумулацијата Козјак има рибочувари.

Сепак, ова езеро ја доби својата популарност и зголена посетеност поради присуството на интересен релјеф, геоморфологија и пејсаж. Сите овие причини го прават привлечна локации за сите вљубеници во фотографијата. Ова се должи најмногу на место десен познато како ,,Видиковецот”. Ова е всушност местотото викано Црвена Карпа и се наоѓа на работ од сртот на ридот Говедарник. Од тука низ хоризонтот се гледа дел од Поречјето како и неколку километри од езерото и повеќе заливи. Токму ова е едно од најфрекфентните и најпосетувани природни локалитети во Скопје, веднаш зад Водно и кањонот Матка.
Но, според плановите на општината Сопиште и Агенцијата за планирање на просторот, баш на оваа локација за кратко треба да се изгради Туристичко – рекреативен центар, „Козјак“, м.в. Рудине, КО Света Петка. Овој план освен што дава можност за туристичко развивање на подрачјето, дава можност и трајно оштетување на пејсажот по кој е познат.

Користена литература:

https://www.ribar.com.mk/index.php/ezera/item/581-kozjak

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B3%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D1%83%D1%88%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D1%80%D0%BE/

https://www.igeografija.mk/Portal/?p=8270

https://www.elem.com.mk/?page_id=1831

https://www.jasen.com.mk/Default.aspx?id=1703cd5c-b351-44f8-a60d-8108b7a76e5a

https://doma.edu.mk/zagaduvaci/215-privatizarana-zemjata-na-izletnicite-pejsazhot-na-kozjak-nikogash-nema-da-bide-ist

https://www.mkd.mk/makedonija/ristevski-kozjak-sozdava-klima-za-sebe-haarp-ot-e-shpekulacija-a-skopje-nema-mediteranska

https://gis.katastar.gov.mk/arec