Југоисточно од Скопје, во прегратките на Караџица се наоѓа планината Китка. Таа е дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина и претставува негова североисточна гранка. Често, она што локалното население го нарекува планина, всушност релјефно е дел од поголем планински масив. Мокра Планина или Јакупица се издига во централниот дел на Република Македонија и претставува простран планински со карактеристично ѕвездесто протегање. Според височината од 2539 m е четврта највисока планина во Република Македонија. Повеќето разграноци (кои локално се нарекуваат посебни планини) продолжуваат радијално од централниот и највисок дел на масивот Мокра Планина. Такви се: Јакупица, Даутица, Караџица, Голешница, Салакова Планина и Китка.

Китка се издига меѓу вардаровите притоки Маркова и Кадина Река. Составена е од црнкасти филити преку кои лежат неогени езерски слоеви. Највисок врв е Китка (1569 m). Има долго било со големи и интересни карпести облици, од кој осебно се истакнува и помалиот врв Краста (1.445 м). Оваа планина на запад, заедно со Градиштанската Планина на исток ја формира убавата Таорска Клисура на Вардар.

Планината Китка изобилува со богат шумски фонд, претежно од листопадни дрвја (бука, даб, јасика) како и нискостеблести и грмушести зимзелени растенија. Иако површините под шума се активно управувани од локалното шумско претпријатие, сепак дивата сеча на дрва е еден од најголемите проблеми на планината.

  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-1
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-10
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-2
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-3
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-4
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-5
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-6
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-7
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-8
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-9
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-1
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-10
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-2
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-3
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-4
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-5
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-6
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-7
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-8
  • Kitka-podzaboravenata-skopska-planina-9

Низ планината има различни маркации и едукативни табли поставени за различни цели и периоди и поголемиот дел од нив прикажуваат картографски приказ на планината. На планината се обележани повеќе планинарски патеки кои се дел од трансферзалата „Македон“ која води кон Солунска Глава, а постојат и возобновениот планинарски дом „Китка“ како и туристичката викенд населба „Мала Река“.

Овој дел од масивот Мокра е слабо населен и поголемиот дел од селата се полупразни или иселени. Од населбата Драчево, преку селата Долно и Горно Количани води асфалтен пат, кој патоа се претвора во планински пат кој ретко се одржува и низ кој можете со теренско возило да се упатите кон повисоките делови на планината.

Користена литература:

https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/12/STUDIJA_PRIRODA.pdf