Биолошката разновидност има многу важна улога во човековото општество и во економијата, бидејќи обезбедува бројни добра и услуги од кои зависат приходите на населението. Такви добра кои произлегуваат од биолошката разновидност се храна, влакна, гориво, чиста вода и воздух, плодни почви, лекови и природна контрола на штетници и заболувања. Покрај ова, биолошката разновидност, има и непроценлива културна, естетска и рекреативна вредност.

Република Македонија има богата и единствена биолошка разновидност, поради својата географска сложеност и комбинацијата на континентална и медитеранска клима. Биолошка разновидност кај нас е претставена со скоро 22000 видови, од кои преку 1000 ендемични видови. Од рбетните животни имаме 58 видови на риби (20 ендемити), 15 водоземци, 32 влекачи, околу 330 видови на птици и 82 цицачи. Според Европската црвена листа имаме 30 видови на риби кои се загрозени, 1 влекач, 66 птици и 16 загрозени видови на цицачи.

Закани за биолошката разновидност:

  • недоволна имплементација на националната легислатива
  • низок степен на јавна еколошка свест
  • несоодветно имплементирање на документите за просторно планирање
  • ерозија
  • недостаток од познавање на одредени аспекти од биолошкото разнообразие
  • несоодветен или недостаток на мониторинг системи
  • климатски променизагадување (интензивно загадување на водите после 70 - тите години на минатиот век
  • загадување на почвите како последица на индустријата, рударството, земјоделството, сообраќајот и сметиштата, загадување на воздухот)
  • прекумерно искористување на биолошките ресурси (прекумерна испасување во некои мали области, прекумерен лов и риболов, трговија со диви видови растенија, габи и животни, безмилосно исцрпување на водите)
  • загуба, модификација и фрагментирање на стаништата (преобразба на природните станишта, особено на водните површини, изградба на акумулации, неадекватно планирање при проширувањето на човековите населби, изградба на патишта за моторни возила и автопати, како и изградба на далноводи)

  • Makedonskata-bioloska-raznovidnost-nejzina-vaznost-i-zakani-1
  • Makedonskata-bioloska-raznovidnost-nejzina-vaznost-i-zakani-10
  • Makedonskata-bioloska-raznovidnost-nejzina-vaznost-i-zakani-11
  • Makedonskata-bioloska-raznovidnost-nejzina-vaznost-i-zakani-2
  • Makedonskata-bioloska-raznovidnost-nejzina-vaznost-i-zakani-3
  • Makedonskata-bioloska-raznovidnost-nejzina-vaznost-i-zakani-4
  • Makedonskata-bioloska-raznovidnost-nejzina-vaznost-i-zakani-5
  • Makedonskata-bioloska-raznovidnost-nejzina-vaznost-i-zakani-6
  • Makedonskata-bioloska-raznovidnost-nejzina-vaznost-i-zakani-7
  • Makedonskata-bioloska-raznovidnost-nejzina-vaznost-i-zakani-8
  • Makedonskata-bioloska-raznovidnost-nejzina-vaznost-i-zakani-9

Автор на текст и фото: Андреј Михајлов, Истражувачко друштво на студенти биолози

Референци :

https://www.mes.org.mk/PDFs/Other/biodiverzitet_vo_RM.pdf

https://www.unfccc.org.mk/content/Documents/ADAPTATION/Biodiversity_final_MK%20so%20CIP.pdf