Кога последен пат се напивте од убавиот Охридски чај? Помисливте ли каде и до кога ќе го има? 50 проценти од вкупната флора во Македонија се наоѓа на Галичица. Планината која има да даде на сите, бара едукација особено на локалното население за да не се истребат ендемичните растенија.

Видеото „Едукација и соработка со локалното население за спас на ендемитите на Галичица“ го изработи Институтот за комуникациски студии.