fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
ap objasnuva golemite smrtonosni pozari se nov predizvik za evropa

АП објаснува: големите смртоносни пожари се нов предизвик за Европа

Автор: Бери Хатон, 22 јули 2019 г.

Преземено од: https://apnews.com/e6520a9a1297492fb8c3e8991e7943b7

ЛИСАБОН, Португалија (АП) — Европската унија ги опишува шумските пожари како „сериозна и растечка закана“ на ниво на целиот континент.

Шумските пожари сè почесто го зголемуваат интензитетот, особено во земјите од југот како што се Грција, Шпанија, Франција, Италија и Португалија, но исто така и во Скандинавија.

Експертите предупредуваат дека континентот треба да се подготви за пожари кои ќе достигнат масивни размери. Овие тнр. супер пожари или мега пожари се катастрофални настани кои убиваат и зацрнуваат широки подрачја и кои е многу тешко да се спречат.

Тука ќе направиме еден осврт на проблемот кој го има Европа со шумските пожари.

ap objasnuva golemite smrtonosni pozari se nov predizvik za evropa

ШТО СЕ СЛУЧУВА?

Во периодот 2000-та до 2017 година, земјите од Европската унија загинаа вкупно 611 пожарникари и цивилни лица, додека економските штети се проценуваат на повеќе од 54 милијарди евра.

Португалија настрада најмногу во споредба со другите земји – во оваа земја се забележани рекордни над 18.000 пожари годишно од 2007 година. Големите пожари во 2017 година убија најмалку 106 лица.

Иако европскиот тренд е помалку пожари и на помали подрачја (освен во Португалија), поголемите и поопасни шумски пожари ги ставаат на тест службите кои треба да реагираат во такви ситуации како и буџетите на државите.

Освен тоа, главната сезона на шумски пожари станува сè подолготрајна – од месец јуни до октомври, при што бројот на големи пожари сè повеќе се зголемува.

Овие екстремни пожари се карактеризираат со брзо ширење на пожарите, интензивно горење, непредвидливо менување на насоката и жарчиња кои се разнесуваат многу далеку.

Сепак, според извештајот на ЕУ минатата година, властите сè уште користат традиционални методи за борба со пожарите т.е. се потпираат на водата за гаснење на огнот наместо да инвестираат во долгорочни напори кои се потребни за превенција.

ШТО ГИ ПРЕДИЗВИКУВА ПОЖАРИ?

Во земјите од западна Европа луѓето сè повеќе се доселуваат во градовите.

Напуштените полиња, пасишта и шуми се препуштени сами на себе и обраснуваат во вегетација која потоа се претвора во „гориво“ за пожарите.

Наместо да се води сметка за различна вегетација, од која некоја е значително поотпорна на пожари, големи површини во руралните подрачја имаат густа и континуирана шумска покривка која им оди во полза на пожарите и помага во нивното ширење.

Четинарските шуми и плантажите со еукалиптус, кои се извор на приходи за оние кои ги садат, можат често да се забележат и кога тие ќе се запалат горат многу.

Во меѓувреме, ширењето на урбаните подрачја ги донесе домовите поблиску до шумите и опасноста сега во самата близина.

Дополнителна опасност во Грција минатото лето беше несоодветното урбанистичко планирање. Незаконски изградените објекти во шумите и крајбрежните делови беа фактор кој придонесе кон смртта на 101 лице во делот Мати, во близина на Атина, каде многумина се удавија во обид да отпливаат подалеку од интензивната топлина и чадот кој ги опфати плажите.

Значителните суши кои се карактеристични во последно време ги оставаат шумите без капка вода. Невообичаено високите температури исто така создаваат пожари. Овие два предизвици се нешто што се појави како последица на климатските промени а научниците велат дека условите кои владеат во Сахара сега се поместуваат кон Медитеранот и во јужна Европа.

Политиките за управување со шумите функционираат во однос на временски рамки кои се мерат со децении, и истите треба да бидат поприлагодливи, велат од ЕУ.

Превенцијата „не го добива потребното внимание и финансирање во споредба со гаснењето на пожарите“, велат од ЕУ, додека „подготвеноста на агенциите и заедниците за справување со екстремни пожари најчесто е далеку од оптимална“.

ШТО МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ?

Експертите вела дека властите мора да преминат од ставање акцент на справување/ сузбивање на пожарите кон нивна превенција, земајќи предвид аспекти како што се климатската адаптација, едукација и подготвеност.

Ова подразбира редовно тенчење на шумите и нивно помало растење; воведување празнини со цел спречување на пожарите; воведување видови растенија кои се повеќе отпорни на климата и обезбедување диверзифицирани шуми.

Превентивното палење пожари на периферијата наречено „однапред предвидено горење“ се смета за техника која е ефективна во спречувањето на пожарите но истовремено таа е и контроверзна во некои држави. Во Грција е забранета додека во други земји, како што се Франција, Португалија и некои региони на Шпанија и Италија истата е дозволена под одредени услови.

Исто така се развива и технологија која помага во борбата со пожарите, како што се дронови за откривање, брзо реагирање, мапирање и проценување на динамиката на пожарот.

Сепак, ЕУ забележува дека управувањето со пожари во Европа „не ги зема целосно предвид знаењето и иновациите кои се овозможени од научни проекти“.

ЕУ ги повикува државите подобро да разберат на кој начин климатските промени ги засегаат нив самите.

Минатата година, Европскиот институт за шуми кој е формиран од 29-те земји членки на ЕУ посочи нешто што е многу важно: Ако властите не го променат она што сега постои во руралните подрачја, се вели во извештајот на институтот, службите за итно (кризно- реагирање нема да можат да го спречат она што експертите го нарекуваат „пожари од шестата генерација“ – најчесто познати како огнени бури.

Сподели