fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
covestvoto mora da go sopre tempoto so koe isceznuvaat zivotnite ili ke se sooci so istrebuvanje 1

Човештвото мора да го сопре темпото со кое исчезнуваат животните – или ќе се соочи со истребување

Преземено од: https://www.conservation.org/blog/why-is-biodiversity-important

автор: Џули Шо (Julie Shaw)

„Биолошката разновидност е животот на Земјата и секое истребување одзема дел од неа и ја поткопува стабилноста на планетата“, изјави Оливие Лангранд, извршен директор на Фондот за партнерство за важни екосистеми (CEPF), кој одобрува грантови на организациите за зачувување на жариштата за биолошка разновидност. „Веруваме дека ако државите, деловните субјекти, граѓанските организации и заедниците работат заедно сега и тука, дека ќе можеме да ја запреме кризата кај биолошката разновидност“, изјави Лангранд.

Но, на кој начин биолошката разновидност е важна за човештвото? Зошто е неопходна биолошката разновидност за стабилноста на планетава? Можеби ова не е толку очигледно, па затоа тука ќе ги наведеме четирите причини.

covestvoto mora da go sopre tempoto so koe isceznuvaat zivotnite ili ke se sooci so istrebuvanje

1. Дивиот свет ги поддржува здравите екосистеми од кои зависиме и ние.

Истражувачите Пол Р. и Ане Ерлих укажаа во осумдесеттите години дека видовите за екосистемите се она што се навртките е за крилјата на авионот. Губењето на едно можеби нема да биде катастрофа, но секоја загуба додава кон веројатноста од постоење на сериозен проблем.

Без разлика дали е во село во Амазон или метропола како што е Пекинг, луѓето зависат од услугите што ги нудат екосистемите, како што се свежа вода, опрашување, плодност на почвата и стабилност, храна и лекови. Екосистемите ослабени од загубата на биолошката разновидност имаат помала веројатност да ги овозможуваат тие услуги, особено со оглед на постојано растечкото население во светот.

Еден пример за ова е езерото Туркана во Кенија – најголемото пустинско езеро на светот и живеалиште за најразлични животински видови како што се птици, нилски крокодили и нилски коњи, како и извор на храна и приходи за околу 300.000 луѓе. Езерото е под голем притисок поради преголем риболов, циклични суши, менување на тенденциите на врнежи од дожд и пренасочување на водата поради развојот. Сите овие промени доведуваат до губење на биолошката разновидност, опаѓање на приносите од риболов и намалена способност да им обезбедува поддршка на луѓето. Ако не се воведат методи за конзервација, ова би можело да биде судбина и на многу други екосистеми.

2. Биолошката разновидност е суштински дел од решението за климатски промени.

Природата може да обезбеди повеќе од 30% од решението за климатските промени така што ќе го задржи глобалното затоплување под 2 Целзиусови степени, при што биолошката разновидност е суштински дел од таа слика.

Уништувањето на шумските екосистеми е одговорно за 11 проценти од сите глобални емисии на стакленички гасови предизвикани од луѓето, така што зачувувањето на шумите би го спречило испуштањето на овие гасови во атмосферата. Дрвја и растенија исто така зачувуваат јаглерод во своето ткиво, поради што потребата од нивна заштита е уште поголема.

Некои екосистеми, како што се мангровите, се особено добри во складирањето на јаглеродот и неговото чување вон атмосферата – таму каде што тој придонесува за климатските промени. Шумите и мочуришните екосистеми се круцијални неутрализатори на екстремни бури и поплави поврзани со климатските промени. Овие екосистеми се комплексни, што значи дека тие функционираат најдобро, и се поотпорни на ефектите од климатските промени, тогаш кога ги има сите делови на екосистемот – што исто така значи дека биолошката разновидност е недопрена.

„За релативно мала инвестиција, шумите со голем биодиверзитет и другите екосистеми можат да бидат зачувани и обновени како моќно средство за справување на климатските промени, истовремено помагајќи им и на заедниците да се справат со бурите, поплавите и другите влијанија“, изјави Лангранд.

3. Биолошката разновидност е добра за економија.

Најмалку 40% од светската економија и 80% од потребите на сиромашните се добиени од биолошки ресурси.

Севкупно, прехранбената индустрија, стопанското шумарство и екотуризмот би можеле да бидат во загуба од 338 милијарди американски долари годишно ако загубата на биолошката разновидност продолжи со сегашново темпо.

Во меѓувреме, иницијативата „Економија на екосистемите и биолошката разновидност“ (TEEB) проценува дека глобалните одржливи деловни можности од инвестирање во природни ресурси би можеле да вредат од 2 до 6 трилиони американски долари до 2050 година.

Милиони луѓе исто така зависат од природата и од видовите кога станува збор за секојдневното живеење. Ова особено се однесува на заедниците во земјите во развој, кои честопати се зависни од екосистемите кои имаат висока биолошка разновидност и тие се нивен извор на храна, гориво, лекови и други производи направени од природни материјали за нивна употреба а и како извор на приход. Туризмот поврзан со природата е исто така значаен извор на приход за многу луѓе.

4. Биолошката разновидност е составен дел од културата и идентитетот.

Видовите честопати се составен дел на верскиот, културниот и националниот идентитет. Сите главни религии вклучуваат елементи на природата и вкупно 231 вид формално се користат како национални симболи во 142 земји. За жал, повеќе од една третина од овие видови се загрозени, но келавиот орел и американскиот бизон се примери за успеси во конзервацијата заради нивната улога како национални симболи. Екосистемите, како што се парковите и другите заштитени подрачја исто така обезбедуваат рекреација и се ресурс на знаење за посетителите, додека биолошката разновидност е чест извор на инспирација за уметниците и за останатите.

Сподели