fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
dramaticno topenje na morskiot mraz za vreme na arktickoto leto

Драматично топење на морскиот мраз за време на арктичкото лето

Автор: Александра Вице

Преземено од: https://www.nature.com/articles/d41586-019-02653-x

Големи шумски пожари и топење на мразот на Гренланд – светот плаче за наша помош.

Челси Вегнер беше шокирана кога слета во Енкориџ, Алјаска, во месец јули, на пат кон истражувачко патување со брод во Беринговото море. Чадот од шумски пожари низ целата држава го затемни небото, а Енкориџ беше зафатен од топлотниот бран со кој температурите се искачија над 32°C и тоа за прв пат во историјата на евидентирање на температурата.

Вегнер, инаку морски биолог од Универзитетот во Мериленд во Соломонс, исто така знаеше дека невообичаено топлото време го стопи скоро целиот морски мраз во Беринговото море. „Тоа беше навистина нешто надреално “, вели таа.

dramaticno topenje na morskiot mraz za vreme na arktickoto leto

Подоцна, додека пловеше на канадскиот мразокршач кај брегот на Алјаска, Вегнер можеше да ги забележи моржовите што пливаат во отворените води – без сантите мраз кои тие обично ги користат како платформа за одмор, за раѓање и за одгледување на своите млади за време на летото на Арктикот.

Многу брзо, научниците ќе ги имаат конечните бројки за тоа колку мраз се стопли ова лето. Инаку, се чини дека ќе имаме најмали количества мраз досега, откако започна да се се води сателитска евиденција за тоа во 1979 година.

Тука, списанието Nature ги истражува големите предизвици со кои се соочува Арктикот, поради досега незабележаните летни ветрови кои се толку присутни на крајниот север.

Намалување на количеството морски мраз

Мразот во арктичкото море се замрзнува секоја зима, по долготрајното топење во летните месеци. Но, изненадувачки топлите арктичка зима и пролет го попречуваат неговото повторно создавање, што е причината за драматичната загуба на мразот ова лето.

Оваа динамика беше особено забележлива во Беринговото море. „Од јануари до некаде мај, воопшто немаше морски мраз во ова море“, изјави Алис Бредли, научник во Вилијамс Колеџот во Вилијамстаун во Масачусетс. „Вакво нешто не сме виделе досега“. Во најголем дел од месец февруари над морето се забележуваше метео систем на низок присутен кој беше присутен над морската површина, кој доведе топол воздух од јужните краишта и го истисна и она малку мраз кој колку-толку успа да се формира во северните води.

Во текот на пролетта и летото, морскиот мраз на Арктикот се стопи побрзо отколку што тоа обично се случува во области како што се морето Беуфорт и централниот дел на Арктичкиот Океан. Обемот на мраз достигнаа рекордни месечни падови во месец јули, а до почетокот на месец август воопшто и немаше морски мраз на 240 километри од брегот на Алјаска.

Истражувачите сè уште чекаат да се создаде морски мраз на Арктикот оваа година. Сезоната за топење во 2019 година се чини дека нема да го засени рекордниот минимум од 3.387 милиони квадратни километри кој беше измерен на 17 септември 2012 година, но оди ви прилог на тоа дека морскиот мраз се соочува со надолен тренд.

За секоја од изминативе пет години, количеството морски мраз се следи дека е под средната вредност на периодот 1981 – 2010 година. Исто така, количеството на овој мраз брзо се намалува. Нивото забележано во месец јули – 8.800 квадратни километри – е 47% под просечната вредност за периодот 1979-2018 година.

Сега, годишното замрзнување е речиси пред својот почеток. Но, најголемиот дел од мразот што се формира ќе биде тенок т.е. од вид на „прва година“ кој е особено чувствителен на топење веќе следната година.

Гренланд се стопи

Екстремната топлина го стопи ова лето и големиот мраз на Гренланд. Температурите на овој остров се искачија до 12°C, што ги прави потопли од просекот кон крајот на јули.

Во кампот Самит Стејшн кој врши истражувања на највисоката точка од мразот, температурите се искачија над точката на мрзнење на 30 и 31 јули. Евиденцијата од долните слоеви на мразот покажува колку се ретки ваквите настани: во периодот од 500-та година до 1994 година, мразот во овој дел се има стопено само осум пати.

За време на петдневниот топлотен бран, Гренланд произведе околу 55 милијарди тони мраз – вклучително и околу 13 милијарди тони само на 1 август. Тоа е најмногу во период од 24 часа откако се води евиденција од 1950 година.

Севкупно земено, околу 60% од површината на мразот на Гренланд се има стопено барем малку ова лето. Тоа е вторпат од летото во 2012 година, кога околу 98% од мразот има поминато низ некакво топење.

Помеѓу топењето на водата од површината на мразот и неговото распаѓање во ледени мраз, Гренланд веројатно придонесе со нешто повеќе од 1.5 милиметри во глобалното покачување на нивото на морето оваа година, изјави научникот Ксавиер Фетвеис од Универзитетот во Лиеж во Белгија. Кога истражувачите ја споредуваат загубената маса за време на топењето ова лето со масата добиена за време на зимските снежни врнежи, Гренланд веројатно загубил количество кое најмалку одговара на она од 2019 година – или дури и повеќе – отколку во екстремната 2012 година.

Покачување на температурите

Јули 2019 година беше најжешкиот месец досега регистриран во светот, според Службата за климатски промени на Европската унија „Коперникус“и Националната администрација за океанографија и атмосфера на САД. Секој од последните пет месеци јули беше меѓу петте најтопли месеци евидентирани досега.

Арктичките делови на Алјаска, западна Канада и централна Русија – сите имаа температури кои беа најмалку 2°C потопли од просекот од јануари до јули. Во многу јужни градови на Алјаска во текот на првата недела од месец јули беа урнати топлинските рекорди. Во месеците јули и август имаше илјадници изумрени птици, најмногу од глади, во водите кои беа потопли од вообичаеното долж крајбрежјето на државата – ова е петта година по ред да се случува вакво нешто.

Алјаска сè уште ги урива рекордите на температури на почетокот од септември, и тоа во неколку градови во северниот дел на државата, поставувајќи притоа нови рекорди за високи температури за тој месец.

Во селото Маркусвинса во Шведска е забележана рекордно висока температура од 34.8°C на 26 јули – најтопол досега евидентиран во една држава над арктичкиот круг. Притоа, топлотниот бран кој го стопи Гренланд при крајот на месец Јули предизвика големи проблеми во Западна Европа пред да пристигне таму, предизвикувајќи за првпат притоа температури повисоки од 40°C во Белгија и во Холандија.

Пожари

Целата таа топлина ги претвори северните шуми во потенцијални жаришта за пожар.

Повеќе од 1 милион хектари шума изгореа во Алјаска ова лето, и тоа претежно во јужните и централните делови на оваа сојузна држава. Сезоната на пожари започна невообичаено рано – во месец април, и траеше подолго од вообичаеното. Државата мораше да го продолжи официјалниот крај на сезоната за пожари за уште еден месец – од крајот на август до крајот на септември, за да се обезбеди дека има доволно пожарникари кои би се бореле против тековните пожари.

Исто така, во Сибир изгореа повеќе од 2,6 милиони хекатари шуми од месец јули досега, покривајќи ги притоа со чад градовите во источните делови на Русија. Високите температури, ветровите и бурите поттикнуваа искри и ги ширеа пожарите. При крајот на месец јули Русија прогласи и вонредна состојба во неколку региони на Сибир.

Најголем дел од шумските пожари на Алјаска и во Сибир започнаа да се намалуваат во месец август, но тие и понатаму се сметаат за најдолготрајни шумски пожари во Арктикот забележани досега. Само во месец јули тие емитуваа 50 милиони тони јаглерод диоксид – што е речиси еднакво на годишните емисии на CO2 во Шведска, и повеќе од вкупното количество емитувано од сите шумски пожари на Арктикот во последните девет месеци јули, според „Коперникус“.

Дури и Гренланд, каде многу ретко се случуваат шумски пожари, имаше неколку вакви пожари за време рекордниот топлотен бран ова лето.

Сподели