fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
pesokot stanuva se pozagrozeno dobro

Песокот станува сè позагрозено добро

Преземено од: https://www.nature.com/articles/d41586-019-02042-4

Објавено во: Nature 571, 29-31 (2019)

Што е она што ги поврзува зградата во која живеете, чашата од која пиете и компјутерот на кој работите? Одговорот е песок. Тоа е клучната состојба во нашето современо живеење а сепак, зачудувачко, никој не знае колку има песок или колку песок се експлоатира.

Песокот и чакалот се материјали кои најмногу се експлоатираат, па дури и ги надминуваат и фосилни горива. Урбанизацијата и глобалниот раст на населението поттикнуваат „експлозија“ на побарувачката, особено во Кина, Индија и Африка. Од околу 32 милијарди до 50 милијарди тони се користат секоја година на меѓународно ниво, и тоа главно за производство на бетон, стакло и електроника. Ова го надминува темпото на природна обнова на песокот, така што, до средината на овој век, можно е побарувачката да ја надмине понудата (види кај „Глобален недостиг“). Недостаток на знаење и надзор се причина за ваквата неодржлива експлоатација.

pesokot stanuva se pozagrozeno dobro

Зрната на пустинскиот песок се премногу мазни за да бидат корисни, а поголемиот дел од тнр. аголен песок што е погоден за индустријата потекнува од реките (кои учествуваат со помалку од 1% во вкупната светска површина). Ваквата експлоатација на песок и чакал има далекосежни влијанија врз екологијата, инфраструктурата и живеачката на 3 милијарди луѓе кои живеат покрај реките. На пример, екстракцијата на песок од реката Перл (Жуџианг) во Кина го има спуштено нивоата на водата, што го отежнува извлекувањето на вода за пиење, го попречува чистењето на речното корито, ги оштетува мостовите и насипите.

Поголемиот дел од трговијата со песок е на диво и не е документирана. На пример, во периодот 2006 – 2016 година, помалку од 4% од 80-те милиони тони седимент што Сингапур објави дека ги има увезено од Камбоџа, подоцна се потврди дека бил извезен од Камбоџа. Дивото ископување песок е распространето во околу 70 земји а стотици луѓе, наводно, биле убиени во борби за песок во изминатава деценија во земји како што се Индија и Кенија. Меѓу нив имало и локални граѓани, полицајци и државни претставници.

Сите овие проблеми се потенцирани во извештајот на светската организација WWF и на Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) со што одржливоста на експлоатација на песокот се става под знак прашање. Главните причини за тоа се премалиот број податоци и непостоењето политики со кои се поддржува одржливото искористување и вадење (екстракција) на песокот.

Сега ги повикуваме УНЕП и Светската трговска организација (СТО) да воспостават и надгледуваат глобална програма за следење на песочните ресурси. Истражувачите треба да воспостават процеси за проток на песокот т.е. за песокот кој доаѓа и песокот кој се вади од реките – како на диво така и законски. Тие треба степенот на проблемот сериозно да го покренат пред своите колеги, пред јавноста и пред креаторите на политиките. Потоа, мора да се развијат и локални буџети кои ќе се однесуваат на песокот и мерки за промовирање на неговата одговорна употреба.

Скудни податоци

Тековните проценки за ископувањето на песок на глобално ниво се несигурни и, несомнено, премногу ниски. Повеќето од истражувањата на речните седименти се фокусираа на тоа како браните го блокираат течението, а мошне малку академско внимание е посветено на комерцијалната екстракција. На пример, со состојба на почетокот од 2019 година, констатиравме дека само 38, од 443, научни трудови за експлоатирање на песок го изразија со бројки количеството на песок кое се вади.

Има и некои долгорочни програми за следење на седиментите во басените. Мошне е тешко е, од технички аспект, да се изрази со бројки како се движи песокот или како се таложи долж реките. Освен тоа, многу од големите реки се далечни а дополнителен проблем за известување се политичките пречки и индустриски чувствителните прашања за пристап до податоци и нивна транспарентност.

Исто така, многу од басените на големите реки се простираат во неколку држави, со што е тешко да се применуваат регулативи и меѓународни закони. На пример, реката Меконг тече низ Кина, Мијанмар, Лаос, Тајланд, Камбоџа и Виетнам.

Во многу земји, експлоатирањето на песокот не е регулирано и би можеле да кажеме дека се вклучени локални „мафии“ кои се бават со песокот. Методите на негово експлоатирање (екстракција) варираат од бродови и пумпи за вшмукување до копање со лопати и голи раце, како дење така и ноќе. Во земјите во развој, каде постои и најголем побарувачка, тоа е на ниво на мала, неформална дејност која е тешка за следење и контрола. Тешко е точно да се определи изворот на песокот кој се вади од реките, во споредба со материјалот кој се ископува од плитки речни корита и од места каде претходно имало поплави.

Базите на податоци за меѓународна трговија со песок се многу груби за да може да дозволат одржливост. На пример, глобалната база на податоци на Обединетите нации, Комтрејд, ги собира увозните и извозни вредности на песокот и чакалот во една или две категории, врз основа на квалитетот и составот на материјалот. Таа не прави разлика помеѓу песокот преземен од реките и делтите, кој се обновува (активни ресурси) и песокот кој се презема од пасивни ресурси кои не се обновуваат, како што се геолошки седименти.

Извлекувањето на песок и чакал од активните извори може да предизвика голема еколошка, социјална и економска штета, додека извлекувањето од пасивни извори има помалку влијанија врз животната средина. На пример, во делтата на реката Меконг, владата на Виетнам проценува дека речиси 500.000 луѓе ќе треба да бидат преместени од речните брегови кои сега се уриваат како резултат на експлоатирањето на песокот во каналот. Во реката Ганг, во северна Индија, еродираните речни брегови ги уништија живеалиштата за гнездење и одгледување на видовите крокодили што јадат риби (Gavialis gangeticus), кои се критично загрозен вид со само околу 200 возрасни единки преостанати во дивината во северна Индија и Непал.

Глобална агенда

Следниве седум компоненти се од суштинско значење за одржливо извлекување на песокот.

Извор. Одржливите извори на песок – како што е песокот кој постепено се додава кон брегот на Гренланд со повлекувањето на мразот – мора да се идентификуваат и сертифицираат. Обединетите нации треба да развијат план, можеби во рамките на одржливото управување со шумите. Потребно е да се идентификуваат нови пасивни извори на песок кои не ги оштетуваат реките. Овие би можеле да се однесуваат на депозити кои се затворени во седименти од поплаци а кои можат да се експлоатираат; или песокот заробен зад браните би можел да се извлекува со помало еколошко влијание отколку експлоатирањето или рударењето во низводниот дел на реката.

Замена. Локалните и националните власти како и органите задолжени за планирање треба да поттикнат поголема употреба на алтернативи за песокот, како што се кршена карпа, индустриска згура и отпад (вклучувајќи бакар, пепел и песок од леарници) и рециклирана пластика. На пример, патиштата, паркинзите и автопатите направени од пластичен отпад вграден во асфалт би можело да ја намали побарувачката за битумен и агрегат.

Повторна употреба. Материјалите базирани на песок треба да се користат повторно кога тоа е можно. На пример, отпадот од градежништво и бетонот може да се здробат и да се мешаат во цемент. Градежниот отпад можат да се користи како основен агрегат за градење темели и патишта, за пополнување дупки и како чакал за патеки, градини, за бариери против бучава и за насипи. Неопходно е постоење на законодавство и на контроли за отстранување на бетонот, како и на финансиски стимулации за повторна употреба на стариот бетон.

Намалување. Намалувањето на количината на бетон што е потребна во новите објекти ќе ја намали побарувачката за песок. Ова може да се постигне со употреба на поефикасни материјали (како што се бетонски блокови и печатени градежни плочи со шупливи јадра). Ќе биде потребно постење на индустриски стандарди за квалитет на материјалите, кои треба да бидат поткрепени со регулатива за да се овозможи употребата.

Раководење. Локалните засегнати страни, невладините организации, индустријата, спроведувачите на законот и државите треба да воспостават меѓународна или мултилатерална рамка за регулирање и контрола на вадењето песок. Како прв чекор во оваа насока, УНЕП и СТО треба да воспостават глобални упатства за добри практики за вадењето песок. Овие треба да посочат каде се случува експлоатирањето т.е. извлекувањето и каде истото не е одржливо.

Едуцирање. Државите, научниците и индустриите мора да дисеминираат информации во врска со проблемот на вадење песок, како и оние кои се однесуваат на социјална безбедност, инклузивност и родова припадност. Овие информации треба да се однесуваат на сите сектори – од училишта до совети за политики и медиумска покриеност – и како такви мора да содржат и решенија за проблемите.

Мониторинг. Постоењето на програма на глобално ниво која ќе прибира и ќе споделува податоци е императив за да може бројчено да се изразат локациите и степенот на експлоатација на седиментите, како и да се изразат природните варијации во приливот на песок во реките во светот. Особено ветувачки се современите технологии. На пример, сателитските податоци од GRACE експериментот можат да ги идентификуваат стапките по кои седиментите се обновуваат или исчезнуваат во реките, како и материјалите кои завршуваат во океаните.

НАСА има во план да ја покрене мисијата за површински води и океанска топографија во 2021 година која ќе овозможи досега најголем преглед на испуштањето на водите во големите реки (кои се пошироки од 100 метри). Малите сателити, како што се CubeSats и SmallSats исто така можат постојано и по ниска цена да обезбедат фотографии со висока резолуција со цел следењето на експлоатацијата. На пример, проектот за набљудување на Европската унија за сирови материјали и Коперник Земја (RawMatCop; види go.nature.com/2n2fgvr) користи сателитски снимки за да помогне во управувањето со ресурсите.

Ќе бидат потребни алатки со кои таквите мерења ќе се потврдат и на лице место, како што се мерни станици, акустични технологии за мерење на морфологијата на речните корита и на приливите на седименти, како и воздушен „лидар“ (кратенка од light detection and ranging – техника која користи ласерски пулсеви). Многу пловила сега се опремени сонар или со ехо саундери, како редовна опрема, и тие овозможуваат широк спектар на топографски податоци за светските реки и притоки. Ќе бидат исто така потребни и подобри нумерички модели за да може да се предвидат и проценат промените во приливите на седименти.

Извештаите на УНЕП и WWF се важен отпечаток во песокот. Сега е потребно да го проследиме тој отпечаток со делување и регулатива.

Сподели