Што е одржлив град?
Според Обединетите Нации, населението во светот толку вртоглаво ќе расте, што ќе достигне 9 милијарди луѓе до 2050 година, а 70 отсто од луѓето ќе живеат во градовите. Истовремено, ИКТ го проширува својот дострел, со очекување дека до 2020 година ќе бидат поврзани 50 милијарди уреди. Ние сме на работ на Мрежно општество – каде сè што може да има корист од поврзување ќе биде поврзано. Оттаму, постои голем потенцијал ИКТ да биде помагач за одржлив економски, еколошки и социјален развој во градовите.
Одржлив град е град кој има интелигентен и долгорочен пристап на соработка во справувањето со економските, социјалните и еколошките предизвици кои се јавуваат во време кога сè повеќе луѓе се собираат во густи, компактни области, делејќи меѓу себе ресурси што и онака биле недоволни.
Применливи во широк спектар на индустрии, вклучувајќи ги автомобилската индустрија, транспортот, здравството, образованието и банкарството, решенијата за моделирање на одржлив град доаѓаат во различни форми и големини. На пример, интелигентните згради кои користат поврзаност за безбедност, енергија и мониторинг на климатизација кои истовремено се нето-производители на обновлива енергија. Или решенија за справување со елементарни непогоди или катастрофи што користат далечински сензори за да ги алармираат луѓето за ризик од крајно неповолни временски услови или природни катастрофи. Паметните броила можат да ги информираат потрошувачите за самите да си ги контролираат трошоците за енергија. Или иницијативи за храна каде што е можно да се избере здрава и вкусна храна за која не се ослободува многу јаглерод и не се троши многу вода за да се произведе и да се планираат оброците така што отпадот ќе се сведе на минимум.
Со овие и со други решенија, засновани на поврзаноста што ја нудат мобилните широпојасни мрежи, одржливите градови можат да:
- создадат работни места и пораст на БДП
- ја оптимизираат потрошувачката на енергија
- обезбедат е-услуги од владата
- ја зголемат свеста на бизнисите, потрошувачите и организациите за последиците што тие ги оставаат на општеството
- обезбедат пристап до здравствени услуги и образование.
На овој начин одржливите градови ги обезбедуваат основните елементи за трансформирање на општествата во економија со ниска емисија на јаглерод со зголемување на социо-економските придобивки, бидејќи граѓаните ќе добијат пристап до услуги и можности за подобрување на квалитетот на нивниот живот и финансиската иднина.
Во исто време, попаметното користење на ресурсите и сервисите што се овозможени со ИКТ, како што се е-здравството, е-образованието и работење од далечина, ќе имаат драстично влијание врз емисиите на CO2. Според извештајот SMARTer2020, вкупното потенцијално намалување на емисиите на CO2e во шест сектори на економијата е седум пати поголемо од сопствените емисии на индустријата поврзани со ИКТ. Денес 70% од целиот CO2 се генерира во градовите, така што додека градовите растат, расте и нивната улога во постигнувањето на глобалните цели за намалување на емисиите на половина до 2050 година.
Како лидер за развој на ИКТ, решенија за ИКТ и имплементација на ИКТ, Ериксон има важна улога во остварувањењто на Мрежното општество и поплочувањето на патот за поефикасни и ефективни градови.
Ова го остваруваме преку:
- поддржување развој на услуги и решенија на градови овозможени преку ИКТ
- придонесување кон паметни и одржливи проекти за градови, како што се Кралското пристаниште во Стокхолм (Stockholm Royal Seaport) и Иницијативата Дигитален град (Digital City initiative) во Јоханесбург, Јужна Африка
- вклученост во јавно-приватни партнерства за постигнување нов напредок, на пример Фондацијата на нови градови (New Cities Foundation) и СимбиоГрад (SymbioCity)
- истражување на ефектите што ИКТ ги има во трансформацијата на градовите
Денешни одржливи градски решенија
Бидејќи мобилниот широкопојасен интернет станува сеприсутен, колку повеќе поврзаност се создава меѓу предметите и луѓето, толку се поголеми можностите што ги нуди ИКТ. Во продоление претставуваме неколку иновации што веќе придонеле за развој во различни градови низ целиот свет.
Паметно мерење – паметните броила претставуваат клучна компонента на паметните мрежни системи – создадени со воведување на ИКТ технологии во традиционалните електрични мрежи. Паметните броила се одличен начин за поефикасна потрошувачка на енергија и намалување на влијанието на климатските промени.
Во Италија, Ериксон достави комплетна напредна услуга за управување со броилата односно мерачите на комуналната компанија АСЕА. Вклучени беа 1,5 милиони броила за електрична енергија, наменски скроен софтвер што го поврзува оперативниот систем со мрежата, системска интеграција и управувани услуги. Придобивките беа: зголемено задоволство на клиентите, зголемена оптимизација и ефикасност на дистрибуцијата на енергија, поголема свесност на крајниот корисник / потрошувач за нивното влијание врз животната средина и повеќе можности за управување со енергијата во домот.
Во Австралија, Ериксон спроведе проценка на животниот циклус на паметно мерење за дистрибуција на електрична енергија во голема урбана област. Утврдиле три главни предности: отстранување на рачно читање на броила; намален број на возила; и намалување на енергијата што се користи во домот. Резултатите покажуваат дека заштедата на енергија во домот е поголема од директното влијание врз животната средина што го предизвикала инсталацијата и работењето на системот за паметното мерење.
Поврзани автобуси – Во Куритиба, Бразил, Ериксон обезбеди решение за поврзување на јавните автобуси со 3G мобилните широкопојасни мрежи. Системите за електронско издавање на билети и системи за управување со возниот парк им овозможуваат на контролорите да пристапат до многу информации за возниот парк и да ги следат маршрутите, времињата на застој, брзината, изминати километри, време на поаѓање и пристигнување. Електронските билети ја намалуваат потребата за хартија, додека системот за управување со возниот парк овозможува оптимизација на рутите, со што се намалува потрошувачката на гориво.
Е-здравство – Во Хрватска, Информативниот систем за здравствена заштита поврзува 2.400 примарни здравствени тимови во 20 општини и во главниот град Загреб. Тој обезбедува електронско известување и закажување, ги ажурира податоците за пациентите и ги дигитализира рецептите и упатите, ја елиминира потребата за печатење на хартија кога се испраќаат до аптеките, болниците и лабораториите. Услугите за е-упат и е-рецепт може потенцијално да ги намалат емисиите на CO2 за 15.000 тони годишно, притоа додавајќи само 330 тони од работењето и производството.
Паметно работење – Во Шведска, телекомуникацискиот оператор TeliaSonera – со помош на Ериксон и Центарот за одржливи комуникации на Кралскиот институт за технологија – го проучи влијанието на паметните работни решенија базирани на ИКТ, како што се работењето од далечина, флексибилно работно време, виртуелни или теле-конференции и флексибилна канцеларија. Помеѓу 2001-2007 г., паметните работни иницијативи ја намалиле емисијата на CO2 за 40 проценти, или 2,8 тони, по вработен. На национално ниво, паметните иницијативи за работа би можеле да ги намалат емисиите за 20 проценти до 2020 година. На глобално ниво, оваа бројка изнесуваше 2-4 проценти.
Мобилни пари (Mobile money) – Во руралните области на Кенија, банкарската инфраструктура е ограничена. Тоа значи дека мора да се патува до најблискиот град за да се плати за вода и електрична енергија и да се дополни припејд сметка за мобилен телефон. Со мобилните пари, сето ова може да се постигне без да се напушти домот, односно не мора да се патува. Во една студија спроведена од Ериксон, со воведување на ИКТ решение за мобилни пари, можно е да се намалат емисиите на CO2 од 22 kg за еден претплатник годишно. Оваа услуга главно се користи за трансфер на пари, локални плаќања и банкарски услуги.
Обликување одржливи градови
Клучен дел од посветеноста на Ериксон за создавање одржливи градови е придонесот за одржливи градски проекти. Еве две иницијативи во кои Ериксон ги поддржува локалните власти во создавање долгорочни решенија за социјалните, економските и еколошките предизвици.
Кралското пристаниште во Стокхолм – До 2030 година, Кралското пристаниште во Стокхолм, Шведска ќе обезбеди 10.000 домови и 30.000 работни простории со идниот меѓународен модел за урбан развој, преку користење инфраструктура што паметно и ефикасно ги користи климатските услови.
Откако ќе се финализира, кралското пристаниште Стокхолм нема воопшто да користи фосилни горива и ќе биде поволен за климатските услови; приспособен на климатските промени, а ќе има и високи цели за животната средина и одржливоста во сите сектори. Првите жители се вселија на крајот од 2012 година.
Улогата на Ериксон е главен партнер на Кралското пристаниште во Стокхолм за иновации, јавно-приватно партнерство за одржливи градови. Првиот чекор беше да се направи попаметна основната ИКТ инфраструктура во областа, првично фокусирајќи се на енергијата. Ериксон го предводи ИКТ аспектот на развојот на урбаната паметна мрежа (Urban Smart Grid) во Кралското пристаниште во Стокхолм, кое, пак, го управува комуналното претпријатие Фортум.
Ериксон исто така води пред-студија за управување со мобилноста, чија цел е да се види како да се оптимизира и замени патувањето и транспортот во областа . Употребата на електрични возила и нови бизнис модели се областите кои се разгледуваат.
Друг главен придонес е овозможување на комуникација во основната паметна мрежа. Намерата е да се развие одржлив електроенергетски систем кој ќе биде платформа за нов бизнис и однесување на потрошувачите. Ќе овозможи поврзување на домови, броила, згради, возила и пристаништа.
Основната ИКТ инфраструктура ќе ја формира основата на интегрирана платформа на која може да се градат паметни апликации. Таквите апликации може да вклучуваат градски системи за управување и паметно улично осветлување, како и транспортни, образовни и здравствени услуги.
Првиот Дигитален град на Субсахарска Африка – Во Јоханесбург, Јужна Африка, Ериксон ја обезбедува мрежната и систематската интеграција со мрежа со оптички влакна од следната генерација, како и стратешко советување со цел да му помогне на градот да ја достигне својата Стратегија за раст и развој до 2040 година, започнато во 2011 година.
Стратегијата е водена од потребата за подобрување на образованието, економскиот раст и одржливоста. Преку приспособени апликации, потрошувачите и бизнисите можат да ги искористат предностите на новата поврзаност.
Кога ќе се заврши, што ќе биде кон крајот на оваа година, мрежата ќе ги покрие сите осум региони во Јоханесбург, обезбедувајќи широкопојасни технологии во градските канцеларии и овозможувајќи различни решенија во образованието и здравјето и во други области за понатамошен социо-економски развој.
Проектот ќе помогне да се надминат дигиталните разлики, затворање на јазот во поврзувањето помеѓу богатите и сиромашните во градот. Разновидниот спектар на услуги поддржани од широкопојасниот интернет со голема брзина ќе го направи Јоханесбург првиот вистински дигитален град во Субсахарска Африка.
БЕЛЕШКИ ЗА УРЕДНИЦИТЕ
SMARTer2020: https://gesi.org/SMARTer2020
Широкопојасен мост, поврзување на ИКТ со климатски дејствија за економија со ниски емисии на јаглерод: https://www.broadbandcommission.org/Documents/Climate/BD-bbcomm-climate.pdf
Трансформативната улога на ИКТ: https://www.ericsson.com/thecompany/sustainability_corporateresponsibility/enabling_a_low_carbon_economy/research_and_standardization https://www.ericsson.com/thecompany/sustainability_corporateresponsibility/enabling_a_low_carbon_economy/networked_society_cities_index
Фондација Нови градови (New Cities Foundation): https://www.ericsson.com/thecompany/sustainability_corporateresponsibility/enabling_a_low_carbon_economy/new_cities_foundation
СимбиоГрад (SymbioCity): https://www.ericsson.com/thecompany/sustainability_corporateresponsibility/enabling_a_low_carbon_economy/symbiocity
Кралското пристаниште во Стокхолм (Stockholm Royal Seaport): https://www.ericsson.com/thecompany/sustainability_corporateresponsibility/enabling_a_low_carbon_economy/sthlm_royal_seaport
https://stockholmroyalseaport.com/innovation/rd-projects/smart-communication/
Дигитален град Јоханесбург: https://www.ericsson.com/thecompany/sustainability_corporateresponsibility/enabling_a_low_carbon_economy/sustainable_growth_path_in_johannesburg
Е-здравје Хрватска: https://www.ericsson.com/article/e-health_croatia_1633598732_c
Поврзани автобуси: https://www.ericsson.com/news/110117_buses_in_brazil_244188811_c https://www.ericsson.com/res/thecompany/docs/corporate-responsibility/2011/curibita_final.pdf
Паметно мерење (Smart metering): https://www.ericsson.com/article/acea_italy_1595655423_c https://www.ericsson.com/res/thecompany/docs/corporate-responsibility/2012/smart-metering.pdf
Владин предлог извештај: Точно мерење на емисиите: https://www.ericsson.com/news/130221-quantifying-emissions-right-a-holistic-approach-to-assessing-the-climate-positive-effects-of-ict_244129229_c
Преземете фотографии со висока резолуција и видео со квалитет за емитување на: www.ericsson.com/press
Ериксон е светски водечки снабдувач на комуникациска технологија и услуги. Ние на мрежното општество му нудиме ефикасни решенија во реално време, кои им овозможуваат на луѓето да учат, да работат и да живеат послободно, во одржливи општества ширум светот.
Нашата понуда се состои од услуги, софтвер и инфраструктура во рамките на информатичката и комуникациската технологија за телекомуникациски оператори и други индустрии. Денес, 40 проценти од мобилниот сообраќај во светот поминува низ мрежи на Ериксон, а ние ги поддржуваме мрежите на потрошувачи кои опслужуваат повеќе од 2,5 милијарди претплатници.
Броиме преку 110.000 луѓе кои работат со клиенти во повеќе од 180 земји. Основани во 1876 година, Ериксон има седиште во Стокхолм, Шведска. Во 2012 година, нето-продажбата на компанијата изнесуваше 227,8 милијарди шведски круни (33,8 милијарди долари). Ериксон е котирана на NASDAQ OMX, Стокхолм и NASDAQ, Њујоршки берзи.
https://twitter.com/Ericssonsustain
www.facebook.com/technologyforgood
ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ, ОБРАТЕТЕ СЕ ДО
Сектор за деловни комуникации, Ericsson
Телефон: +46 10 719 69 92