fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
sostojba so povrsinskite vodi 1

Состојба со површинските води

Европска агенција за заштита на природата, 2018 г.

Квалитетот на водата во реките во цела Европа значително се има подобрено благодарение на серија од ЕУ директиви за животна средина кои беа донесени во периодот од 1970-тите години досега.

sostojba so povrsinskite vodi

Сепак, притисокот од земјоделството, урбанизацијата, туризмот и климатските промени упатуваат на тоа дека гарантирањето на квалитетот на водата и понатаму ќе биде суштинско прашање за животната средина во Европа.

Квалитетот на водата е сложено прашање на кое влијаат разни притисоци и повеќе фактори, како и причинско-последични односи. Едноставно е да се забележи река која е во совршена состојба и која не е загадена, како тече низ пејзаж кој не бил видоизменет, но од друга страна многу е потешко да се забележи начинот на кој активностите на човекот го имаат изменето и деградирано квалитетот на таа вода. Во таа смисла, правењето проценка на тоа колкава е штетата и каков е напредокот во насока на опоравување, не е едноставна задача.

Вообичаено е квалитетот на водата да се определува според биолошки и хемиски параметри. На пример, индикатори кои најчесто се користат за да се процени количеството на органско загадување во реките кои го троши кислородот во водата се концентрациите на амониум и биохемиската побарувачка за кислород (BOD). Притоа, едноставните статистички параметри можат лесно да нè наведат на погрешен заклучок затоа што појдовните природни услови на реките знаат значително да се разликуваат, па во таа смисла се прават напори да се прават пошироки проценки на биолошката и еколошката здравствена состојба. Рамковната директива за води има за цел да доведе до поволен еколошки и хемиски статус на сите водни тела во Европа до 2015 година.

Загадувањето може да има многу форми. Загадувањето со фекалии од канализационата мрежа прави водата естетски да биде непријатна и да биде небезбедна за рекреативни активности, како што се пливање, возење чамец или риболов. Голем број на органски загадувачи, меѓу кои се и ефлуентите од канализацијата како и отпадот од преработката на храна и од фармите го трошат кислородот во водата што доведува до задушување на рибите и на другите акватичен организми.

Хранливите материи (нутриенти), како што се нитратите и фосфатите кои потекнуваат од вештачките ѓубрива од фармите и од детергентите кои се користат во домаќинствата можат да влијаат премногу поттикнувачки на водата и да поттикнат раст на големи колонии алги, од кои некои можат да бидат и отровни. Кога алгата умира таа потонува на дното, се разложува, троши кислород и штетно влијае на екосистемите.

Пестицидите и лековите кои се користат во ветерината а кои потекнуваат од фармите и хемиските загадувачи, вклучувајќи тука одредени индустриски хемикалии и тешко метали, можат исто така да претставуваат закана за живиот свет и за здравјето на луѓето. Некои од нив го оштетуваат хормоналниот систем на рибите и предизвикуваат феминизација.

Измивањето на седиментите од копното може да ја замати водата, да ја блокира сончевата светлина и, како резултат на тоа, да го убие живиот свет. Наводнувањето, особено кога се прави на несоодветен начин, може да доведе до приливи на сол, хранливи материи и на други загадувачи од почвата во водата. Сите овие загадувачи исто така можат да направат водата да биде несоодветна и за пиење.

Еколошкиот квалитет и квалитетот на водата исто така е под влијание на физичкото управување со реките и пошироката хидролошка средина на речниот басен. Правењето канали, изградбата на брани, управувањето со бреговите на реките и другите промени на хидролошкиот тек можат да ги попречат природните живеалишта, како што е вегетацијата крај бреговите на реките. Тие исто така ги уништуваат и ситните камчиња каде се мрестат лососот и другите риби. Исто така е можно да дојде и до промени во сезонските текови на реките а кои се од суштинска важност за многу видови, како и промена во поврзаноста помеѓу живеалиштата; многу важен фактор за функционирање на акватичните екосистеми и за развој на разните животни фази на акватичните организми. Во урбаните агломерации, водата од врнежите која со себе го носи загадувањето улиците и покривите е можно да придонесува кон загадувањето на водата ако биде испуштена директно во водните тела.

Сподели