Катастрофа на Маркова река
На местото каде спокојството го нарушувале само рибарите и љубителите на природата, шумот на Маркова река го замени бучавата на машините, а видикот го затвора машинска зграда. Коритото е веќе бетонирано. Екологисти укажуваат дека со изградбата на мали хидроелектрани се уништува природниот тек на реката и рибниот фонд.
Прочитајте ја целата приказна „Мали хидроелектрани – непроценливи штети и сладок профит“
Нашето истражување покажа дека државата нема капацитет за соодветна контрола на изградбата и работењето на малите хидроелектрани, како и дека лошата регулатива дозволува системско уништување на живиот свет.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинарка: Соња Петрушевска
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажер: Ристе Душковси
Повеќе на темата:
Тајна е колку пари им се исплаќаат на сопствениците на мали хидроцентрали
Мали хидроцентрали, големи тајни
Никој не ги мери штетите од малите хидроелектрани
Кочани со референдум против малите хидроцентрали
Бизнис против природата, Турско Рудари против државата
Неосновано кријат колку наши пари им се исплаќаат на малите хидроцентрали
Од Белица до Пехчево: Речната пастрмка исчезнува, турбините вртат