Гордана Јанакиевска
Стручен советник за екотуризам

Пандемијата не научи дека природата може и без нас, па дури и е подобро. Македонија треба да извлече поука колку воздухот и природата ни дадоа лекција и колку треба во иднина да го почитуваме тоа. Природата може без нас, но ние не можеме без природа, слобода на движење и почит кон себе и другите за да поубаво го поминеме животот кој е пред нас.

Лично, имав можност додека работев како советник за туризам во Јасен да ја осознаам богатата ендемичност на тој предел, а подоцна да Македонија ја гледам со други очи и природата стана дел од мене. Мислам дека не сме свесни колку сме богати со природата што ја имаме и дека биодиверзитетот може да биде доходовна туристичка гранка која е во подем во светот.

Ако стратешки се определиме за долгорочна и паметна стратегија на одржување и учење на тоа што го имаме, ќе добиеме подобра свесност и ќе знаеме како тоа паметно го искористиме. Соработката на сите засегнати страни во долгорочна стратегија може да има добри резултати. Стратегијата треба да ја почувствуваат сите и да ја доживеат како можност за бенифит. Имам лошо искуство со споменикот на природа Матка каде резултатите на сочувување на овој препознатлив предел во светски рамки е сведен на тоа да во најскоро време нема да има услови ниту да го задржи статусот на предел кој има непроценливи вредности кои треба да бидат основ за посета на тој простор се претвори во едно панаѓурско место за поединци и нивно стопанисување со тој простор.