
„Чушки“ и „френки“ зачинети со отпад во струмичко
28 декември 2018
Техносфера
Прегледи: 236
Секое населено место во струмичко има барем по една дива депонија. Во тоа се увери нашата екипа која на терен „улови“ различни видови отпад фрлени веднаш до полињата на кои се одгледуваат земјоделски култури. Агрономи укажуваат дека дивите депонии ја загадуваат почвата и штетно влијаат врз земјоделското производство.
Освен тоа, тие често се опожаруваат што предизвикува неподнослива смрдеа во домовите на населението и придонесува кон загадување на воздухот. Со години се чека на институционално решавање на овој проблем, а заштитата на природната средина е оставена на граѓаните, од кои голем број се уште не се еколошки освестени.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии
Новинар: Сузана Мицева
Снимател: Кире Пиличев