За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo

Најзагадената река во Европа

Ова е устието на реката Ишми, кое се наоѓа во близина на ‘ртот Родон на Јадранското море.

Пар ужива на валканата плажа.

Според податоците на „River Cleanup”, Ишми се смета за една од 1.000-те најзагадени реки на Земјата, која секоја година во морето внесува околу 700.000 килограми пластика како урбан отпад.

Плажата на Ишми е секогаш полна со пластика.

Сливот на оваа река го опфаќа населението од Тирана, како главен град на Албанија, како и населението од неколку други помали градови. Тирана сè уште нема интегриран систем за управување со урбаниот отпад. Не постои селектирање на отпадот на самиот извор. Процесот на рециклирање се прави во многу неформални услови. Комуналните служби за собирање отпад не се толку ефикасни во периферните населби а во некои села има недостаток на контејнери за отпад. Во таа смисла, голем дел од пластиката кој потекнува од градовите и од тамошната потрошувачка завршува во реката Ишми и во нејзините притоки, со што овие брегови се претвораат во „официјални депонии“ на урбан отпад.

Пластичните шишиња стануваат заштитен знак на овој дел од Јадранот.

Големата концентрација на тешки метали (Cd; Pb; NO2; Zn), главно поради неконтролираната индустриска активност по должината на бреговите, штетно влијае на биодиверзитетот во реката и го загрозува здравјето на жителите.

Шпетим Дочи – локален риболовец што целиот свој живот го поминал на овие брегови и денес вредно се грижи за своите мрежи.

Поради физичките карактеристики на наклонот, реките во Албанија се брзи и со голема содржина на вода, што овозможува отпадот релативно брзо да патува кон морскиот брег. Целото ова загадување потоа се пренесува во други европски земји, како што се Црна Гора и Хрватска.

Виктор Чака – сеуште лови со „чикeз“ традиционална метода за риболовење.

На фотографиите можете да видите дека недостатокот на контрола од страна на властите и лошото управување со урбаниот третман на отпадот доведува до еколошка катастрофа која ги загадува не само бреговите на Албанија туку и бреговите на другите балкански земји.

Устието на реката Имши, годишно носи околу 730.000кг пластика.
Туризам во пластика.

Уште полошо, присуството на пластиката се смета како нормална работа за рибарите и за многубројните посетители кои честопати го посетуваат до пред некое време чистото јадранско крајбрежје.

Отпад од сите форми.

Автор на текст и фотографија: Артан Рама (Албанија)

Сподели
samo-prasaj_gif-3