За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo

Низ планинарските патеки на Скопска Црна Гора

Скопска Црна Гора е планински масив кој географски е најблизок на градот Скопје и се наоѓа на самиот раб од Скопската Котлина. И покрај тоа што, е блиску до Скопје сепак е релативно непознат и послабо посетен од туристите и љубителите на планинарските спортови. Скопска Црна Гора е средно висока планина, која се протега помеѓу Кумановската котлина на исток, Скопската котлина на југ и реката Лепенец на запад. На север, помал дел од неа продолжува кон Косово и кон Србија. Планината е карактеристична по долгите планински била и ограноци, заоблени и делумно каменливи врвови со повеќе длабоки долини помеѓу нив. Највисок врв на Скопска Црна Гора е Рамно со 1651 м височина.

На планината има неколку планинарски патеки кои нудат можност да се посетата големиот број на цркви и манастири, да се разгледаат природните реткости на планината и да се ужива во панорамскиот поглед кон Скопската Котлина. За сега постојат околу 12 маркирани планинарски патеки кои водат од селата во подножјето на планината кон билото и врвовите.

Патеката ,,Костените” води од атарот на селото Љубанци, преку густата букова шума и покрај Мала Река до местото викано Костените во близина на врвот Црн Камен. Инаку Мала Река заедно со реките Побошка, Турчевска, Љубанска и Љуботенска ја формираат Раштанската Река, која е дел од притоките на Вардар. Патеката е добро маркирана, но некои делови оштетена од пролетните порој кои на некои делови насобрале почвени наноси. Веднаш по излезот од селото Љубанци веднаш може да се забележи огромно количество на цврст и кабаст отпад кој го следи малиот локален пат што води кон манастирот Св. Никола. Дел од отпадот со гравитацијата завршува во течението на Мала Река која во овој дел формира мали каскади и слапови. Сето ова сериозно ја нарушува природноста на овој дел од патеката.

На падините над селото може да се забележи забрзана урбанизација и развој на инфраструктурата. Се пробиваат и нови патишта низ планинските долови со цел да се поврзат новите мали викенд населби со селото. Иако овој дел е катастарски уреден, сепак начинот и методи кои се употребуваат за градење на овие објекти влијае на пејзажот и релјефот.

Од повисоките делови на патеката се забележуваат голи делови од шумата, како и појава на интензивна ерозија како резултат од сечата. Според Валоризација на геовредностите на Скопска Црна Гора поради поволните природни карактеристики (стрмни наклони на теренот, слабо отпорен геолошки состав, погодни климатски одлики), како и неповолното влијание на човекот во минатото и денес, Скопска Црна Гора е изложена на силни ерозивни процеси. Во поројните сливови водата од врнежите речиси воопшто не се задржува, туку се концентрира во помали или поголеми млазеви кон подножјето, формирајќи се поголем пороен водотек. Ова најдобро може да се забележи на северо-источната граница на селото Љубанци каде од ерозија не само што се губат огромни количество на почва од долот, туку ерозијата полека ги уништува и земјоделските површини и насади.

Според досегашните истражувања, Скопска Црна Гора крие многу геолошки и биолошки вредности кои треба да се заштитат, но сѐ уште нема план за заштита на некој дел или локалитет на планината. Во Студијата за валоризација се предложени неколку геолошки локалитети кои се значајни за националниот геолошки диверзитет.
Во меѓувреме, Скопска Црна Горда останува релативно слабо посетена планина со голем потенцијал.

Сподели