fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo

Писмо од уредникот: Лексикон на природата 2020

kiril przo 200x250 1До крајот на оваа 2020-тата година остануваат уште буквално неколку часа, а светот со тапкање и нетрпеливост, чека оваа година да замине во историја, заедно со сите промени кои ги донесе. Иако календарот, датумите, месеците, деновите и минутите се ништо друго освен човекова перцепцијата на времето и просторот и иако во природата, 1-ви јануари, не значи ништо, но за многу култури и држави кои се раководат според Грегоријанскиот календар, овој ден означува нов почеток.
Оваа години, сите жители на планетата Земја ќе ја запаметат како година во која човештвото се соочи со историски настан – втората светска пандемија во 21-век, предизвика од најпопуларниот жив организам оваа годината вирусот корона-19.
Но, што се случуваше со нашата планета, живиот свет и со нас оваа година. Како би изгледал лексиконот на природата 2020?

Човековата популација

Во третата декада од 21-виот век, човештвото влегува со најголема бројност во природната историја на нашиот вид. Денес, околу 7.8 милијарди луѓе ја населуваат планетата Земја. Се претпоставува дека со ова темпо, на Земјата ќе живеат речиси 10 милијарди жители до 2050. Ова се гигантски чекори во бројноста на популацијата, споредено со било кој период досега. Суб-Сахараскиот дел на Африка го прави овој континент најбрзо растечки во светот, додека со исто темпо бројот на жители на Европа молскавично се намалува, а жителството старее. Ова нагло зголемување на популацијата низ светот, претставува дополнителен и огромен товар врз раководењето со природните ресурси и сериозно ја загрозува иднината на следните генерации. Во последните 50 години, ние сме употребиле повеќе ресурси отколку целото човештво пред нас. Сето ова е огромен еколошки притисок врз природата, а решенијата се сериозно преплетени со нашите културни, историски и религиозни карактеристики.

Живиот свет

Во 2020 година, живиот свет, целата светска биолошка развовидност се наоѓа на колена, на работ од пропастот. Постојаното и активно уништување на екосистемите, видовите и живеалиштата – доведува до целосен распад на еколошките синџири и пирамиди, а со тоа и колапс на планетарниот екосистем. Природните катастрофи во првиот квартал на годината, како и засилените ефекти на климатските промени ги туркаат живите организми кон исчезнување. Според Светскиот извештај за состојба со биодиверзитет и екосистемски политики, биолошката развовидност се соочува со огромна опасност и само заедничка и итна акција на сите фактори, може да дадат малку шанса за видовите. Во извештајот на Меѓународниот сојуз за заштита на природата за 2020 години, се наведува дека дури 35000 видови се наоѓаат пред исчезнување, а само оваа година 31 вид се прогласени за исчезнати.

Планетата Земја

Оваа година, на површината на планетата се случија рекорден број на еколошки и природни катастрофи, а дел од нив оставија трајни последици на екосистеми, релјефот и заедниците. Оваа година влегува во историјата како една од најтоплите. Екстремните топлотни бранови, предизвикаа суши, временски непогоди, а невобичаените топли лета, почнаа да го топат Артикот со рекордна брзина. Оваа години, Земјата гореше на 4 континенти паралелно. Огромни шумски пожари ги зафатија Северна Америка, Азија и катастрофалните пожари во Австралија. Пожарите предизвикани од човечки фактор во дождовните шуми во Бразил, засекогаш ќе го променат изгледот на можеби најважниот екосистем на Земјата. Оваа година ќе остане како рекордна по бројот на тропски бури, тајфуни, урагани, торнада, поплави и суши.

Животот на нашата планета од оваа година и официјално е соочен со најголемата опасност – климатските промени. Во годините што ќе доаѓаат, сите научни претпоставки и црни сценарија се повеќе делуваат дека ќе може да се остварат.

Македонија 🇲🇰

Во нашата држава, од оваа година стана повеќе од јасно – дека економскиот развој, индустријата и инфраструктурата имаат огромна предност пред заштита на животната средина. Иако оваа година, мрежата на заштитени природни подрачја се зголеми, сепак ова е речиси немарно во однос на бројот на концесии за рудници, ископи и сепарации што државата ги има доделено. За прв пат во историјата, Владата ја претстави заштита на животната средина како владин, но не и државен приоритет, но ова нема да значи ништо доколку ситуацијата остане на овој статус. До, сега речиси сите значајни успеси во животната средина остануваат финансирани и подржани исклучиво од странски подржувачи и донации, што говори за посветеноста на државата кон ова. Оваа година проблемите со Охрид не се решија, напротив значајно зголемија. Преспанското Езеро е на прагот од своето исчезнување. Шара се уште не е прогласена за национален парк, додека малите хидроцентрали се пробиваат по нејзините падини.

Дома cropped DOMA FAV ICO

Оваа години, редакцијата на ДОМА посветено и внимателно известуваше, информираше и едуцираше за животната средина во Македонија. Патувавме, снимавме, фотографиравме и пишуваваме и за национоалните, но и за регионалните и светските еколошки проблеми. Се обидувавме секој камен по кои се кријат тајните да го префлиме и откриеме. За нас не постои физичка, административна или имагинарна пречка до нашата цел. Нашата цел е многу едноставна – подобра животна средина за сите жители на државата и планетата.

Од името на нашата редакција, Институтот за комуникациски студии и од мене,

Среќна Нова Година!

Кирил Арсовски Пржо, уредник

Сподели