Живееме во време на неверојатен научен и индустриски напредок. Може да се каже дека светот никогаш не видел вака интелегентен човек. Како цивилизација сме способни да ги натераме бактериите да произведуваат лекови за нас, способни сме да ги измериме условите кои владеат на другите планети, па дури и почнавме да правиме трансплатации на човечки глави, нешто што до скоро се чинеше како некоја далечна мисија, можеби и недостижна иднина. Но, дали сме способни да обезбедиме одржлив живот на нашата планета, а притоа да ги задоволиме сите наши потреби?

На прв поглед би се реколо дека модерниот човек живее во многу уреден систем, тежнеејќи за напредок и позитивни промени. Но, ако се осврнеме кон нашите реки, ситуацијата ни кажува нешто сосема поинаку. Секоја година фрламе тони и тони отпадок во нашите водотеци, кои подоцна ги користиме како извор за вода за нашите потреби.

Ако не ја гледаме ситуацијата од антропоцентричен аспект, каде човекот е идинственото суштество што е важно, ќе приметиме дека живиот свет во тие реки е нарушен. Голем број на видови во водените екосистеми умираат како последица на загадување на водите. Ако навлеземе во морските длабочини, ќе запливаме во јато од тракторски или автомобилски гуми. Зарем не е чудно што пластичниот отпад во светските океани формира остров  три пати поголем од територијата на Франција? Да би била ситуацијата уште полоша, ова не е се. Би нашле и голем број на фрлени детски играчки, различни пластични пакувања и секако ,,омилената” храна на морските желки – пластични ќеси.  Зар не е тажно што секој ден се наоѓа по некое мртво животно кое настрадало зошто по грешка голтнало пластична ќеса мислејќи дека е храна? Сега, да испловиме на површината на прекрасните песочни плажи и да рагледаме околу нас. Доколку плажата не е дел од некој луксузен хотел или град па поради тоа да е уредена и чиста, ќе видиме огромен број на пластични капачиња, сламки, издувани балони и секако повторно пластични ќеси.

Plastika simbiont ili komensalist

Загрижувачки е податокот дека многу морски птици барајќи храна – ракови, голтнуваат пластично капаче кое под сончевата светлина сјае исто како грбот на раковите. Секако исходот на овој ,,оброк” е ист како оној со пластичните ќеси – смртоносен. Да не спомнуваме и колкав е бројот на морски желки со деформиран оклоп зошто се заглавиле во некои пластични мрежи и пакувања...

Бројот на видови на планетата се проценува на 3-10 милиони. Што мислите, колкав е бројот на видови кои страдаат од пластичниот отпад? Токму 3 до 10 милиони. Ако сите овие работи ги гледаме од друг агол, ќе сфатиме дека загадувањето со пластика, чука и на нашата врата. Денес, веќе не можеме да купиме риба во која нема трагови од микропластика во себе. Не сме ни свесни за микропластиката што ја создаваме секој ден, перејќи алишта што не се од природни материјали и испуштајќи ја таа вода слободно во реките. Дали е човекот толку заслепено суштество што не може да го забележи злото се дур не дојде во неговиот двор? Дали децата треба да почнат да умираат со стомаци полни со пластика за да сфатиме колку всушност е алармантна ситуацијата за да реагираме.

Каде е свеста на оној напреден човек  што прави позитивни промени и кој го овозможил се она што имаме денес? Што би рекле за ова големите умови, кои историјата ги памти и чии име и денес со гордост се спомнува? Најверојатно би се срамели и покајеле што се обидувале да создадат подобро утре. Во кој момент, кога, престанавме да мислиме за општо добро и почнавме да гледаме исклучиво за себе? Умееме ли воопшто да сочуствуваме со суштества кои не се исклучиво луѓе, а кои секојдневно умираат и изумираат? Или можеби никогаш сме биле алтруисти? Хобс сметал дека човекот раѓа зло. Ако ова го прифаќаме како такво, тогаш дали и воопшто има надеж? Време е да се запрашеме каде тргнавме...

Автор: Сања Николиќ,

Научно истражувачко друштво на студенти по биологија и екологија ,,Јосиф Панчич” - Нови Сад