На Преспанското Езеро веќе му се гледаат ребрата – велат локалните жители. Иако езерото последните децении во повеќе наврати се повлекувало, вака не било одамна. Појасите со трска што ги обколуваа преспанските плажи се одамна на суво, а пристаништето и платформите од крајбрежните ресторани се дури неколку метри од водата. Со месеци, водата во Преспанското Езеро постојано исчезнува, а нивото на водата опаѓа. Бреговата линија не некои места е повлечена и до 100-тина метри.

Преспанско езеро – вредно природно наследство

Преспанското Езеро влегува во категоријата на најстарите сочувани тектонски езера во светот. Со приближна површина од повеќе од 17 илјади хектари е класифицирано како Споменик на природата поради значењето што го има за одржувањето на видови животни во него. Езерото е на листата на најважни орнитолошки локалитети во Европа, како и на најважни водни живеалишта во светот. Прогласено е за важен воден екосистем според Рамсарската Конвенција во 1995 година, токму поради големиот број на ретки и загрозени видови птици. Геоморфолошки, ова езеро со своето сливно подрачје, е карактеристично и поради тоа што е целосно оградено со високи планини, а неговото празнење се одвива преку карстната област на Галичица преку која подземно истекува кон Охридското Езеро.

  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-1
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-2
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-3
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-4
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-1
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-2
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-3
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-4

Нешто се случува со климата

Како што ефектите на климатските промени врз природата ни стануват се појасни со времето, така се открива и нивното влијание врз езерските екосистеми. Во последните години забележуваме рекордно високи температури на воздухот, а зимата 2019-2020 г. останува забележана како една од најтоплата откако се мери температурата, а Македонија е регионот кој бележи сушни периоди со минимален воден талог во текот на годината.

Според истражувањата спроведени во Канада, промената на температурата на воздухот и намалените дождови директно влијаат врз физичките, хемиските и биолошките каректеристики на езерата, но, исто така индиректно влијаат и на притоките и на природните извори, а се создава и ерозија на почвата. Но, освен на самото количество на вода во езерата и нејзиниот хемиски и биолошки квалитет, според биолошките анализи, климатските промени ќе влијаат и врз живиот свет во и околу езерата, со што ќе се наруши синџирот на исхрана, а дополнително ќе се влоши квалитетот на водата. Намалувањето на водниот столб, носи до еутрофикација. Тоа значи дека хранливите состојки во водата ќе се зголемат, водата ќе се заматува и позеленува, а на дното на езерото ќе се намалува количеството на кислород. Тоа значи дека ќе се намали рибниот фонд што води на намалување на популацијата на водни птици кои се хранат со тие риби. Дојранското Езеро е високо еутрофно езеро, а со последните случувања Преспанското Езеро се ближи кон таа категорија. Бавното претворање на езерото во мочурлив екосистем создава услови за размножување на комарци и други вектори на заболување. Во блиската иднина, затоплената вода низ езерото ќе претставува одлична можност за појава и ширење на инвазивни видови кои имаат поголема отпорност кон високите температури во споредба со автохтоните видови.

  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-5
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-6
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-7
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-8
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-5
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-6
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-7
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-8

Ни човекот не помага

За драстичното намалување на нивото на водата, освен климатските услови и врнежите од дожд и снег, влијание имаат и намаленото ниво на реките на Пелистер и нивното искористување за хидроцентралите кои се изградени во овој Национален парк. Дел од овие мали проточни хидроцентрали се градат, а дел се во фаза на градење и секако ништо од ова не помага со состојбата со водата во езерото.

Истражувањата кои беа направени во последните години на квалитетот на водата покажаа и зголемено ниво на нутриенти кои се внесуваа во езерото, пред се поради големата концентрација на ѓубриво и пестициди при одгледувањето на земјоделските површини. Сите овие загадувачи со текот на времето преку хидрауличните сили завршуваат во Охридското Езеро со што каскадно од Преспа проблемот се префрла во Охрид. Доколку не се спречи исчезнувањето на Преспанското Езеро, освен што ќе добиеме втор Дојран, Охридското Езеро ќе стане втора Преспа.

  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-10
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-11
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-12
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-9
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-10
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-11
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-12
  • Prespanskoto-ezero-klimatskite-promeni-i-coveckata-negriza-na-delo-9

Фотограф: Томислав Георгиев