Во последните месеци се поактуелна е темата за забрана на пластичните ќеси или зголемување на нивната цена по маркетите и пазарите. Во јануарскиот #Екометар ги прашавме граѓаните дали би поддржале забрана за употреба на пластични ќеси во малопрожбата. На нашето прашање одговорија 4000 испитаници од кои дури 93,4% ја подржуваат забраната, а само 5,5% се против. Во меѓувреме дебатата околу употребата на пластичните ќеси продолжува, со надеж дека ќе се официјализира со нов закон за контрола на продажба на пластични ќеси.

Dali bi poddrzale zabrana za upotreba na plasticni kesi vo maloprodazba