Селото Казандол e одалечено 7 километри јужно од градот Валандово, во областа Бојмија на надморска висина од 500 метри. Селото има умерена пријатна планинска клима невообичаена за жешкото југоисточно поднебје на Македонија.

Името Казандол потекнува од два турски збора: Кизил- доган, Kizildogan, кзил - (црвен, црвеникав, румен,), и dol-dolu, што значи полно, многу го има, во изобилство, а се мисли на бакарната руда што ја има околу селото. Токму ова - рудата, односно изградбата на нов рудник ќе беше почетокот на крајот на мирниот живот на граѓаните во ова мало село во македонската долина Напа.

Во 2015 година, Владата на РМ најави рудник во локалитетот Казандол, од каде ќе се вади бакар, сребро и злато. Министерството за економија го потпиша договорот за концесија со англиско-украинската компанија Сарадич која требаше да инвестира вкупно 250 милиони евра и да вработи 250 луѓе.

За кратко, по најавата за изградбата, локалното население преку граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ побара да се стопира изградбата на рудникот и ги повикаа граѓаните на Oпштина Валандово да се изјаснат дали е потребен ваков капацитет на километар воздушна линија од градот. За оваа цел се организираше и референдум, кој и покрај активната кампања на инцијативата и големиот јавен притисок не успеа. На денот на гласењето немаше доволен цензус. Со доаѓањето на новата Влада, случајот Казандол беше предаден на Јавното обвинетелството, а во март оваа година, Владата од еднострано го раскина договорот со инвеститорот.

Денес, животот на луѓето во ова мало село тече неизменето. Децата ги поминуваат летните топли денови низ селските ливади, додека возрасните се низ полињата во Валандовското поле. Граѓаните се среќни што овој пат правдата и правото на здрава средина им помогна да го зачуваат својот начин на живот. Инсталациите на рудникот се уште стојат и последиците врз теренот од пробните ископини се уште може да се видат, но тоа не е ништо во споредба со еколошката катастрофа што можеше засекогаш да го измени овој дел на Македонија познат по своите земјоделски производи.

  • kazandol-denes-spasen-od-rudnikot-1
    Поглед од селото кон Валандово
  • kazandol-denes-spasen-od-rudnikot-2
    Поглед кон Валандовско Поле
  • kazandol-denes-spasen-od-rudnikot-3
    Рударски погони стојат затворени
  • kazandol-denes-spasen-od-rudnikot-4
    Остатоци од не отворениот рудник
  • kazandol-denes-spasen-od-rudnikot-5
    Последици од првичните површински ископи
  • kazandol-denes-spasen-od-rudnikot-6
    Највредното богатство е спасено
  • kazandol-denes-spasen-od-rudnikot-1
  • kazandol-denes-spasen-od-rudnikot-2
  • kazandol-denes-spasen-od-rudnikot-3
  • kazandol-denes-spasen-od-rudnikot-4
  • kazandol-denes-spasen-od-rudnikot-5
  • kazandol-denes-spasen-od-rudnikot-6