Битолчани се гушат чекајќи топлификација и гасификација
Битола е еден од градови во Македонија со најголемо загадување на воздухот, а според државните статистики го има и „црниот рекорд“ по бројот на лица со малигни неоплазми. Битолчани за време грејната сезона се молат за ветер и дожд за да го растераат отровниот облак над градот. Граѓаните со години чекаат да се реализираат ветувањата за топлификација и гасификација, коишто значително можат да придонесат кон намалување на загадувањето.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинар: Катерина Топалова
Снимател: Сашо Доковски
Монтажа: Борче Крстевски