Куманово три чекори напред, шест назад во борбата со аерозагадувањето
Зимата повторно го актуелизираше проблемот со загадувањето на воздухот. Во првата епизода од серијалот „Загадени градови“ ги претставуваме причините за аерозагадувањето во Куманово и главните пречки за справување со овој проблем. Една од нив е што сè уште се користат мазут и дрва за затоплување на институциите и домовите. Енормното зголемување на цените на природниот гас ги одвраќа институциите, но и субјектите од приватниот сектор да прејдат кон овој енергенс.
Оваа содржина ја подготви Институтот за комуникациски студии
Новинарка: Катерина Топалова
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажер: Борче Крстевски