„Не биди ѓубре“ го чисти Скопје
Граѓани на кои им е преку глава од валкани улици и расфрлан отпад, ги зедоа метлите во свои раце. Секој викенд на Фејсбук групата Не биди ѓубре се најавува локацијата за чистење низ Скопје. Досега се чистеше во дворот на Клинички центар, платото пред Универзална сала, кај Соборниот храм и уште неколку локации. Иницијаторката на оваа група, актерката Ирена Ристиќ вели дека агендата за септември е направена.
Пренесуваме дел од „чистката“ пред Универзална.
Видеото го направи Институтот за комуникациски студии во соработка со волонтерите од „Не биди ѓубре“