Општина Сарај го игнорира Шилегов и не ја руши дивоградбата на Матка
Дивопоставената метална платформа на Матка веќе е покриена со дрвени даски, а фирмата која изнајмува чамци за туристичка прошетка најавува дека налето ќе има кафуле. Инспекторите на Градот Скопје, под чија управа е кањонот, утврдиле дека инсталацијата е дивоградба и и дале насоки на општината Сарај да ја сруши оти таа е надлежна за тоа. Од сите консултирани институции, најнетранспаретна е општината Сарај која остана должна да одговори дали и кој дозволил да се гради на заштитеното подрачје кое потекнува од леденото доба.
Кањонот Матка е прогласен за споменик на природата и е заштитено подрачје од трета категорија. Тоа значи дека не се дозволени активности кои би ја загрозиле неговата автентичност. Во студија на УНДП од 2010 г. е наведено дека за заштитата на кањонот Матка се грижат 39 институции.
Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинарка: Марија Севриева
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажа: Ристе Душковски